Што е "мерката"? Што е умерено а што не е умерено? И дали за сите луѓе има една иста мерка?
Во Црквата, поимот „мерка„ не е нормативно уреден и строго „дозиран„, така да мерката ја одредува секој поединец, согласно учењето од Црквата и согласно својот духовен раст.
Црковните правила за мерката се воопштени а не нормирани.
Според Црквата, умереноста се состои во избегнувањето на двете крајности: немањето и претерувањето, слично на „златната средина„ од Аристотел. Во Црквата, мерката се нарекува „среден пат„ или „царски пат„.
„Немањето„ и „претерувањето„ се однесуваат на сите човекови дејанија, согласно сложената човекова природа: дух, душа и тело, така да „немањето„ и „претерувањето„ можат да бидат и духовни и душевни и материјални.