9 епизоди од охридското летно секојдневие
ЈУЛИ 26, 2014 17:25
![](http://www.bezpardon.mk/wp-content/themes/komunikacija/scripts/timthumb.php?src=http://www.bezpardon.mk/wp-content/uploads/2014/07/mkd-139780.jpg&w=355&h=210&zc=1)
Категорија:
Македонија
(Нема гласови)
Објавено: јули 26, 2014 во 17:25
Вкупно: 70 прегледи
Автор:
БезПардон.Мк
![](http://www.bezpardon.mk/wp-content/uploads/2014/04/spodeli1.jpg)
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вчера свикал вонредна седница на Локалниот економски совет, тема: слабата туристичка сезона. Се собрале сите – и хотелиери и угостители и концесионери на плажи и новинари и политичари… и заклучиле дека слабата туристичка сезона е последица на „необјективните“ медиумски написи за превисоките цени и за недостатоците во туристичката понуда, кои го нарушиле имиџот на градот.
Тие дури и се согласиле дека цените на услугите во Охрид се прифатливи за секој џеб, и за домашните, и за странските гости.
Дали е баш така?
Редакцијата на МКД.МК досега не влегуваше во натпреварот на медиумите кој ќе објави поскандалозна фискална сметка од охридското крајбрежје. Ама по состанокот на вака високи претставници одговорни за туризмот во Охрид, сега ќе претставиме неколку епизоди од туристичкото секојдневие, раскажани во прво лице. Не е лошо на наредните состаноци на оваа групација високите охридски туристички функционери да го разгледаат и ова.
Епизода бр. 1
Сопственик на мало кафуле, кој со години работи во Охрид, а е од Скопје, решил да не менува ништо во однос на цените. Со години сум во Охрид, имам веќе редовни муштерии, нема зошто, е нормалната логика на секој нормален угостител. Недела-две по почетокот на сезоната бил посетен од група угостители од Охрид, оние со подебелите вратови, и бил предупреден да се придржува кон нивниот договор за цените…
Не е точно.Обично е обратно, тие од страна си носат некои свои цени.Точно е дека Охриѓаните ги држат цените на слично ниво ама преку цела година, а без врска е ова напишаново.
Епизода бр. 2
Гостин од Скопје само што се паркира под една од куќите во Лагадин во која планира да престојува, во првиот ред, најблиску до езерото. Уште нераспакуван, му се приближува човек и му бара 150 денари. Зошто? Па за паркинг и „гратис“ лежалка. Ни фискална каса, ни обележано паркинг-место, ни рампа, ни средена плажа…
Можда пред куќата е приватен имот.Ако не е, постојат инспекции, многу се фалат дека биле учинковити.
Епизода бр. 3
Уште некаде во април, група млади бизнисмени од Скопје одат во Охрид за да ги разгледаат можностите годинава да земат под концесија некоја од плажите. Разгледуваат така по крајбрежјето и пак, еден од оние со подебелите вратови, само поминува покрај нив, онака незаинтересирано и ги прашува:
-Шо прајте?
-Еве, разгледуваме да земеме плажа.
-Ааа, немојте.
-Зошто?
-Ќе имате проблеми со Климе.
-Кој е тој Климе?
-Јас сум.
Прво, плажите се земани барем со 6 месеци однапред (најчесто од ова за другото лето), а не во април или мај.
Друго, рекетарите се легални.Поделени се во сектори и одделенија.Вакви лоши улични филмој ни во Индија веќе не снимет.
Трето, муабетов е пишан како од третоодделенец со паднато второ.
Убаво друштво, на ручек кај Свети Наум, прекрасна атмосфера, вкусна храна, ама старо лепче.
-Келнер, ај те молам ова лепчево само фрли го малку на скара…
-Аааа, не можам, гужва е…
Келнерот не е скараџија.Можно е да им заменил леб.
Епизода бр. 5
Охрид, средина на јануари. Семинар во хотел. Единствени гости само учесниците на семинарот. Два дена без греење. Еве ја цистерната со мазут само што не дошла, нè лажеа со денови.
Уште една симпатична измислица.
Епизода бр. 6
Ресторан во Охрид. Вечер за натпревари од Лигата на шампиони. Празен ресторан, само на една маса седат двајца. Еден од нив посегинува по далечинскиот за да пушти фудбал на телевизорот. Келнерот, кој претходно немал ни погледнато во телевизорот, се развикува, си го грабнува далечинскиот и враќа на претходниот канал.
Каков е тој празен угостителски објект за време на Лига на шампиони и келнер шо нејќит да гледат ЛШ?Ќе го убијат гостите!
Епизода бр. 7
Јуни во Охрид. Полн со Холанѓани. Топло време, убаво, време е за пивце. Завршува уживанцијата, еден домашен гостин бара сметка. Домашниот гостин фрапиран од бројките на фискалната сметка – а келнерот мртов-ладен му одговара: Ќе ги вратиме нормалните цени кога ќе си замине групата од Холандија.
Епа баш за Европското имаше во секоја кафетерија Холанѓани и за нив важеа исти цени.Тие барем не се бунат и се понасмеани од сите други.
Епизода бр. 8
Три шанка еден до друг. На првиот шанк една пијачка чини 100 денари, на вториот шанк истата пијачка се продава за 200 денари, на третиот шанк за 250 денари. Утредента, наеднаш сите ги израмнуваат цените. На 250 денари.
Не е можно.Пиво од 100 на 250, виски, тост?Кој будала би купил?
Епизода бр. 9
Кај снабдувач на големо со пиво, кауција за 4 празни гајби чини 9.000 денари.
Дијазепами!
[/quote]
И за играорките во Света Софија.Општината нека си преземит мерки за вц-а.Никој не е должен 10 души да му мочет во вц-то ‘за доброто на градот‘.Зато гласавме градоначалник да се замарат со тие работи, а не да се сликат ко Мона Лиза.