Изгубени телефони во МК

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr. Mojo Risin'
  • Време на започнување Време на започнување

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.532
Поени од реакции
4.439
Извинете за темава ако има ваква избришете само ме интересира каква е постапката откако ќе ти се изгуби телефон.
Мене вчера ми се изгуби ајфонот и го пријавив у полиција со имеи и сите работи што ги бараат, и сеа ме интересира дали некој што имал ваков случај се десило да му биде лоциран и најден.
Т.е конкретното прашање ми е дали ако некој го продаде да речеме у Косово пак ке може да се лоцира и преку полоција да ти биде вратен или веќе пиши пропало.
Фала однапред и извинете ако темава е погрешна.
 
Ako имаш луѓе во полиција ќе го најдат за брзо.Во спротивно очекувај некој цале да си го користи!;)
 
Глупости се ова со луѓе у полиција. Не си праете лоши филмови. Зошто?
Затоа што татко ми е полицаец. На сестра ми и беше украден телефонот во дискотека од масичка, и сеутше не е најден или слично. Истото важи и за изгубен. Во 90% од случаиве се работи за луѓе што откако ќе уркадат/пронајдат телефон го продаваат на некој трговец и овој го носи у странство кај што неможе да се лоцира преку сателит од овде или слично, пријавувајте кај сакате, ако сакате и Груевски нека ви е родител, истото ќе ве снајде, телефонот назад нема.
 
Татко ти е обичен полицаец или нешто погоре во МВР, во службите за разузнавање, спречување криминал и слично?

Телефон, посебно ајфон, ако е уште на територија на Македонија и е ставена македонска картичка, и те како може да се лоцира. Тоа можеше кај телефоните без GPS што беа, не гледам причина зошто тука не би можело. Секој полицаец нема достапност до тие системи за пребарување, ако го имаш/знаеш вистинскиот човек одма ќе го решиш проблемот.
 
Еве мојот го бараат од декември ама никако да го најдат :D Не се надевај другар, ако е сменет IMEI или однесен во странтво не надевај се дека ќе го добиеш, што не ни верувам дека во полиција се замараат за изгубен/украден телефон.
 
Па и тоа ми беше најконкретно. Замарањето на полицијата као што рекоа некои членови погоре морам да имам некој познат таму за да он колку толку покуша. Шансите за да си го вратам ајфонот се сведени најминимално... Нека е со здравје (n)
 
На еден мој другар после 3месеци му го пронајдоа телефонот во сосема трет град и можно е и да го најдам ама да си го задржат засебе полицајците не се знае
 
Инсталирајте си cerberus од маркет и сами ќе си го најдете во таков случај. Друго е кога ќе отидеш во полиција со сите податоци, број на сим картичка, каде вртел, логови од смс и слично.
 
Извинете за темава ако има ваква избришете само ме интересира каква е постапката откако ќе ти се изгуби телефон.
Мене вчера ми се изгуби ајфонот и го пријавив у полиција со имеи и сите работи што ги бараат, и сеа ме интересира дали некој што имал ваков случај се десило да му биде лоциран и најден.
Т.е конкретното прашање ми е дали ако некој го продаде да речеме у Косово пак ке може да се лоцира и преку полоција да ти биде вратен или веќе пиши пропало.
Фала однапред и извинете ако темава е погрешна.
Ако го активираат во Македонија телефонот 100% ќе ти биде најден. МВР е поврзано со сите оператори во земјава и чим си го пријавил случајот со сите податоци тие веднаш праќаат изјава/молба или што и да беше до операторот и чим се активира телефонот веднаш ја известуваат полицијата, а потоа полицијата го известува корисникот.

Ако телефонот се активира надвор од земјава тогаш не го лоцираат и истиот нема да биде најден. Ептен ако се работи за некој исклучителен случај кој е поврзан за некое тешко убиство или ако е нешто во врска со државата само тогаш го бараат ако се активира во странство.
 
Ако знаете како да си го заштитите Ајфонот/Андроидот САМИ ќе го лоцирате телефонот било каде во светот... доколку се вклучи на интернет. Проблемот е ако не... но кој смартфон не се користи на интернет? ;) Дури и ќе си праќате selfiе од тој што го користи на имејл.

Одговорно тврдам дека еден Ајфон, уредно заштитен, може само да му користи за делови на некој доколку сте решителни да го "замрзнете". А и може да си го лоцирате како што кажав погоре.

A за наоѓање на телефон што се користи со МКД картички - piece of cake е доколку стварно се запне да се пронајде/се има врски. Со тоа триангулацијата ќе те лоцираат до собата дома. Не се толку затуцани МВР за тие работи како што генерално се мисли.
 
Последно уредено:
Преку т хоум може да се лоцира телефон, ГПС нема врска со лоцирање на телефон, само треба да биде уклучен и ИМЕИ број за да се пронајде. Имеи бројот се наоѓа на кутијата и на телефонот под батеријата.
 
Не само преку т-хоме, може да се лоцира и преку другите оператори оне и вип.
Кога полицијата бара мобилен, со посебна процедура ИМЕИ бројот го дава кај сите 3 оператори, и тие со апликација проверуваат во нивните системи која сим картичка е поврзана со тој ИМЕИ. Проверуваат податоци за СИМ картичката, име и презиме, улица итн. и му одат дома.
Сите знаеме дека најчесто полицијата не ги пронаоѓа украдените телефони, но тоа е друго. Евтини телефони не се замараат да бараат, скап телефон си го задржуваат џандарите за себе, или ако е однесен во странство нема да го најдат.
 
Едноставно, кој би се замарал и би трошел толку ресурси за еден факинг телефон? :)
Да, можеби тебе ти значи, ама телефон е - не автомобил. Нормално дека може да се најде и дека се наоѓаат, ама не очекувајте решавање на проблемот во експресно време.
 
Татко ти е обичен полицаец или нешто погоре во МВР, во службите за разузнавање, спречување криминал и слично?

Телефон, посебно ајфон, ако е уште на територија на Македонија и е ставена македонска картичка, и те како може да се лоцира. Тоа можеше кај телефоните без GPS што беа, не гледам причина зошто тука не би можело. Секој полицаец нема достапност до тие системи за пребарување, ако го имаш/знаеш вистинскиот човек одма ќе го решиш проблемот.
Татко ми е сообраќаец, ама нема врска тоа, повржан е со сите колеги и се знае и со тие од појака функција од него. Влечеше врски, дури се избори и побргу да земе потпис од судија со кој официјално телефонот ќе почне да се бара преку полиција и т-мобајл, ама џабе е, телефонот е највероватно вон МК и вржани се рацете и на полиција и на Т-мобајл.
Мојот совет ти е да се опростиш од телефонот и да го прежалиш. Можеби и сеуште е во МК, и кога ќе се вклучи тогаш дефинитивно полицијата ќе ти се јави да си го земеш, ама како што реков шансите за такво нешто се сведени на минимум затоа што сепак се работи за лопови и криминалци кои се свесни дека тука не смеат да го вклучат телефонот и веќе го продале во Косово :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom