Зашто Скопјани само плукаат? Епа затоа што Охриѓани секогаш се однесувале така кон Скопјани, странските туристи не ги знаат цените и не им е важно колку плаќаат, ама свој народ да правиш будала, е тоа тешко. Мило ми е ова што се случува со Охрид. Кога ќе научат како да ги ценат сите туристи и кога ќе понудат нешто повеќе од езерото кое им го дала природата, е тогаш може да се поправи ситуацијата.
Како тоа странските туристи не ги знаат цените? Менито и ценовникот е ист, безразлика дали гостинот е наш или странец. Разликата е што нашиот турист сака да јаде и пие во најелитните кафичи, да се чекира на фб и после да кука на форум дека било скапо и Охриѓани не чинеле.
Кога бев помала и кога со родителите ќе одевме на одмор во Грција, си знаевме колку ни е буџетот и што можеме да си дозволиме. Ќе поминевме покрај рестораните и пицериите, ќе ги видевме цените и ќе си седневме на гиро. Пошо тоа можевме да си го дозволиме. И никогаш не сме рекле дека Грција е скапо. Исто и Охрид, имате кафичи и ресторани за секој џеб. Ако ти е скапо во рестораните во центар, бујрум имаш ресторани во стара чаршија, имаш лесковачка, имаш сендвичари, гиро...Ама не, мора да седнете во Куба на кафе, на ручек во Далга и после е скапо. Епа скапо е.
Не можам да ти опишам каква мирна атмосфера е во рестораните за време на вечера кога вечераат странски туристи ( од 19-22 часот ) и каква е после 22 часот, кога се спремни нашите госпожи да излезат на вечера ( цезар салата и бело вино ). Па цел ресторан ечи, девојко та девојко. Имав случај пред неколку години, на две маси една до друга седнати пар од Холандија, со најелитно вино на маса и предјадење и јадење, и до нив седнува 5 члено семејство од Скопје, ми нарачува 2 пици и ваѓа дволитарска Кока Кола од ранец и ми вика дај чаши. Јас се запрепастив.
Денес еве, најтазе случка, во најголемата гужва, 9 и пол часот, се чекаат редици за маса, седнуваат 4 члено семејство на најголемата маса во ресторанот и нарачуваат јадење во вкупна вредност од 220 денари. И ете, тоа е културата на нашите туристи.
И настрана тие муабети Охрид да го немаше езерото ќе беше ништо. И Кочани да имаше езеро сите ќе одевме таму ама нема.