Претпоставувам дека ова не би било популарно мислење на форумов, али сакам да кажам дека ептен го поштувам Кевин Харт, смешно човече ми е и сакам да почне да глуми во посмешни/мејнстрим филмови, бидејќи ми фали некоја нова личност во комедииве. Вил Ферел не ми е ептен смешен т.е. нема харизма така да во светот на комедиите немало некоја јака фаца од дамна. Порано беа Лесли Нилсен и Стив Мартин, па едно време и Чарли Шин, па 90тите беа на Џим Кери, па ете Адам Сендлер едно време доминираше со филмовиве со Овен Вилсон и Бен Стилер во позадина како добри ликови а сега нема никој посебно. Ете Вил Ферел беше пред неколку години со Стив Карел. Па еве сега Сет Роген е тој лик, ама мене Сет Роген не ми е премногу смешен така да ми фалат "колоритни" ликови што со самата своја појава те тераат да се смееш бидејќи се позитивни, откачен и забавни.
А овие во последниве години освен Стив Карел се премногу монотони ликови и покрај нивниот хумор.
Така да се надевам дека Кевин Харт ќе почне да одбере некоја комедија со некој од погоре спомнативе ликови што ќе биде смешна и со тоа ќе се докаже дека е ликот на комедијата за 2010тите.
И те како може да биде the next big thing на бокс офисот. Со право го споредувам со Џим Кери иако нивните стилови на комедија се крајно различни. Џим Кери и покрај тоа што е белец првиот break through го имаше во In Living Clour скеч шоу со повеќе црнци во него, и со тоа стана популарен и кај тоа население. Кевин Харт поради популарноста со/во НБА е популарен и кај белците ама му фали уште еден голем успех во филм со ликови ко Ферел,Роген и сл. за да се докаже дека е лик кој што ќе биде обожаван и од белците и од црнците и од сите. Бидејќи тоа е и целта на комедијата, да спојува луѓе.
Малце долг пост за несериозна работа ама не можев никако да се запрам

Хумор-најсериозната не сериозна работа на светот.
