Добро утро. Јас што зборам цело време? Сликата со евреинот што ја постираше што е?
Каква е таа слика со евреин сум ја постирал? Да не си се збунил нешто?
Ама работата е што културата нема сопственик. Дали тоа што Битлси не се македонци е аргумент да не ги слушам бидејќи тоа не е дел од "мојата култура"? Што ако за мене таа култура е уникатно достигнување? Вкусовите, интересите, сличностите не се наследуваат по механички пат само затоа што некој те смета за дел од колектив.
Не станува тука збор за наследување, туку за гордост и сложност. Прочитај си ја уште еднаш сликицата што ја најде на фб. Нагласокот тука е на гордеењето. Неможеш да ги наследиш достигнувањата на сопствениот народ, можеш само да се гордееш со нив. Тоа е на доброволен основ.
Ако сметам дека направеното заслужува почит, ќе има почит од моја страна. Мотивот е најмалку битен, резултатот е тоа што е битно. На пример јас имам огромна почит кон луѓето што го создале интернетот, но незнам што им било мотив за тоа. Можеби мотивот за тоа бил нешто смешно или бизарно....но крајниот резултат заслужува почит.
Без навреда, но ова е мошне глупав начин на резонирање. Мотивот на Никола Карев и Питу Гули за создавањето на Крушевската република било да го ослободат Македонскиот народ од 5 вековното турско ропство и да обезбедат иднина на македонците во слободна и независна Македонија.
Нивниот резултат бил разочарувачки беззначаен. Крушевската република траела само 10 дена, од 3 до 13 август.
Не сфаќаш колку е глупаво и неписмено да тврдиш дека овие дејци не заслужуваат никаква почит?
Под "common sense" мислев на здраворазумско - аргументирано размислување, каде ставот треба да подлежи на аргументи.
Но ти не понуди никакви аргументи. Затоа и се фати за зборот "common" небаре нема потреба да ми се докажуваш, сите разумни луѓе се слагаат со тебе, здравиот разум.
http://www.logicallyfallacious.com/index.php/logical-fallacies/24-appeal-to-common-folk
Национализмот е зло, бидејќи е причина луѓето да заборават дека се дел само од една вистинска "нација" - човештвото.
Не постои "човештво". "Човечкиот вид" е еднакво корисен термин како терминот "камен". Сите камења се камења, но не сите камења се исти.
Една држава и еден устав можат да бидат аплицирани на сите човекови заедници и групи од тука до Африка. Меѓутоа држава и устав кои се создадени за сите нации се создадени за ниедна, таа држава и устав се чиста апстракција, школска вежба чија цел е да го вежба умот во согласност со хипотетички идеал, адресиран на луѓе кои во мозокот живеат на имагинарни места.
Не постои такво нешто како "човек". Постојат македонци, срби, хрвати, албанци, ама "човек" не постои. Што се една држава и еден устав ако не решенија на проблемот да се најдат закони кои се најскладни со одредена нација, земајќи ги во предвид нејната популација, обичаи, религија, географија, политички односи, богатство и добри и лоши квалитети?