Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
МКД пишува за случаеви во Јануари,Април,Јуни, така да ова е константа за Охрид,а не случки од 48 часа времетраење.Мене ми се случи пред 4-5 години.....
Ориѓани нека си го стават прстот на чело и нека се задумаат малку што прават
Па зошто тогаш вонредна седница на советот на Охрид на тема “како да се спаси туристичката сезона“Знаеш што е константа? Вечното плукање по Охрид и обезвреднување на градот. Охриѓани се арни, еве 5 години работам како келнерка и сум сретнала секакви гости, чудно како само Скопјани наоѓаат замерки. Веќе трета година среќавам познати лица од Холандија и Шведска, што значи дека им се свиѓа, дека ценат, и дека со задоволство се враќаат секое лето. Ако не ви чини, не идајте. Може е безобразно, може е дрско, ама кој како заслужил. Не може на човек кој го прошетал цел свет Охрид да му е рај, а некој кој најдалечна дестинација која ја посетил во животот му е Св.Наум секоја година да наоѓа замерки. Тука е Дојран, тука е Преспа. Оставете го Охрид да има гости какви што заслужува.
Зашто Скопјани само плукаат? Епа затоа што Охриѓани секогаш се однесувале така кон Скопјани, странските туристи не ги знаат цените и не им е важно колку плаќаат, ама свој народ да правиш будала, е тоа тешко. Мило ми е ова што се случува со Охрид. Кога ќе научат како да ги ценат сите туристи и кога ќе понудат нешто повеќе од езерото кое им го дала природата, е тогаш може да се поправи ситуацијата.
Емкаа
Значи вашата култура, добро однесување спрема гостинот, зависи од тоа што порачал и колку пари ви оставил. Не ми е чудно, а и вас тоа ви е најнормално. Ок, за пари работите но тоа гостинот не треба да го осети. Кога јас одам во ресторан во мојот град сакам ли да си слушам муабети после од келнери што сум јадела и колку пари сум оставила? Цезар салата и бело вино имате на мени? Што ти смета тогаш ако некој тоа порачува? Може е некој на диета па само зелена салата и минерална вода ќе пие. Или не смее, штом влегол мора да се посери од јадење и пиење. Или кога се чека гужва пред ресторанот, гостите треба да се договараат надвор кој планира повеќе да нарача, па тој да го пуштат прв да влези. Како угостител не си ништо поарна во културата од оние што ти извадиле кока кола на маса.