Требало „цврст доказ“, од типот како кај сите други (квалификувани) убиства, на пример убиецот/убијците сами да си признаат, да си се снимат, може и едно селфи , се прифаќа.... а не таму, да се скријат и уништат докази, да не негираат, не дај боже да се вдадат во бег, па грев за истражители, полициски детективи и инспектори, криминалисти, криминолози, па цели арсенали правни професиии ..А не ова, кај се видело, да се реконструира мотивот од другите правно-релевантни факти, сознанија и докази? А нашите сограѓани Албанци се опозиционен камп од „посебен вид“ во случајот. Тие, во своите вечни колективистички концепти во кои индивидуата е обична нула, во старт се навредиле како етникум, ти се молам, (?!) дури и да се помисли, камоли да се дозволи да излезе дека можеби најцрната вистина за тоа што се случило на Смилковското езеро е дека ова може да е терористичко дело на исламски верски екстремисти. Абе ниту видов, ниту прочитав, ниту слушнав еден, абе ЕДЕН, да каже „ ок, можеби ова навистина е дело на терористи, кои прво се терористи, а дури потоа се друго„. Не! Во старт, максимално и енергично одбивање на варијантата верски мотивиран тероризам. Дури и како можна, високо веројатна и многу логична варијанта од се што знаеме за случајот, дури и како најобични и најповршни посматрачи, дури и како најголеми лаици (место, време, начин на убиството - егзекутирање, живот на жртвите, тајминг и поширок контекст,итн). И за да се „елиминира“ оваа варијатна, се, буквално се, се прави, сите можни други реторики, обвинувања, дефокусирања се вадат, ма Рамковен, „ние жртви секогаш на полициски местенки“, ма македонски национализиам и шовинизам, па некои големи анализи на уште поголеми аналитичари за „таложено незадоволство, вакво , такво“ (и повторно, од тероризмот како варијанта, ни Т, освен - тоа да ти било местенка по моделот на Милошевиќ или не знам кој , демек за Албанците како носители на исламскиот фундаментализам на југот на Европа и други големи анализи од тој тип). А она што го гледавме на протестите? Видовме ли транспаренти од типот „Правда за жртвите“, „Фатете ги убијците“ (ако се верува и тврди дека овие осудените се невини, мислам, би требало, така?). Од она што видовме, од она што беше пренесено, јок! Нели ви е срам и ирам заради тоа?! И сега, браќа Албанци?! Ајде, објаснете, зошто толку енергично ја исклучувате варијантата тероризам?! Демек не е веројатна? Ова со сила сите ќе се правиме дека немаме грам памет и логика да расудуваме само за вие да не се чувствувате непријатно и навредено? ВАка најапла- немате никаво право да ја исклучувате таа варијанта само затоа што било варијанта на полицијата и судот, ниту пак сите да не набедувате да ја исклучиме оти вам, богати, тоа ве навредувало, онака колективно (небаре сите сте биле таму и сите сте пукале во матурантите!), па плус би ви дошло многу непријатно да се дознае дека можеби некои Албанци се исламски фундаменталисти и терористи. Или, не дај боже, може некои од вас потајно ги поддржувате тие и таквите, ама не е времето да се пројавите баш онака апла како што си прават по некои си таму други земји? САкате да почнеме тоа да го мислиме? Едвај чекам тоа странските експерти што ги бараат некои да се вклучат! И замислете ситуација, да излезе обвинителката и судот во право, аууу, навистина верски тероризам. Тогаш што ќе кажете? Извинете што бевме „изненаџени и увреѓени“ и што градевме „несоборлива презумција на невиност од тероризам со ефект на имунитет од судење по тој основ“ (важи само за граѓани по Рамковен). Во која ли џамија тогаш ќе се скријат тие што толку јавно и толку енергично ја негираат варијантата тероризам, со степен на сигурност небаре биле на местото и во времето на убиствата? Што ќе му кажат тогаш на Алах кој е голем, дури и за таков еден грев како нивниот? Пак ќе се повторам од пред извесно време - слободно зборете и за правда, и за вистина, и за ваква полиција, и за онаква обвинителка, и за суд, ама додека не чујам и видам признание на тоа дека е можно вистината и правдата да бараат осуда на некои за тероризам , и дека тоа е ок во старт, едноставно останува впечатокот дека вас баш ве заболе за и за кутрите жртви и за вистина и и за правда во случајот !!! Извинете мртви млади,ама тоа е! Мир на душата, и Туни и Гаџи ќе ве испеат, толку ги „боли“ душата за вас