За тие баш стари игри порано подолго време поминувавме пред компјутер за да прејдеме некоја мисија, немаа означување па да го следиш непријателот, немаа мини мапа со откривање на непријатели на која страна се движат, како се свртени, дали идат кон тебе, немаа stealth meter кој покажува дали непријателот те приметува додека се движиш. Значи многу поинтересни и потешки и подолги за играње од денешниве набиени со детали, mark & execute, last known position, drones, мали мапи, кратко траат и истите ги свртиш за брзо време, и уште од утре веќе не ја ни паметиш.
Жими сега Sniper Elite 3 е направена да се игра доста доооолго, ама ако играш без да означуваш, без да го следиш непријателот со помош на означување, значи тотално тактички да ја играш играва, мапите се огромни, непријатели има во секоја мисија преку 100тина, полна е и со багови, но пак е солидна.