Скопје, едно прекрасно парче од Македонија, еден прекрасен град исполнет со преубави урбанистички пејсажи кои потсетуваат на големата историја што ја поседува градот, за многуте битки што се воделе во минатото за зачувување на овој прекрасен бисер на Балканот. Живеејќи во Скопје ќе го почувствуваш тој силен жар, ќе те понесе убавината на ноќниот живот и преубавите девојќи. Но, тука има една бариера што ме тера да застанам, да кажам стој. Тоа е народот во него, не сите, туку некои одредени личношти што живеат во Скопје и ги нарекуваат оние од другите градови "провинцијалци", но не ме навредува зборот провинцијалец туку мислата што доаѓа со тој збор. Не значи дека ако живееш во друг град и ако зборуваш друг дијалект, си необразован, некултурен, сељак и сл. Па луѓе срамно е да се дискриминираме според место од кое доаѓаме. Јас не сум од Скопје, го сакам како град, но никогаш не сум сакал да живеам во него, не ги сакам гужвите, не сакам да "искачам", сакам да "излевам", не би сакал да работам, ниту избрав да студирам во Скопје. Но Македонија не е само Скопје, времињата се менуваат и другите градови пружат идентични услови како во Скопје, излезете од Скопјево па ќе видите. Престанете да ги слушате приказните на баба и дедо за тоа како околу Скопје се се врти. Поздрав до сите "Метрополџии" ... Peace