Кои ти се тие цел куп поквалитетни играчи само да знам?! Реално од тоа што донесоа, навистина вредат Грне и Ерменецот пред се, и донекаде Глигоров и Глишиќ. Другото е се за во отпад! Кој е оној голман што го довлечкаа од Хрватска, какво фајде од Љамчевски и син му на Зеко на кои врв у кариерата им се Работнички и Металург, зашто го оставија Бојовиќ, зашто го враќаа назад Адемовиќ?!? Па што е Вардар... завод за рехабилитација на пензионери и тешко повредени играчи?! И што е најтрагично, зачудува оваа резервираност и ноншалантност, се понашаат како Вардар да има некој си екстра тим! Нели беа спремни да истресат големи суми за Шиков, Мојсов, Георгиевски и ред други наши интернационалци?!? Зашто сега не ги пренаменат истите за некои други квалитетни имиња?!? Каде се двајцата од Звезда што ги најавуваа? Другиот Ерменец? Се ми се чини дека пак ќе искочи млатење празна слама. Времето ги гази немилосрдно... не знам колку се свесни.