Не зенам зошто се замарате за играчите кои ќе си одат,според мене ЛВГ нема да продаде ниеден дур не ги види сите на дело,а тоа значи дека ќе биде многу тешко бидејки ке бидат мотивирани да останат.Нани нема да си оди според мене и сум доста убеден во тоа,лани сигурно имаше некои пречки кај Мојс но сега со ЛВГ ќе биде подруго,за Јанг не сум сигурен,тој е добар играч според мене барем во минатото имаше разорен шут,Арсеналовци најдобро го памтат тоа.Ќе видиме како ќе се покажат со него,доколку не се донесе некое крило (Ди Марија) мислам дека нема потреба да продадеме никој од нашиве.Андерсон е спремен на листата да лета бидејки скрос е во аут и не верувам дека има да покаже било што.
Единствено криво ми е што се губат играчите што ствараа голема тимска хемија(Фердинанд со неговиот diary,Андерсон со грицките во авион итн итн)
Уште Евра фали да си отиде.Ама ајде ЛВГ наредил од чистачка до секретарка да бидат цело време заедно,па да се надеваме дека ќе има добра атмосфера.
До сега на темава се немам обратено со мислење за Видал,добар играч да и дефинитивно никој не би го одбил,но не сакам да избрзувам знаејки лани какви шокови ни се случуваа иако мислам дека годинава доаѓа за некоја сума од 45-60 милиони евра.Тоа што не играме во ЛШ не е никаков проблем бидејки на играчот можеме да му понудиме многу,а со оглед на напорите што се прават,тимот,новиот тренер,реално е да се очекува дека веќе од оваа година ќе се вратиме таму кај што припаѓаме.
Голема желба ми е Ди Марија,Реал очигледно се откажува од него со носењето на Хамес но не знам зошто нашиве воопшто не покажуваат интерес.Потребно е да донесеме таков играч за да ги имаме оние убиствени контри од минатото што ни носеа лесни голови.Плус тоа нема загубена топка за него,под воство на ЛВГ ќе гризе ама којзнае што им се врти во глава на Вудварди Вангаловци