
Вака се води дискусија.
За првото. Јас лично верувам дека ако земеш 3 деца (може и повеќе) и ги одгледуваш на исти начин, ама буквално се` исто, сепак ќе излезат на крај различни луѓе. Можеби некои од нив ќе имаат слични ставови, ама има голема шанса да имаат и различни ставови.
Така и ова што го кажуваш ми има логика. Значи, мислам дека образованието и обликувањето на умот кај луѓето од мала возраст не е е пресудно, ама верувам дека има улога, а колку, зависи од детето. Сигурна сум дека има луѓе што пораснале со многу омраза околу нив, па сега се доста либерални. Од детето зависи дали нешто ќе земе како позитивен или негативен пример.
За третото. Пак зависи од човекот.
Сигурна сум дека има луѓе кои се без предрасуди и омраза према било кого, ама не верувам дека ги има многу. Нормално е секој човек да има нешто со кое се согласува или прифаќа, и нешто со кое не се согласува/прифаќа. Неможе да сакаме и поддржуваме се`