Се извинувам што се убацувам на темава како падобранец, ќе напишам само неколку поенти кои мислам дека се суштински за хомосексуалните права во македонското опшество.
Сега е актуелно уставното дефинирање на бракот како заедница од маж и жена. Според мене мора и треба тоа да се направи, безразлика која партија е на власт . Дури 95 проценти од граѓаните сметаат дека бракот треба да се дефинира во уставот. Ова е една од ретките теми за која нема етничка и верска поделба во Македонија. Тоа значи дека сите македонци, албанци, турци, роми, христијани, муслимани сме едногласни по ова прашања . Помеѓу политичките фактори е исто . Грујо, Заев, Тачи, Ахмети, се исто така едногласни . На Дедо Стефан и Реис ул Улема Ефенди Сулејман Реџепи ставот им е ист и јасен како ден - бракот да се дефинира како заедница помеѓу маж и жена !
Регулацијата по ова прашање ќе значи гаранција дека за промена на ова прашање ќе треба широк консензус.
Не се лажете дека дека влезот во ЕУ ќе ни биде условен со геј права . Европа не претставува пакет на либерални движења, а влезот во Европската унија не значи откажување од нормалните семејни вредности. Не заборавајте дека во ЕУ моментално се во силен пораст десничарските анти - геј партии. Словачка земја - членка на Европската Унија од неодамна го
дефинираше бракот како заедница помеѓу маж и жена, од Брисел никој не реагираше . Значи ништо од тоа .
Друга работа . Про - геј сапортерите често тврдат дека со текот на времето средината кај нас ќе се либерализира одвнатре, па прашање на време е само кога тие ќе добијат право на брак, геј паради и посвојување деца. Да, можеби по 50 - 70 години мнозинството од граѓани ќе размислуваат различно , но заради чуствителноста на ова прашање, ќе треба да обезбедат широк општествен и верски консензус. А знаете кога ќе се случи верските заедници кај нас да дадат амин на таков широк опшествено - верски консензус ?? Никогаш . Ако не верувате, дојдете и после 50 год. цитирајте ме на темава ќе видите дека ќе биде исто .