TD, hands down.
Фарго е супер, во секој поглед одлично изработена сезона. Има премногу серии, премногу сезони, не е тешко да се најде серија (колку и да ти е уникатен вкусот), што ќе те задоволи и ќе си речеш “ок, ова вреди да се гледа“ или “сакам серијава никад да не заврши“. Првава сезона од Фарго (бтв почнав да ја гледам само зашо ми ја споредија со ТД у квалитет
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) супер ми го извозе филмот, ми беше интересна за гледање, стварно треба да се напнеш на хејтање за да можеш да и најдеш мани и да ја критикуваш,
ама,
Тру Детектив ми е некст левел ствар, епизода по епизода ме навлекуваше се повеќе и повеќе, ме опседна приказната, ме воодушеви глумата, ме направи зависен. Успеа да направи да се соживеам со карактерите, да ја осеќам нивната напнатост, нивната внесеност во приказната и случајот, верувам дека сите барем малце влегле во кожата на Раст. Тоа е моќта на одлична серија/филм/било што..
Две одлични први сезони, две основи што ветуваат многу. Интересно е тоа што понатаму и двете серии продолжуваат со нови приказни и карактери и мислам дека треба стварно да се потрудат и двете екипи за следните сезони да ги надминат првиве, се надевам ќе успеат.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)