Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Овај циклонов денес ја дозакопа туристичката сезона годинава, ништо не се виде иако мислам дека ќе се "извадат" 2-3 недели.

На некој начин и заслужено е ова, сите тие што години наназад качуваат цена на се живо и диво во лето, сите тие што се одговорни за развојот на туризмот во Охрид и што неработат и све си чекаат на готово си го добија заслуженото.(y)

Денеска да беше развиен културниот, "елитниот" туризам, тој што му одговара на град како Охрид, немаше да се молиме да се погоди времето и плажите да се наполнат со дечишта и туристи што малце трошат а многу добиваат.
 
ЖИТЕЛИТЕ ОД КАНЕО УПАТИЈА ПЕТИЦИЈА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ
НА 23 ЈУЛИ 2014. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Жителите од Канео со петиција до Градоначалникот Бакрачески за спасување на „Мостот на желбите“. Петицијата ја пренесуваме во целост.

До
Градоначалник на Општина Охрид
Совет на Општина Охрид
До средствата за јавно информирање


ПЕТИЦИЈА

Од сите жители на Вековната населба Канео – Охрид.
Од незванични извори имаме информација дека ’’ Мостот на Желбите’’ во најскоро време ќе се сруши.
Во име на сите нас кои овде живееме со векови, и во име на сите оние што години наназат го посетувале Канео и уште повеќе што сега како врвулица се движат по ’’ Мостот на желбите’’(како што популарно е наречен овој мост), жители, туристи, уметници, политичари и кој се уште не, Ве молиме да се спротиставите на намерата да се руши овој мост со образложение дека бил дивоградба. Го почитуваме Законот и сите одлуки кои ги носат одговорните на управа како на државно така и на локално ниво, но зарем не се донесе Одлука да се легализираат сите дивоградби до крајот на оваа година како не би им се правеле штети и трошоци на народот и како би им се обезбедил поквалитетен живот. Не ни е јасно каква дивоградба е овој мост кој е изграден пред повеќе од шест години и кој на луѓето од Канео ЖИВОТ им значи, кој е остварување на нивниот вековен сон да имаат кратка врска со градот какао секојдневно не би искачувале по 100 скали за да купат и најмала ситница до најблиската продавница. Без разлика на тоа дали мостот е објект со некаков изразит архитектонски дух или скап градежен зафат, тој за нас ЖИВОТ значи, зошто тој што живее преку целата година во Канео, знае што значи за нас неговата реалност и постоење.
Ве молиме да не ни го рушите вековниот сон, не не враќајте 100 години назат со животот, не ни го скратувајте бенифитот и радоста што ни го донесе овој толку чекан објект, а сега го имаме. Впрочем, тој како врска со градот(пешачка патека) е планиран во сите постоечки урбанистички планови за Охрид, во ДУП, во измените и дополнувањата и во други парцијални решенија.
Ако евентуално надлежните органи имаат некаква замисла мостот да биде заменет со друг од поинаков вид( во смисол на изглед , градба и конструкција) апелираме да не се руши додека не се реализира замислата.Според онаа народната ’’ Нов бунар копај на стариот не плукај’’убедени сме дека овој и ваков каков што е дотогаш ќе функционира зошто само така ќе препознаеме добра намера и оправдување да се руши. Многу лесно е нешто да се руши што со години се чекало и молело да се изгради, уште полесно е да се руши ако тоа е донација од било кој кој имал слух за нашите молби , и потреби. Зарем ќе газиме по хуманоста и сенсот да се направи’’ Мост на желбите’’. Зарем со таков потег не ќе ги зачудиме сите околу нас па и светот? Се надеваме дека разумот ќе преовлада и нема да се направи толку погрешен потег за кој нема оправдување па макар и да се прави од незнаеме какви силни причини или побуди. Знаеме дека на овој мост му треба некаква заштита- обезбедување на одрон на земја и камења но за тоа постојат технички решенија(мрежа и сл.) Како скромни и чесни граѓани на оваа земја сметаме дека го заслужуваме мостот и сега кога го имаме најмалку што може да се направи за нас и за сите што тука поминуваат и истиот да се обезбеди. Се друго, и било какви образложенија за нас немаат оправдување и се со грда намера и лоши последици.

Охрид
_______________

П.С. Ќе ги користиме Сите личности Институции и Средства во намерата да го сочуваме Мостот од рушење, за нас тоа е единствениот крвоток МОСТОТ НА ЖИВОТОТ.

http://tvm.mk/vesti/ohrid/18388-zhitelite-od-kaneo-upatij-apeticij-ado-gradonachalnikot-bakracheski

Јасно е дека мостот не е безбеден поради одроните но уште појасно е дека мостот е многу практичен и претставува атракција која многу често се користи. Место да се руши подобро е да се превземат безбедносни мерки или ако тоа не е возможно тогаш нека се изгради сличен мост по сите стандарди но направен од дрво и метал како што е сега а не некоја масивна бетонска конструкција.
 
Него, прее (си) се прашвев. Кој е сопственик на Делфина компанијана, шо го купи охрид-експрес/хисар?

@Рудници и, ти морат да знајш :D
Од рекла казала извори Хисар као биле во беља па почнале продавање линии (ги купија ОЕ и овие од Кичево набрзина па можит не им се виде добра пара).Е сега кој е газда на овие не знам.Ама ако е Jagod4e во право, можда и се профитабилни и нешто не е случајно :cautious:

@Jagod4e Мијалков? o_O

Иначе, на тема сообраќај во велеградов и пациентите:
Ако е летно време не се сменати сообраќајни правила.Сонцето сигурно не ви удрило в гла.
Ако возиш џип од 4 тона не значит дека имаш предност на кружен.Исто и таксисти и скутерџии.
Ако возиш Шкода Јети шо пишит Полиција на него немаш толкав луксуз да газиш на пешачки пред Чичо и да зборвиш на мобилен истовремено.
Ако си од друг град, после сто лета во Охрид научи ги еднонасочните дамуебаммајката.
ОК, позз
 
Дечки кај печатет во градов мајци со моја слика и шо пари ојт?
 
Мислам дека фото рекс за тоа можат да ти завршат работа.
 


Знае некој за која локација се работи???
 
Кај можам да најдам возен ред за автобуси што одат од Охрид за Скопје? Најдов само за Галеб, а ме интересира и за другите превозници.
 
Кај можам да најдам возен ред за автобуси што одат од Охрид за Скопје? Најдов само за Галеб, а ме интересира и за другите превозници.
Oд моите студентски искуства :
Од Класик имаш од Охрид за Скопје во 6,30, 9,30, 11,45 и во 17,00 Искрено не го препорачувам Класик освен ако нејќиш да се возиш во комбе за на плажа и да стигниш Скопје после 3 саати претепан од шо се многу удобни сeдиштата, нозете не можиш повеќе од 1цм да ги пуштиш,а и нишо чудно комбето да се расипи или да им текни да се менуваат со комбиња на Стража па да се префрлате со куфери :D
И од Делфина поранешно Охрид Експрес, добри се, само немаат многу термини. Сабајле во 5 и во 7 и вечерта тек во 8. Автобус со кожни седшта,ако нема гужва и вода и колаче ти даваат. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom