Здраво

имам 19 години и имам еден проблем па решив да го споделам овде. Се започна откако се запознав со еден дечко (ќе го именувам како личност А, 26 години, воедно другар на дечкото што ми се допаѓа), со него станавме пријатели. Бидејќи мене ми се допаѓа неговиот другар (ќе го именувам како личност Б, 26 години и нема поим дека го свиѓам
) го видов А како шанса за зближување со Б. Цело време кога јас се поздравував некаде со А, а Б беше со него тој мило се потсмевнуваше
. Се беше океј се до една журка каде А откако го однесе Б дома со неговата кола повторно се врати на журката и ме праша дали сакам да одиме негде насамо да поразговараме и на мир да испушиме некоја цигара, јас бев поднапиена, но можеби и бев малку свесна каде води работата и со мене си земав и две другарки
. Кога се качивме во неговата кола бев сигурна дека се е на другарска база. Отидовме на едни изолирано место и сите бевме вклучени во некои интерсни муабети кога одеднаш “пријателот„ почна да ми се доближува, да ме гушка и на крајот нападно проба да ме бакне, ми требаа 15 минути да го оттргнувам од мене за му докажам дека не сакам да имам ништо со него и му кажав дека имам причина за тоа (не му кажав дека причина всушност е дека сум вљубена во другар му ). После случкава паднав во депресија и две недели не излегов од соба оти само што бев излегла од љубовно срање, бев сигурна дека никогаш нема да можам да бидам со Б. Го избегнував А кога и да беше излезен, но во некои неизлезни ситуации морав да се поздравувам со него, но кога и да беше Б со него тој секогаш се смееше (незнам зошто се смее, претпоставувам ја знае случката па му се смее на А). Потоа случајно дознав дека всушност дотичниот А има девојка со која се заедно долго време. Тука ми пукна филмот, бидејќи си има женска а мене ми ја растура среќата и бев решена да одам и да му плеснам се во лице, но се откажав си помислив дека не заслужува да трошам зборови на кретени како него. Потоа ете уште една журка каде што дојдоа А и Б со другарите. Иако бев пијана го избегнував за да не се поздравам кога одеднаш се појави пред мене и бев приморана да се поздравам, А почна да ме гушка и бакнува во образ и замислете Б беше до нас, мене ми пукна филмот го оттурнав и без збор заминав а Б почна да се смее (најверојатно на јавната корпа на другар му, инаку Б е страшен шегаџија). После таа журка се сретнав со Б и еден негов друг другар, со кој исто така сме блиски и се поздравивме. Тогаш за прв пат се поздравив со Б и забележав колку е тој срамежлив, хаха. Му пружив рака за да се поздравиме и рацете си ги задржавме толку долго што полека ни се слизнуваа, кога се осетив дека рацете ги држиме повеќе од вообичаено поздавување го погледнав и тој ме гледаше па си ја повлеков раката. По 2-3 дена ги видов А, Б и другарот како шетаат и почекав А да замине па тргнав да се поздравам со нив. Иако му бев најдалеку за поздравување (поблиску му беа моите другарки, јас бев на крајот) Б прво се поздрави со мене и овој пат тој прв ми подаде рака за поздрав
. Проблемот е што незнам како да му дадам до знаење дека ми се допаѓа и како да го сватам неговото однесување, како да дознаам што чувствува и дали чувствува или само се лажам себе си, дали ќе биде проблем ние да сме заедно, дали можеби и тој чувствува нешто за мене но А го преварил пред тој да му каже на него... имам милио дилеми, советувајте ме што да направам.