Страшно е она што им се случи на БразиУ вчера. Доста од играчите покажаа дека не заслужуваат да го носат тој дрес и дека ова е една од најлошите генерации на Бразил. Криво ми е за шампиони како Цезар, Маикон, Силва, што мора да делат иста соблекувална со неспособњаци како Фред, Хулк, Бернард и да не набројувам натака затоа што долг е списокот.
Хулк?? Сериозно??? Дали постои поголемо дрво од овој човек? Најголем флоп на првенството е, и тоа убедливо. Ништо, ама баш ништо не покажа, дури и пеналот го утна против Чиле. Преплатен куртон од тоа руските нафташи, не знам како не им е мака што акнаа толку пари за фудбалер без мозок.
Луиз е дефинитивно лош играч, убаво пиша некој дека не е тука Тиаго Силва за да му ги пере гомната. Гледам Данте го критикувате, не е толку лош Данте колку што вчера немаше асален партнер во одбраната. Срамота, немам зборови за овој срам што им се задеси на Бразилциве.
За Германија не вреди да се трошат зборови, МАЕСТРАЛНИ! Да не почнам да зборувам за сите поединечно затоа што стварно нема некој што изигра лошо. Само ќе кажам дека Ноер не е нормален, буквално он е вон оваа планета, нека иде да се лечи затоа што тоа што го брани е невозможно. Голманиште, најдобар во светот моментално без никаква конкуренција. И за мене лично најдобар играч на Германија е Тони Крос.

Не постои подобар фудбалер од него во Германија, гледам повеќето зборувате за Милер, Шурле, Клосе, ама Крос е човекот. Германска верзија на Пол Сколс, МАШИНА!! Не знам дали и официјално е потврдено дека е играч на Реал, ама ако го земе Реал мислам дека нема сила што ќе ги запре следната сезона.