Германциве после дуелот со Алжир, видоа дека не им оди со тактики наметнати од други тренери, лажни деветки, тика-така формации итн. Јас сеуште тврдам дека да играа цело првенство со иста формација.... онаа што ја тераат Баерн, дека немаше да стигнат до тука. Ама ете, незнам дали на Лев му се јавила Меркел, или пак ги послушал советите на дуото Калинчев, сепак на крај во последен момент се спасија од резил, кога решија да ја променат формацијата, и почнаа да ја играат нивната стандардна игра. Она синоќа беше класично порно пред 24 часот, за што треба советот за радиодифузија стриктно да им пише казна на МТВ за пуштање 18+ материјал, во време кога и децата гледаат телевизија.... и да мило ми е за Бразилците, можеби не требаше толку да изгубат, ама сепак цело првенство беа напумпани за тоа како тие треба да го освојат турниров, и никој друг. Синоќа да играа Силва и Нејмар, пак џабе ќе им беше, пак ќе го јадеа ко Грчка со 3-4 комада во нивна мрежа.... со неиграњето на овие два играчи, само им ја олеснија задачата на Швабиве. Синоќешниот натпревар покажа дека овој Бразил нема ни "Б" од оној Бразил пред 12 години. И Купот на Конфедерации многу им беше, само уште толку се попалија играчите и фановите дека можат да го освојат СП.
Што се однесува до Германија, кога видов дека повторно се вратија на својата препознатлива игра и формација, знаев дека ќе тераат до финалето. Еј Лев го држеше Клосе, расен напаѓач на клупа првите 4 натпревари... и ми глумеше лудило во тие натпревари, какво самоубиство му беше тоа. Среќа им се повреди Шкодран, па мораше да смени формација :-D. Видете, ако вечерва Холандија ја победи Аргентина, тогаш шансите Швабиве да го освојат СП им се негде 65 до 70%, пред се заради тоа што Ван Гал им е тренер на Лалињава, па може да изненади психопатот...ама ако во случај се вкрстат со Аргентинциве во последниот дуел.... е тогаш нема потреба од гледање на тој натпревар, 100% ќе се Швабиве шампиони. И да мило ќе ми биде за Лам, Швајни, Подолски, Мертезакер и останатите играчи да го освојат турниров, дека го заслужија тоа.... посебно Клосе, заради овој човек ќе ми биде најмило.
И нека пратат една благодарница до Прандели, за тоа што Италија не им го попречи патот до финалето на Швабиве :')... Кога испаднаа Жабариве, шансите да освојат СП на Германциве им се зголемија за негде 40%
