Национализам...позитивен или негативен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Со кои уникатни достигнувања се годрееш ти за твојата нација? кое достигување го направила твојата нација за доброто на човекот, квалитет на живот,
За почеток со азбуката со која шо ти комуницираш со нас, со твоите родители и со твоите пријатели.Би наведел и други докази ама clearly си braindead особа така да не вредит да трошит чоек време на тебе, ваљда ке порасниш некој ден.

Вашите предци ги стрелале оние кои денес вие ги идолизирате.

Те молам одговорими зошто коментираш на тема за која очигледно ништо не знајш.АМА БУКВАЛНО ништо не знајш.Никаква врска немаш со темата на која коментираш, те молам објасними која сила те терат да коментираш на ваква тема ?!
 
За почеток со азбуката со која шо ти комуницираш со нас, со твоите родители и со твоите пријатели.Би наведел и други докази ама clearly си braindead особа така да не вредит да трошит чоек време на тебе, ваљда ке порасниш некој ден.
!

Азбука? на светов има стотици азбуки, што е толку посебна оваа азбука?
 
Те молам одговорими зошто коментираш на тема за која очигледно ништо не знајш.АМА БУКВАЛНО ништо не знајш.Никаква врска немаш со темата на која коментираш, те молам објасними која сила те терат да коментираш на ваква тема ?!

Имаш право, не знам. Ај сега просветли ме со уште некоја сликичка. :icon_lol:
 
Не постои такво нешто како "човек". Постојат македонци, срби, хрвати, албанци, ама "човек" не постои.

Иако одбивам да верувам дека цитираново е напишано од било која друга причина настрана од нервирање либерали, анархисти и слични, не е на одмет ова малку да се елаборира, кога веќе е свесно напишано, ако ништо друго барем во таа еволутивна смисла. Значи, во првата фаза рандом Астролопитеко бил несуден Македонец, ги носел оние неколку карактеристики на идниот Македонец, за да неговото конечно, кодификувано помакедончување ја претставува конечната етапа, онаа ненадминлива, ненадјебива? Малку го подрива цитираното оној, eден од многуте, Џон Гурбетов, од Канбера, по дедо од Облешево.

И кога веќе дебункираме (оти, нели, деца читаат) да одиме до крај за некој да не се излаже дека авторот имал било какви други мотиви освен нервирање на луѓе од маргините. Декшаај

Национализам:
Национализмот исто така те учи да се гордееш со уникатните достигнувања на твојата култура и да посакуваш да продолжиш да гледаш такви достигнувања во иднината, отколку да дозволиш да бидат измиени од неколку мозоко измиени либералчиња.

Уникатните достигнувања на нашата култура. Која култура, онаа апстрактната, полнета со ефтин стиропор и шлапната сред Скопје или онаа поблиската, до пред некои 100-150 години, фактичка култура, пренесена на хартија, со живи сведоци? Јас што сум читал дела од тој период, оригиналите обавезно на блгарски...се нешто таму ас сам блгарин, ние воф блгариа. Првиот татко на нашиов јазик, г-дин Мисирков, кога го читав, тежок пишман аџија ми се виде. Мислам дека флертувал со идејата да не е блгарин. Онака лаички. Романтизирал. Тој Никола Карев, воџата, кога пропаднал Илинден, станал фракција на една бугарска партија. Итаканатаму, итаканатаму. Имаме интернет, може делата од тогашните автори да ги најдеш во тоа нивно, кобно, оригинално издание. Да прочиташ за лојалностите и воопшто, свеста за било каков идентитет на луѓето што живееле овде. Можеш да прочиташ и за тоа како била пречекана бугарската војска во Штип во втора светска, ако веќе си почнал. Не викам дека нема да го најдеш зборот Македонец до средина на 20-ти век. Ќе го најдеш. Го има, тек-тук.

Тука не спаѓа само фокусирање на минатото, туку и желба за тоа минато да биде продолжено во иднината. А иднината е битна.

Во контекст на горе образложеното, ако го земеме тоа минато at face value, трудна е работава. Мора да се договориме од кај ќе продолжуваме. Дали од стиропорот во Скопје и се што тој претставува, преку Цар Самуил(сосе Василие Втори, познат како бугароубиец), преку просветители, илинденци и се од нив оставено како аманет или пак ќе скокаме делови. Не бива со 24 години држава и обид за идентитет да се перчиме, мора копање. А кај и да копнеш, саде блгари, срби, едно чудо евреи во Солун, по некој грк, турци(дел новокомпонирани) таму во Струшко и во Полог... :(

Мило ми е што моите предци ги изградиле институциите што ги изградиле мислејќи на иднината на децата на нивните деца.

И на сите Југословени, верни на својата земја и благодарни на Другарот.
 
Имаме интернет, може делата од тогашните автори да ги најдеш во тоа нивно, кобно, оригинално издание. Да прочиташ за лојалностите и воопшто, свеста за било каков идентитет на луѓето што живееле овде. Можеш да прочиташ и за тоа како била пречекана бугарската војска во Штип во втора светска, ако веќе си почнал. Не викам дека нема да го најдеш зборот Македонец до средина на 20-ти век. Ќе го најдеш. Го има, тек-тук.

На пример зборовите на еден наш национален херој:

„Јас во душа сум анархист, по дела - револуционер!

Власта е симбол на измамата, на насилството, на грабежот!

Тешко му е на човек да има работа со шарлатани, какви што се овдешните управници, нечовечни акробати, ...политички камелеони... затоа што истите управници, надвор од другите свои безобразлуци, сакаат да ја повторат срамната игра во нашето дело во 95-тата година!

Го прашуваме Г-н Стоилов: Која е целта што ја гониш со ова, о несреќно бугарско пигмејче, та не предвидуваш дека патот на твоето поведение води само кон пропаст! Нема ли во тебе капка од онаа бугарска добрина, која се вика сочувство кон маките на своите блиски? Зошто гониш, зошто затвораш, зошто ги интернираш оние доблесни синови на несреќна Македонија, кои ја имаат храброста и на збор и на дело, да проповедуваат револуција против султанот? Зар не мислиш дека еден ден за сите тие работи ќе треба да се рапортира пред историјата? Тогаш мрачни дипломату, што ќе рече потомството за тебе?
Ние се бориме за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население! Ако тоа не го направиме, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави или ќе биде разделена помеѓу нив! Тогаш ќе бидеме метачи со половина опинок: Подобро да не сме живи ако го допуштиме тоа!

Гони ги управниците, мрази ги и востанувај против секој владетел! ......

Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување на народите!

Со нашиот живот, каков е, станав веќе фаталист. Ноќеска сонував дека турци ме удриле во срцето! .......

Ах, момци, рани ..... “

- Гоце Делчев

(Малку „измодернизирав“ некои зборови, оригиналниот текст ми е забутан во архивата)
 
Во контекст на горе образложеното, ако го земеме тоа минато at face value, трудна е работава. Мора да се договориме од кај ќе продолжуваме. Дали од стиропорот во Скопје и се што тој претставува, преку Цар Самуил(сосе Василие Втори, познат како бугароубиец), преку просветители, илинденци и се од нив оставено како аманет или пак ќе скокаме делови. Не бива со 24 години држава и обид за идентитет да се перчиме, мора копање. А кај и да копнеш, саде блгари, срби, едно чудо евреи во Солун, по некој грк, турци(дел новокомпонирани) таму во Струшко и во Полог... :(
Се тоа си е договорено. Настрана Аце и Филип, другото си има континуитет. И Цар Самуил, и просветителите, и анархистите што салутирале во Софија секогаш кога Бугарите ќе подигнат глас, па после пишувале трогателни писма (нешто ко Љубета и Филип Петровски, Бог да ги прости и анархистите и другиве :place: ), и тоа комитите конзервативци што решиле да салутираат само на Софија и биле горди на тоа, и тоа комитите младотурци што прво салутирале на Софија, па се пишманиле и почнале и во Стамбол малце, и тие што си ебеле матер меѓусебно меѓу двете светски, и партизаните левичари што гинеле за Тито и партијата, и партизаните кои не ги болело за Тито и партијата, туку за заштита на домот, и партизаните кои ги болело повеќе за Солун отколку за Срем...

Све тоа се става во стриропор и се учат децата и внуците дека тие биле правите херои, дека треба да бидат горди на нив и да прават македончиња. Во спротивно, некој Мухамед ќе ги шета внуците и ќе им вика овде живееа глупи каури на кои им беше фрапантно што предците не им биле непогрешливи. Ја го убив брат ми пошто имаше поубава жена, ја женев и нејзе и дојдов овде да ги избркам...
 
Се има освен континуитет. Ако бараме континуитет на онаа, идентитетска димензија, го немаме се до ослободувањето на Југославија от 'Итлер. Погоре од другарката Хакуна Матата имаш извадок од преписката на Гоце наш, а преку содржината секој малку подобро поткован знае дека Гоце се осврнува на географскиот момент, како и многу пред него и многу по него.
Шодапраиш, како и да ја вртиш и што и да одлучиш да им кажуваш на наредните генерации за да пумпаат македончиња, останува тоа дека македонецот е последица, за жал, на интересите на некои други. Многу свежа последица. Ние како народ сме производ на некои настани во 20-ти век, со кои било потребно некој да ослабне, некој да се етаблира. Овде ги тргам настрана личните емоции и лојалности. Тие викаат дека јас сум Македонец, дека имам моја држава, мој дом, дека секој кој ќе ми влезе во домот и ќе сака да ми наметнува правила, агресивно ќе биде протеран, ако треба од шума, ако треба со пушка...и се тоа. Тие викаат дека независно минатото и оној sheepish менталитет на моите предци кои биле се' освен Македонци, јас ја имам таа среќа/несреќа да бидам една од првите генерации на Македонци кои живеат во Македонија(во вистинската смисла, без тенденции на небесни народи времето само да го наметне небесниот идентитет) и самиот тој факт ја дава потребната сила да се опстои и при една таква поразителна историја, при една ваква случајна држава и една ваква перверзија од стиропор и мермер, со која, наводно, ние ќе се спасиме од страшниот Мухамад.
 
Зошто некој мора да знае дека нема континуитет на идентитетската димензија. Уствари, има 10 пати посилен континуитет од тој што ги поврзува Хелените со денешниве Грци. Тоа не им смета на Грците да бидат идентитетски најцврстиот народ на Балканов.

Дали самиот тој факт ја дава потребната сила видовме при првиот тест на генерација образована со такви вредности. И при вториот. Третиот. Првиот беше со дводелно прашање, во вториот бевме држава со најмногу болни во Европа, во третиот некои прашања не заслужуваа одговор. Наводноста на стиропорот сега за сега може да го мериме емпириски само по ФБ слики, низ теми и по прегледи на јутуб. Не му оди воопшто лошо, досега. Особено што е многу нов. Посериозниот тест ќе го доживее после десетина години.
 
Зошто морало некој да знае. :D
Teбе ти пишувам, на македонски форум, муабет правиме. Ако отидеш на некој грчки форум, ќе ги најдеш Разиелакис и Бастердокис како се расправаат за тоа дали се они хелени или маџиро-турко-германски производ. Ебати паранојата.
Грчиот идентитет е произведен во 18-ти век, од тогаш наваму имаш делување исклучиво во насока на негово зацрврстување. Македонскиот два века подоцна, со сосем поинаква крајна цел и сосем поинаков внатрешен менталитет и полагање заклетви. Не знам од кај го извади тој 10 пати посилен континуитет.

Aaa, ти си се фокусирал на последниве години, во владеењето на Тврдокорните. Се слагаме. Јака резбовка маваат. Лупни се', и шугаво и сакато у стиропор, пиши континуитет, врескај "imetonegodame", дај му три илјади евра на Тајзи да си чука главата кои тоа херои што за земјава гинат да ги наброи во тоа гомцето од песничка, за на крај да одлучи да пее за Мекејлеб...и готоо, си создал идентиминитет. Или си зацврстил идентиминитет. Супер им оди. Живи, здрави за десет години ние ќе мора тие гомна да ги чистиме, ако сме уште тука. Ние, да. Никој друг. Наше наследство е оваа перверзија. Трепери, смртнику. :D
 
Иако одбивам да верувам дека цитираново е напишано од било која друга причина настрана од нервирање либерали, анархисти и слични, не е на одмет ова малку да се елаборира, кога веќе е свесно напишано, ако ништо друго барем во таа еволутивна смисла. Значи, во првата фаза рандом Астролопитеко бил несуден Македонец, ги носел оние неколку карактеристики на идниот Македонец, за да неговото конечно, кодификувано помакедончување ја претставува конечната етапа, онаа ненадминлива, ненадјебива? Малку го подрива цитираното оној, eден од многуте, Џон Гурбетов, од Канбера, по дедо од Облешево.

И кога веќе дебункираме (оти, нели, деца читаат) да одиме до крај за некој да не се излаже дека авторот имал било какви други мотиви освен нервирање на луѓе од маргините. Декшаај

Уникатните достигнувања на нашата култура. Која култура, онаа апстрактната, полнета со ефтин стиропор и шлапната сред Скопје или онаа поблиската, до пред некои 100-150 години, фактичка култура, пренесена на хартија, со живи сведоци? Јас што сум читал дела од тој период, оригиналите обавезно на блгарски...се нешто таму ас сам блгарин, ние воф блгариа. Првиот татко на нашиов јазик, г-дин Мисирков, кога го читав, тежок пишман аџија ми се виде. Мислам дека флертувал со идејата да не е блгарин. Онака лаички. Романтизирал. Тој Никола Карев, воџата, кога пропаднал Илинден, станал фракција на една бугарска партија. Итаканатаму, итаканатаму. Имаме интернет, може делата од тогашните автори да ги најдеш во тоа нивно, кобно, оригинално издание. Да прочиташ за лојалностите и воопшто, свеста за било каков идентитет на луѓето што живееле овде. Можеш да прочиташ и за тоа како била пречекана бугарската војска во Штип во втора светска, ако веќе си почнал. Не викам дека нема да го најдеш зборот Македонец до средина на 20-ти век. Ќе го најдеш. Го има, тек-тук.

Во контекст на горе образложеното, ако го земеме тоа минато at face value, трудна е работава. Мора да се договориме од кај ќе продолжуваме. Дали од стиропорот во Скопје и се што тој претставува, преку Цар Самуил(сосе Василие Втори, познат како бугароубиец), преку просветители, илинденци и се од нив оставено како аманет или пак ќе скокаме делови. Не бива со 24 години држава и обид за идентитет да се перчиме, мора копање. А кај и да копнеш, саде блгари, срби, едно чудо евреи во Солун, по некој грк, турци(дел новокомпонирани) таму во Струшко и во Полог... :(

И на сите Југословени, верни на својата земја и благодарни на Другарот.

Историјата не е сочинета саде од војни и империи, и недостатокот на славна политичка историја не е оправдување за само-омраза.
А твојот коментар труе на само-омраза.

Дури и кога би се прифатила твојата маргинализирана верзија на модерната политичка историја на Македонија, остануваат уште многу работи на кои еден македонец треба да се гордее. Република Македонија е една од ретките примери во светот каде "иредентистичко движење" успеало во својата кауза да создаде сопствена држава со народ кој ќе биде свој на своето, туѓ на туѓото, автономен и слободен. Понатака, богатата историја на нејзината култура, уметност, литература, архитектура се протега уште од доселувањето на првите словени на Балканот. Фактот што неможеме да се накитиме со славно воено минато како србите или бугарите, не значи дека сме невредни за гордеење.

Веќе знам што ќе кажеш следно, и во право си. Ова не е баш доволно да ја залечи само-омразата на просечениот едуциран македонец кој се повеќе е заведуван од либерална/космополитска/анархистичка реторика, кога си го гледа народот како тоне во мизерија и тоталитаризам. Вака едноставно си се осеќа поубаво, напуштајќи го бродот кој тоне.

И тука доаѓаме до мотивот позади твојот коментар. Ти го изанализира мотивот позади мојот коментар со надеж дека подобро ќе ме разбереш и подобро ќе дискутираме. Сега сум на ред јас:
Верувам дека мотивот на твојот коментар погоре е повеќе емотивна реакција на последната деценија од Македонската држава отколку сува рационалност. И ова е во крајна мера погрешен пристап.

Само затоа што во последната деценија и нешто, колективниот дух на македонскиот национален идентитет беше реформиран и емаскулиран од една популарна политичка гарнитура, воопшто не е оправдување за тенденциите на самоомраза кон сопствената националност, народ и култура. Историјата е учител, а самиот национализам претставува многу повеќе од гордост. Национализмот (а не државата) е тој што е потребен за зачувувањето на нацијата. Нација без чувства на националност или ќе се расцепи или ќе биде голтната од нешто поголемо од нејзе. Потребно е да знаеш од кој тим припаѓаш за да преживееш на овој свет. И нема потреба да се залажуваме себеси: опстанокот е и секогаш бил тимска задача.
 
Зошто морало некој да знае. :D
Teбе ти пишувам, на македонски форум, муабет правиме. Ако отидеш на некој грчки форум, ќе ги најдеш Разиелакис и Бастердокис како се расправаат за тоа дали се они хелени или маџиро-турко-германски производ. Ебати паранојата.
Грчиот идентитет е произведен во 18-ти век, од тогаш наваму имаш делување исклучиво во насока на негово зацрврстување. Македонскиот два века подоцна, со сосем поинаква крајна цел и сосем поинаков внатрешен менталитет и полагање заклетви. Не знам од кај го извади тој 10 пати посилен континуитет.
Десет пати посилен континуитет бидејќи од цар Самоил наваму ако ништо друго има бар биолошки континуитет. Грчкиот идентитет се базира на достигнувањата на Хелените, не на тие на хунтата и како таков, гледано рационално треба да е многу тенок. Ама не е. Што значи дека ако се сака може да се исконтруира секаков Франкенштајн.
Aaa, ти си се фокусирал на последниве години, во владеењето на Тврдокорните. Се слагаме. Јака резбовка маваат. Лупни се', и шугаво и сакато у стиропор, пиши континуитет, врескај "imetonegodame", дај му три илјади евра на Тајзи да си чука главата кои тоа херои што за земјава гинат да ги наброи во тоа гомцето од песничка, за на крај да одлучи да пее за Мекејлеб...и готоо, си создал идентиминитет. Или си зацврстил идентиминитет. Супер им оди. Живи, здрави за десет години ние ќе мора тие гомна да ги чистиме, ако сме уште тука. Ние, да. Никој друг. Наше наследство е оваа перверзија. Трепери, смртнику. :D
Пресекот '45-'08 и '08-наваму е сосема легитимен. И создавањето идентитет не е толку сложен процес. Полуписмени попови создавале идентитет, полуписмени сељаци создавале идентитет со вакви песмички и Тајзи со 3000 евра и малку поише суптилност мошне успешно може да создаде идентитет.

За десет години единственото нешто што ќе го чистиме ние е самите нас од асфалтот. Прибидејќи ќе бидеме растурени на него, исто како „државотворниве“ сиротињи родени во 50-тите и 60-тите што ги растураат сега. И нема да знаеме каде ни е главата. Треперам. :D
 
Ја користиш.
Тоа што ја користам ја прави уникатна? или дека така налагат правилата на форумов?
Немам проблем и на англиски да пишувам, азбуката не е уникатно откритие, и плус оваа азбука е копирана од други азбуки, не е измислена од македонски националист :)
 
биолошки континуитет

:D

А твојот коментар труе на само-омраза.

Де отплеткај го аргументов и осврни се на цитираното пред да даваш вакви квалификации. Која е појдовната точка за да заклучокот биде себеомраза? Тоа дека како Македонец сум напишал дека историјата ни е преполна со некои мистични бугари(во оној мнозинскиот дел) кои живееле на оваа територија и се бореле во име на тие цареви и империи? И по автоматизам треба да е себеомраза оти јас само сум се осврнал на нешто што е заклучок на невројатно голема архива на историски податоци, литература, патеписи, сведоштва? Нешто што и од чевли да се извадиш, нема да можеш да го оспориш, барем не пред малку поучени луѓе. Или ја користиш онаа Миленко реторика дека секој кој ќе се осмели да изрази став различен од актуелната пропаганда е гнасен хејтер, си го мрази одразот во огледало, а не па народот и си бара линч? Не знам, ама вака меѓу мене и тебе у доверба можам да ти кажам дека нема такво нешто. Напротив. Имам замерки за некои денешни текови, имам замерки за сервилноста на народов, за неговата неспособност да се солидаризира меѓу себе во таа најбитната, егзистенцијална смисла и да се бори за своите права и слободи со тоа што ќе ги учука овие face first во тоа стиропорот. Ама чоечка мака е тоа, а луѓе, нели, не постојат. :D

Република Македонија е една од ретките примери во светот каде "иредентистичко движење" успеало во својата кауза да создаде сопствена држава со народ кој ќе биде свој на своето, туѓ на туѓото, автономен и слободен. Понатака, богатата историја на нејзината култура, уметност, литература, архитектура се протега уште од доселувањето на првите словени на Балканот. Фактот што неможеме да се накитиме со славно воено минато како србите или бугарите, не значи дека сме невредни за гордеење.

Упорно прескокнуваш.
Чие ирединтистичко движење? Под чие знаме, за чија кауза? Тоа на ВМРО или тоа другото, заклучно со Лазо?
"Богатата историја на нејзината култура". И пак, која, чија култура? Издадена (изрезбана, искована, изградена) каде, од кого, на кој јазик, за која народност, спонзорирана од кого, за кои цели? Вака изгребана површина во пост, зачинета со Миленко реторика не очекував, искрено. Класичен ефтин популизам.

Веќе знам што ќе кажеш следно, и во право си. Ова не е баш доволно да ја залечи само-омразата на просечениот едуциран македонец кој се повеќе е заведуван од либерална/космополитска/анархистичка реторика, кога си го гледа народот како тоне во мизерија и тоталитаризам. Вака едноставно си се осеќа поубаво, напуштајќи го бродот кој тоне.

Не знаеш што ќе кажам следно, затоа што за да има "следно", треба аргументирано да се образложи тоа што на "следното" ќе му претходи. Прво да расчистиме за оправданоста на оној "од антика до АСНОМ" континуитет, па после да претпоставуваме зошто денешниот македонец запаѓал под канџите на злобните педеро-лезбејско-сорос влијанија. Не бива со Миленко тези, аман. Или бива, ама со малку усул каде бива.

И тука доаѓаме до мотивот позади твојот коментар. Ти го изанализира мотивот позади мојот коментар со надеж дека подобро ќе ме разбереш и подобро ќе дискутираме. Сега сум на ред јас:
Верувам дека мотивот на твојот коментар погоре е повеќе емотивна реакција на последната деценија од Македонската држава отколку сува рационалност. И ова е во крајна мера погрешен пристап.

Посува рационалност од мојот коментар нема да најдеш. Толку е сува, што тие тони хартија на која е запишана се чуваат по музеи, негде, на едно друго место, во посебни услови за да не изгние хартијата.
Ќе прекинам овде, оти ми е подвоено вниманието, Франција ја гази Швајцарија 2:0, па симултано гледам тоа и пишувам тука. А не бива. Растураат црните триколори, гинат за родната земја.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom