Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Охриѓани никад не се криви. Не знаат тие што е тоа.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мишел Јузмески, туристички водич, писател, културен деец, за "Утрински весник" вели дека проблемот е многу сложен, но објаснувањето е просто.

- Охрид од "најромантичен град на Балканот" се претвори во огромна нефункционална населба од безлични купишта од бетон. Охрид е стара мома која ја изгуби својата привлечност и сега се чуди зошто никој не ја погледнува! Наместо паркови со зеленило, пешачки и велосипедски патеки, наместо музеи и галерии, наместо убави и привлечни фасади, се подигнаа купишта згради со станови во кои никој никогаш не живее. Трчајќи да фатат што повеќе туристи, охриѓани самите си ги избркаа, дијагностицира Јузмески. (В.М).
http://www.utrinski.mk/?ItemID=D7A893EDB1CD4B4F82AE799957FD52F1

Потпис
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.690
Приказниве шо ги прочитав на темава ќе можам на децата здравје боже пред спиење да ги раскажувам :) Каков Лешоски, каква Лајла, па мкд и либертас имаат писатели кои злато вредат. Уште да спомнеле дека кај јавните тоалети имало катинар кој се отворал со вметнување на 100 денари по човек, да е целосна приказнава... Па и реплики на газдите, па проблеми со Климе, ова е целосна приказна со заплет, кулминација и расплет. Дебели вратови, ама слаби џебови. :)
Како бе во еден викенд, во неполни 48 сати кои престојувате во Охрид успеваат олку случки да ви се десат? Па јас еве скоро 21 година сум во Охрид и пола неам од вашево доживеано.
Алал нека ви е секоја година се поинтересни приказни ваѓате, сигурно цела година ги мислите дури се гушите Скопје во магла.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
МКД пишува за случаеви во Јануари,Април,Јуни, така да ова е константа за Охрид,а не случки од 48 часа времетраење.Мене ми се случи пред 4-5 години.....

Ориѓани нека си го стават прстот на чело и нека се задумаат малку што прават
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.690
МКД пишува за случаеви во Јануари,Април,Јуни, така да ова е константа за Охрид,а не случки од 48 часа времетраење.Мене ми се случи пред 4-5 години.....

Ориѓани нека си го стават прстот на чело и нека се задумаат малку што прават
Знаеш што е константа? Вечното плукање по Охрид и обезвреднување на градот. Охриѓани се арни, еве 5 години работам како келнерка и сум сретнала секакви гости, чудно како само Скопјани наоѓаат замерки. Веќе трета година среќавам познати лица од Холандија и Шведска, што значи дека им се свиѓа, дека ценат, и дека со задоволство се враќаат секое лето. Ако не ви чини, не идајте. Може е безобразно, може е дрско, ама кој како заслужил. Не може на човек кој го прошетал цел свет Охрид да му е рај, а некој кој најдалечна дестинација која ја посетил во животот му е Св.Наум секоја година да наоѓа замерки. Тука е Дојран, тука е Преспа. Оставете го Охрид да има гости какви што заслужува.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Па зошто тогаш вонредна седница на советот на Охрид на тема “како да се спаси туристичката сезона“
Ете има странци, швеѓани, холаѓани, американци, јапанци, италијани, шпанци.... не 9и треба овдешна багра која не знае да си цени скапоцениот камен на Македонија. Зошто морам да слушам вести или читам натписи дека на охриѓани им пропаѓа туризмот?? Нека објавуваат такви вести на ЦНН, ББЦ, РАИ...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Емка душо,јас не сум скопјанец,туку полуохриѓанец кој има своја фамилијарна куќа во Охрид и кој седел во охридска кафана кога пееше Ефто Пупиноски како кафански пејач,многу години пред да се прослави.

Сум одел(ме носеле поточно) по охридски кафани вероватно пред да се родиш и многу добро знам што зборувам
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Зашто Скопјани само плукаат? Епа затоа што Охриѓани секогаш се однесувале така кон Скопјани, странските туристи не ги знаат цените и не им е важно колку плаќаат, ама свој народ да правиш будала, е тоа тешко. Мило ми е ова што се случува со Охрид. Кога ќе научат како да ги ценат сите туристи и кога ќе понудат нешто повеќе од езерото кое им го дала природата, е тогаш може да се поправи ситуацијата.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Како немаше скопје некое езерце па да се капеа таму место да идат охрид и да кењаат за се и сешто ....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.390
Поени од реакции
24.096
Охрид без Охриѓани е обично просечно туристичко место. Кога на равенката ке се додади табиетот на Охриѓани како најсамобенидасни граѓани во државата па и пошироко тогаш се некако се поклопува и има смисла. Искрено неможам да сфатам што толку Охрид има што треба да се цени и треба да се плати.
Имал историја. Секој град има. Имал цркви и манастири. Секој град има. Имал езеро. Другите имаат море, башка и езеро како езеро, ништо посебно. За плажи веќе и да не зборуваме. И ретко кој од младите иди да гледа цркви и манастири. Одат таму да уживаат, да се издуваат, да се одморат така да зошто би плаќале екстра за нешто што и така никој не го интересира, а и најверојатно и веќе го има видено. Заклучок е дека Охрид дели од другите просечни туристички места и просечни градови само по тоа што има Охриѓани, а без разлика што мислат дека се нешто посебно и ендемски вид искрено не вредат за парите.
 
Член од
2 март 2014
Мислења
44
Поени од реакции
19
Знајте како.... Сега сакаме и го представуваме Охрид како најголемо туристичко место во МК ама ние пусти Македонци сакаме да поминиме одмор по нашки речено бадијала. Сакате да ојте на одмор? Епа мора и да се потроши некој денар, нашите сакат да одет на одмор ама без да потрошат пари, е така нема....наместо нашите да одат на плаошник или на заливот на коските па има уште 1000 места да се посетат да не набројувам сега тие сликаат фискални сметки...мислам срамота тешка мизерија не дека ги оправдувам охриѓаните и тие се...ама ова па со сликањето е катастрофа
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.690
Зашто Скопјани само плукаат? Епа затоа што Охриѓани секогаш се однесувале така кон Скопјани, странските туристи не ги знаат цените и не им е важно колку плаќаат, ама свој народ да правиш будала, е тоа тешко. Мило ми е ова што се случува со Охрид. Кога ќе научат како да ги ценат сите туристи и кога ќе понудат нешто повеќе од езерото кое им го дала природата, е тогаш може да се поправи ситуацијата.
Како тоа странските туристи не ги знаат цените? Менито и ценовникот е ист, безразлика дали гостинот е наш или странец. Разликата е што нашиот турист сака да јаде и пие во најелитните кафичи, да се чекира на фб и после да кука на форум дека било скапо и Охриѓани не чинеле.
Кога бев помала и кога со родителите ќе одевме на одмор во Грција, си знаевме колку ни е буџетот и што можеме да си дозволиме. Ќе поминевме покрај рестораните и пицериите, ќе ги видевме цените и ќе си седневме на гиро. Пошо тоа можевме да си го дозволиме. И никогаш не сме рекле дека Грција е скапо. Исто и Охрид, имате кафичи и ресторани за секој џеб. Ако ти е скапо во рестораните во центар, бујрум имаш ресторани во стара чаршија, имаш лесковачка, имаш сендвичари, гиро...Ама не, мора да седнете во Куба на кафе, на ручек во Далга и после е скапо. Епа скапо е.
Не можам да ти опишам каква мирна атмосфера е во рестораните за време на вечера кога вечераат странски туристи ( од 19-22 часот ) и каква е после 22 часот, кога се спремни нашите госпожи да излезат на вечера ( цезар салата и бело вино ). Па цел ресторан ечи, девојко та девојко. Имав случај пред неколку години, на две маси една до друга седнати пар од Холандија, со најелитно вино на маса и предјадење и јадење, и до нив седнува 5 члено семејство од Скопје, ми нарачува 2 пици и ваѓа дволитарска Кока Кола од ранец и ми вика дај чаши. Јас се запрепастив.
Денес еве, најтазе случка, во најголемата гужва, 9 и пол часот, се чекаат редици за маса, седнуваат 4 члено семејство на најголемата маса во ресторанот и нарачуваат јадење во вкупна вредност од 220 денари. И ете, тоа е културата на нашите туристи.
И настрана тие муабети Охрид да го немаше езерото ќе беше ништо. И Кочани да имаше езеро сите ќе одевме таму ама нема.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Се сложувам донекаде @Емкаа но не би рекол дека е до културата туку до сиромаштијата. Тоа што две македонски фамилии од твојот пример буквално се избламирале јавно со вадење Кока кола од ранец и со држење маса за вечера за 200 денари вкупно не е знак на некултура туку на големата беда за жал, народот нема пари, а уште пожално е што ем нема пари а сака себеси да се доживува како некој што има. ( а баш се прашувам што може четворица на маса да јадат за 200 денари, или една пица за секој по парче или една порција прсти и салата, повторно за сите четворица да делат).

А твојот коментар е совршен одговор на сите оние што ја вртат онаа расипана плоча дека во Македонија народот е богат оти кафаните биле полни, ете како се полни, полни се така што луѓе седат на маса по цела вечер и гледаат да не надминат 500 денара сметка.
 
Член од
7 април 2014
Мислења
28
Поени од реакции
68
Емкаа
Значи вашата култура, добро однесување спрема гостинот, зависи од тоа што порачал и колку пари ви оставил. Не ми е чудно, а и вас тоа ви е најнормално. Ок, за пари работите но тоа гостинот не треба да го осети. Кога јас одам во ресторан во мојот град сакам ли да си слушам муабети после од келнери што сум јадела и колку пари сум оставила? Цезар салата и бело вино имате на мени? Што ти смета тогаш ако некој тоа порачува? Може е некој на диета па само зелена салата и минерална вода ќе пие. Или не смее, штом влегол мора да се посери од јадење и пиење. Или кога се чека гужва пред ресторанот, гостите треба да се договараат надвор кој планира повеќе да нарача, па тој да го пуштат прв да влези. Како угостител не си ништо поарна во културата од оние што ти извадиле кока кола на маса.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

И Емка е во право и ти си во право.
Но зборувате за две различни нешта.
Емка зборува дека има многу кој што одат во поскапо/ елитен ресторан иако неможат да си го дозволат, за тие 200 денари да одат во некоја просечна кафана ќе се најадат и напијат многу подобро отколку да одат во ресторан каде што една голема пица е 200 дена и ја делат 4 ца. Секако дека секој има право и ако сака можи да оди во некој ресторан и да нарача само вода затоа што никаде не пишува примаме само гости со минимална сметка 1000 денари.
Проблемот е до менталитетот, Македонците одат Охрид и прво нешто што им е на ум кај нас е мора да е ефтино или Охрид е ова па можам да си дозволам се што сакам односно одморот мора да ми е супер лукс иако јас можам да си дозволам минимално.
Истото го има насекаде, ете Грција имаат супер лукс дестинации и имаат од средна и пониска класа. И не сите Грци одат на супер лукс дестинациите затоа што се дома па за нив е поефтино отколку за странците. Еднаш бев на одмор на едно место блиску до Атина(Мегалопефко) дали 10 странци имаше, онака туристичко место само за грци, па да ти кажам право цените беа многу повисоки отколку на Халкидики некаде со 20 % но таму си одат домашните туристи и си оставаат пари и никој не се жалеше затоа што парите оделе кај нив а не надвор.
Охрид можи да си е и супер лукс дестинација ако така одлучат Охриѓани а дали и колку Македонци ќе одат таму на одмор си е сосема друга работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom