Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Значи мојот линк од Deutsche Bundesbank е лажен :cautious:.

Не туку не гледаш тоа што треба. На секоја држава се гледа приносот на 10 год. обврзница. Тоа ти е т.н. безризична каматна стапка што се користи во сите економски модели за пресметка на останатите каматни стапки (барани стапки на принос) во финансискиот систем на секоја земја.
 
не гледаш тоа што треба. На секоја држава се гледа приносот на 10 год. обврзница.

Која е логиката за 7 годишна обрзница да гледам камати за 10 годишна?

Еве принт скрин, со црвено ги означив стапките од интерес

x3y4ix.jpg
 
Која е логиката за 7 годишна обрзница да гледам камати за 10 годишна?

Еве принт скрин, со црвено ги означив стапките од интерес

x3y4ix.jpg

Јас ти кажувам кој принос се гледа како репер. Мислев дека алудираш на приносот на 10год. обврзница на Германија, а не на споредба со МК. Ако забележиш и кај нив каматата е поголема од 1%, а приносот помал дека се продаваат со премија. Мк обврзница секогаш се продава со дисконт, па затоа и приносот ни е поголем од каматата.
Ова го зборам од причина што сметам дека ние ни под разно не треба да се споредуваме со нив.
 
ИНВЕСТИЦИЈА ОД 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН
getImageThumbnail.axd

Компанијата „Белина“ инвестира 600 илјади евра во нов стопански објект во општина Илинден, во кој ќе се вработат 18 лица.

Новиот стопански објект вчера беше пуштен во употреба во економската зона Марино-Кадино. Објектот, во кој ќе бидат вработени 18 лица, располага со магацински и деловен простор на површина од 4.000 метри квадратни.

Објектот во употреба го пуштија градоначалникот Жика Стојановски и сопственикот на „Белина“ Љупче Николовски, по повод одбележувањето на Денот на општина Илинден-2 август.

Компанијата „Белина“, која се занимава со трговија на големо со алати, земјоделска механизација, железарија, авто козметика, бои, лакови, фасади, го одбележа и 20-годишниот јубилеј од своето постоење.
http://kapital.mk/MK/makedonija/98483/investicija_od_600_iljadi_evra_vo_opshtina_ilinden.aspx


МАКЕДОНИЈА СО БРОДСКО ДЕПО КАЈ МАЕРСК ЛАЈН
getImageThumbnail.axd

Депо на светски познатата бродска компанија „Маерск Лајн“ (Maersk Line) од 1 јули официјално е пуштено во употреба во Македонија.

Работењето на Депото во Скопје и во Гевгелија го организира компанијата „Навико шипинг“ која работи во рамки на фирмата „Блу Бел“ од Скопје, специјализирана за бродско-контејнерски превоз на стоки од и за Македонија.

Со оваа новина во бродскиот и контејнерскиот транспорт се овозможува чување и преземање на контејнери, достапност на опрема за товар и растовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и значително намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки. Воедно, Македонија станува дел од ланецот „Маерск Лајн“ .
http://kapital.mk/MK/makedonija/98444/makedonija_so_brodsko_depo_kaj_maersk_lajn.aspx
 
@Someday.. глеј Љупчета колку заштедил 600 000 евра :D
 
Привлекување на странски директни инвестиции во Македонија отсекогаш бил клучен дел во економските прашања и бизнис климата. Владата создаде компаративни предности за да не искористат, исцрпат целосно.
Но прашањето е колку ние имаме мок за да ја реновираме бизнис климата без да бидеме нечии работници со минимални приноси коишто ни овозможуваат едвај да се врзе крај со крај. Национална конкурентноста, хах па тоа за нас е научна фантастика, без потпора на некоја јака сила, соработка, но не ние каква што имаме, туку соработка за напредок на нашето стопаство. Подршка како економисја.
Ние како држава со малку капитал, со голем процент на сиромашни граѓани, приморани сме да црнчиме за некој кој прави годишна нето добивка од неколку милоиони долар\евра. Факт е дека не сме способни да градиме фабрики, работа на мало неможеш да знаеш дали одкога ке ги покриеш давачките ке остане нешто настрана, а и богами државата овде помага со инспекторатот, се затваарат локали, продавници поради лични освети и интереси.. Е со такви постапки не ке има економија. Зарем државата не може да ги заштити работниците коишто работат за некоја странска фирма, со што пример платата да не биде под 25 000 денари. Швабата како плака над 10 евра минимално од саат во Германија. Зарем стандардот ни е толку низок за да се зема плата од 200 евра, па не пиеме бре нафта.........
 
Привлекување на странски директни инвестиции во Македонија отсекогаш бил клучен дел во економските прашања и бизнис климата. Владата создаде компаративни предности за да не искористат, исцрпат целосно.
Но прашањето е колку ние имаме мок за да ја реновираме бизнис климата без да бидеме нечии работници со минимални приноси коишто ни овозможуваат едвај да се врзе крај со крај. Национална конкурентноста, хах па тоа за нас е научна фантастика, без потпора на некоја јака сила, соработка, но не ние каква што имаме, туку соработка за напредок на нашето стопаство. Подршка како економисја.
Ние како држава со малку капитал, со голем процент на сиромашни граѓани, приморани сме да црнчиме за некој кој прави годишна нето добивка од неколку милоиони долар\евра. Факт е дека не сме способни да градиме фабрики, работа на мало неможеш да знаеш дали одкога ке ги покриеш давачките ке остане нешто настрана, а и богами државата овде помага со инспекторатот, се затваарат локали, продавници поради лични освети и интереси.. Е со такви постапки не ке има економија. Зарем државата не може да ги заштити работниците коишто работат за некоја странска фирма, со што пример платата да не биде под 25 000 денари. Швабата како плака над 10 евра минимално од саат во Германија. Зарем стандардот ни е толку низок за да се зема плата од 200 евра, па не пиеме бре нафта.........


Не пиеме нафта пиеме кафиња по цел ден.Бројот на луѓе во земјава кои воопшто се способни да произведат нешто конкурентно е минимален и постојано се намалува со иселување.Али затоа бројот на луѓе кои знаат да наместат тендер,да добијат монопол или да лижат гз за да им бидат занемарени некој работи/да им биде сотрена конкуренцијата е огромен а тоа не поминува во глобални рамки.

Еве да бидеме реални што знаеме нешто да направиме за кое би вредело да се добиваат европски плати или барем блиску до тоа? Швабата плаќа 10 евра на саат минималец и ако работиш клошарска работа зошто има доволно компании во Германија кои ќе го дигнат стандардот на тоа ниво.Македонија да имаше една компанија од типот на Siemens,Audi,FIAT,Reno,Saab цел стандард ќе ни го повлечеше нагоре и ќе можеше да очекуваш 25 000 за да бидеш келнер зошто ќе има луѓе кои ќе зимаат по 60+ .
 
Зарем државата нема способност да спровде таков закон, секако "инвеститорот" пак е во голема корист. Стандард европски за се имаме, европски закони се носат секој ден, а за плата не ке може пошо сме ги немале Siemens,Audi...........
 
Зарем државата нема способност да спровде таков закон, секако "инвеститорот" пак е во голема корист. Стандард европски за се имаме, европски закони се носат секој ден, а за плата не ке може пошо сме ги немале Siemens,Audi...........

Странските инвестиции се во форма на правење тапацири за седишта и разделување кабли,не никој нема способности да натера да ги плаќаат вработените по толку пари зошто има 6 милијарди луѓе на планетава кои се способни да ја работат таа работа и најголем дел од нив би ја сработиле подобро и за помалку пари.
 
Но прашањето е колку ние имаме мок за да ја реновираме бизнис климата без да бидеме нечии работници со минимални приноси коишто ни овозможуваат едвај да се врзе крај со крај. Национална конкурентноста, хах па тоа за нас е научна фантастика, без потпора на некоја јака сила, соработка, но не ние каква што имаме, туку соработка за напредок на нашето стопаство. Подршка како економисја.
Сами ако не се опрајме никој нема да не опраи. Македонецот не купува еден домашен производ, а сакаме висока плата и јак стандард. Јасно ми е дека неможи македонија да произведува висока технологија или автомобили, ама кога некој ми купува третокласни странски прехрамбени производи (наменети за балкански - пазар) ми се повраќа.

Одбираме третокласна Милка и Дорина, а ги игонорираме Европа и Витаминка. Одбираме грчка фета и павлака, а ги игнорираме македонските. Одбираме грчка маслинка, а ги игнораме дојранските. За густи сокови обавезно словенски некои или она никаквион браво. Користиме некое сончогледово масло од Србија, исто и брашно. Па и српскана вода Јана повеќе се троши него Пелистерка. Сувемеснато првен гледаме да е српско. Стекот мора од супермаркет некој увоз од словенија итн итн итн итн, знаеш колку има вакви примери... Исто така, место да купуваме главно од локалната продавница, нашиве курнази палат кола да одат до супермаркет и да им го полнат џебот на газдите од тинекс и кам, за 2 - 3 денари заштеда.

Гледај сеа што прават Албанциве. Некогаш идат во Прилеп да пазарат и не купуваат јајца од македонски фарми, туку си бараат јајца од везе шари-албанска фарма, без разлика што цената им е 1 денар поскапа (по јајце, 32 денари за табла). Обавезно земаат брашно од жито полог, иако е катастрофа квалитет. Исто така одат во единствената турска аптека во прилеп. Да имавме бар малку совест како нив, подруго ќе беше.
 
БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОГОЛЕМ ЗА 7,4%


Странските инвеститори стануваат најголеми работодавачи во Македонија


За скоро четири пати е зголемен бројот на работници во секторот за производство на моторни возила и приколки во првите шест месеци годинава, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Ваквото зголемување на вработувањата се должи пред се на белгиската фабрика за производство на автобуси Ван Хул во индустриската зона Бунарџик


5DF602B76AC8D54E9EAA4042CAD65513.jpg
За скоро четири пати е зголемен бројот на работници во секторот за производство на моторни возила и приколки во првите шест месеци годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Само во јуни, споредено со јуни минатата година, бројот на работници кои работеле во производство на моторни возила е поголем за 325%. Согласно тоа, во првото полугодие вкупниот број на работници во индустријата е за 7,4% поголем, споредено со истиот период минатата година. Ваквото зголемување на вработувањата се должи пред се на белгиската фабрика за производство на автобуси Ван Хул, која од мај годинава официјално почна со работа во слободната зона Бунарџик 2.

Компанијата која што е еден од најголемите инвеститори во Македонија планира во наредните неколку месеци да вработи уште 200 лица, пред лансирањето на новата производствена линија која што планира да ја пушти во употреба во септември, со што бројот на вработени ќе достигна 600 лица.

Компанијата пред повеќе од еден месец распиша оглас за вработување на нови кадри. Тоа значи дека странските инвеститори, како резултат на поволностите за инвестирање кои ги дава Владата, полека но сигурно стануваат едни од најголемите работодавачи во државата.
Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека најголем пораст на бројот на вработени во јуни, споредено со истиот месец минатата година има кај преработувачката индустрија и тоа за 8,7%, додека кај рударството зголемувањето е за 0,6%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јуни 2014 година, споредено со истиот период минатата година е поголем за 7%.


Почна изградбата на нова слободна зона во РадовишТехнолошко-индустриските развојни зони во државата се едни од најголемите дела на нашата генерација доколку се земат предвид сите досегашни инвестиции и новоотворени работни места во државата, а тоа е она што и треба на Македонија, истакна премиерот Никола Груевски на поставувањето камен-темелник на новата зона во Радовиш.
Владата за изградба на зоната ќе инвестира 11 милиони евра. Груевски подвлече дека последните услови што се нудат за зоните, инфраструктурата, но и нивната локација во близина на големите градови и на главните коридори, железнички пруги и аеродроми, претставуваат особено привлечна понуда за странскиот капитал.
Како што посочи премиерот, постојаните активности на Владата за привлекување нови инвеститори и отворање нови работни места веќе даваат резултати со оглед дека поголем број мултинационални компании веќе работат во Македонија, а голем број други се заинтересирани и се во интензивни разговори со владини претставници.

Место за уште четири нови инвеститори
Зоната ќе се протега на површина од 9,75 хектари со можност за нејзино идно проширување. Ќе располага со пет парцели од кои четири за производни капацитети и една за изградба на административна зграда. Со планскиот опфат на зоната се планира улична мрежа на водоводна и канализациска инфраструктура, телекомуникациска инфраструктура, како и мрежа за снабдување со електрична енергија и гас за фабриките кои тука ќе се градат.

http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=BB8F3B30A8E3854C8DD6B3CB71BF5B2E
 
Еве ги милијардите странски инвестиции на Гвујо Мизо и Самак.....
ТАШАК САРМАСИ! цела деценија ќе мантраат ‘‘странски инвестиции. странски инвестиции.... Џонсон, Хул, Дрекслер.... драпај си дрекслерот! А ОНО уствари:

Странските инвестиции далеку под предизборните ветувања
Власта постојано го нагласува успехот во привлекување странски инвестиции, иако тие ни приближно не се на нивото на нивните предизборни ветувања.

http://www.makdenes.org/content/article/26514455.html
Да се потсетиме на 2012 http://faktor.mk/archives/66540# Ние 135 милиони, Косово 300 нилиони, Босна 630 милиони Црна Гора 610 милиони, Хрватска 1,25 млд.... Унгарија 13,5 млд странски инвестиции.... http://faktor.mk/archives/66540#
со што и зошто толку курчење со странски инвестиции не ми е јасно!?
 
Последно уредено:
Незнам зошто при фалењето со зголемениот извоз на фирмите сместени во Бунарџик, Жабени и сл зони се заборава да се спомне дека паралено се зголемува и увозот. Сите тие фирми набавуваат материјали од странство, најчесто преку сопствни логистички центри. Така да зголемениот извоз значи и соодветно зголемен увоз. Реалниот ефект на Македонската економија е многу мал и тој се сведува на исплатени плати на работниците и користење на понекоја услуга од наша фирма. Ефект на мултипликација скоро 0.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom