Превоз до Албанија - туристички места

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Во понеделник-вторник,17-18 септември,сакам да одам на одмор во
Албанија. Денес прашував во некој агенции за аранжман.Ретко која
има на список одмор за Албанија. Таму кај што најдов последната тура
е веќе отидена,и нудат пат само во еден правец.
Прашав за превоз со автобус имаат само за до Тирана.
Би одел и со кола,треба ли зелен картон и преку кој граничен премин.
Би можеле да се јават две лица за друштво (јас одам и жената).
Не сум бил во агенциите во Чаир,можеби таму имаат нешто подобро.
Ми понудива хотел полн пансион од 20-22 евра,ама немаат превоз.
Дали да одам прво до таму,па потоа таму да барам смештај.
Толку.
 
нормално дека треба зелен картоон, сигурно нема да те пуштат на лепе очи :) А се оди преку овој преминов што е од кај Струга, врска неам како се викаше...
 
Разгледај на темава, јас Јули бев Албанија али со приватен превоз но на оваа ТЕМА се скапавме прашување и за смештаи и триста чуда. Побарај во темава разни мислења.

edit: или ОВДЕ
 
или по наше - Ќавасан
Разгледај на темава, јас Јули бев Албанија али со приватен превоз но на оваа ТЕМА се скапавме прашување и за смештаи и триста чуда. Побарај во темава разни мислења.

edit: или ОВДЕ
ги разгледав прво овие,но не најдов ништо за превоз, од овде
(за од Тетово,сигурно има повеќе тргнувања)
сега вртевме и во некој агенции,па ќе видиме-најдовме нешто,
ама мора да се чека до понеделник кога отвараат после 9 часот.
 
Таа агенцијата од Чаир што е , братучед мој идеше од Скопје, преку Кичево 60 евра повратна мислам ама незнам до каде точно..ако те интересира да го прашам
 
Залади за Јонско море, ако не ви е за бањање...
 
Јас сум моментално Ксамил, времево е сончево 30 степени, плаќам апартман 12,5евра ценава е џабе поглед на море префлам улица и на плаза сум. поефтино од дома да седам, најголем проблем после шест-седум навечер слаб притисок на вода немозеш да се истушираш
 
Конечно најдов,секој ден има автобус за Валона во 21 часот.
Агенција МАЈС-Н во стара чаршија (карши Слога),повратна 40-45 е.
(само со лична карта,за преку нивната граница,така кажаа)
 
Конечно најдов,секој ден има автобус за Валона во 21 часот.
Агенција МАЈС-Н во стара чаршија (карши Слога),повратна 40-45 е.
(само со лична карта,за преку нивната граница,така кажаа)

Исправка. Овоја линија за Валона е само во екот на летната сезона.
-----------------
Но еве каков има секојдневен превоз до Албанија.
Два пати во денот,во девет наутро и во девет навечер има минибус од автобуска(под железничка)станица.Тој ве вози до Тетово,таму се преврлате во туристички автобус кој оди до крајна станица Тирана,преку
Кичево,Струга,Елбасан,Драч. Цена вон сезона повратна е 30 евра.
Сопира и ве остава и зема каде сакате.
 
Здраво!

дали сеуште постои таа агенциja Маjc-Н и дали имате телефон? Не сум во Македониja а сакам да наjдам превоз што оди секоj ден зошто многу одат во непарни денови а нас ни треба во парен (10.8). Дали е далеку од Валона до Ксамил?

Фала!
 
дали е пуштен патот елбасан-тирана,дали некој го возел овој пат?
 
Случајно најдов на ФБ, агенција која има линија за Валона, Саранда Ксамил...
Можеби некому ќе му биде од помош..[DOUBLEPOST=1406209999][/DOUBLEPOST]
дали е пуштен патот елбасан-тирана,дали некој го возел овој пат?
Да пуштен е, но не е довршен. Сепак доста го има скратено времето , него да одиш по сртот на Ќафкраба. И многу по пријатно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom