Иако одбивам да верувам дека цитираново е напишано од било која друга причина настрана од нервирање либерали, анархисти и слични, не е на одмет ова малку да се елаборира, кога веќе е свесно напишано, ако ништо друго барем во таа еволутивна смисла. Значи, во првата фаза рандом Астролопитеко бил несуден Македонец, ги носел оние неколку карактеристики на идниот Македонец, за да неговото конечно, кодификувано помакедончување ја претставува конечната етапа, онаа ненадминлива, ненадјебива? Малку го подрива цитираното оној, eден од многуте, Џон Гурбетов, од Канбера, по дедо од Облешево.
И кога веќе дебункираме (оти, нели, деца читаат) да одиме до крај за некој да не се излаже дека авторот имал било какви други мотиви освен нервирање на луѓе од маргините. Декшаај
Уникатните достигнувања на нашата култура. Која култура, онаа апстрактната, полнета со ефтин стиропор и шлапната сред Скопје или онаа поблиската, до пред некои 100-150 години, фактичка култура, пренесена на хартија, со живи сведоци? Јас што сум читал дела од тој период, оригиналите обавезно на блгарски...се нешто таму ас сам блгарин, ние воф блгариа. Првиот татко на нашиов јазик, г-дин Мисирков, кога го читав, тежок пишман аџија ми се виде. Мислам дека флертувал со идејата да не е блгарин. Онака лаички. Романтизирал. Тој Никола Карев, воџата, кога пропаднал Илинден, станал фракција на една бугарска партија. Итаканатаму, итаканатаму. Имаме интернет, може делата од тогашните автори да ги најдеш во тоа нивно, кобно, оригинално издание. Да прочиташ за лојалностите и воопшто, свеста за било каков идентитет на луѓето што живееле овде. Можеш да прочиташ и за тоа како била пречекана бугарската војска во Штип во втора светска, ако веќе си почнал. Не викам дека нема да го најдеш зборот Македонец до средина на 20-ти век. Ќе го најдеш. Го има, тек-тук.
Во контекст на горе образложеното, ако го земеме тоа минато at face value, трудна е работава. Мора да се договориме од кај ќе продолжуваме. Дали од стиропорот во Скопје и се што тој претставува, преку Цар Самуил(сосе Василие Втори, познат како бугароубиец), преку просветители, илинденци и се од нив оставено како аманет или пак ќе скокаме делови. Не бива со 24 години држава и обид за идентитет да се перчиме, мора копање. А кај и да копнеш, саде блгари, срби, едно чудо евреи во Солун, по некој грк, турци(дел новокомпонирани) таму во Струшко и во Полог...
И на сите Југословени, верни на својата земја и благодарни на Другарот.