Del Boy
You plonker!
- Член од
- 28 септември 2012
- Мислења
- 12.455
- Поени од реакции
- 39.101
Престани , или во подобар случај најди си некоја друга. Јас не ја среќавам редовно веќе 5 години , односно во рок на тие 5 години дали ја имам видено 3-4 пати. Бев со многу после неа , но ниту една не ми го даде тоа чувство "не ни треба ништо , двајцата си се имаме". Твојот случај е уште позаебан од мојот , чим сте најдобри пријатели. Верувај ако продолжиш да ја гледаш никојпат нема да ја преболиш , не дека и ако не ја гледаш ќе ја преболиш туку само ќе се навикнеш на чувството дека е отсутна и секој пат кога случајно ќе ја среќаваш ќе се осеќаш како најголемиот промашај на светот без разлика колку си успешен во други полиња во животот , и стиховите од Wicked Game на Chris Isaak "I never dream that I'd miss somebody like you" ќе ти ги превртуват цревата и ќе мораш да ги лажеш другарите дека очите ти солзат бидејки си алергичен на поленот од липите што цветат.Има едно две години како раксинавме, сеа сме добри пријатели може да се каже најдобри, но неможам да ја преболам никако, треба да престанам да се дружам со неа?
Последно уредено: