Ок штом се сложи за болдираното. И ти го знам ставот знам дека со тоа се сложуваш. До тука немаме проблем.
Црниот болд. Во вид на прашање е. Ќе ти одговорам од лично име, не можам за друг. Не, не се чуствувам така.
Плавиот болд, Условено не, се додека тоа не се нарекува лага или не знам веќе како. Знаеш и сам кој е мојот став, догматски не земам ниедна наука за разлика од некои самонаречени атеисти, и сум водел дискусија и со такви и не се сложувам со нивниот став. Погледни со што се сложи. Се додека е тој услов задоволен, јас немам никаков проблем дали е земјата 10000, милиони или милијарди години стара. Баш ме заболе колку е.
.
За црниот болд – ако не се чувствуваш интелектуално надмоќен по тоа прашање, тогаш не можеш категорички да го негираш нивниот став нели?
Плавиот болд – велиш условено не.
Примерот со Земјата е одличен за овој момент.
Од аспект на науката, сознанијата во 21 век, прифаќањето на сите тие работи, само по себе ти дава огромна интелектуална надмоќ по ова прашање. Во дискусија по ова прашање е како Слон против Мравка.
Затоа и велам, дека немаш потреба да ја згазиш мравката, за да докажеш дека си супериорен по став кој мравката го изрекла.
Дискусијата овде треба да се насочи кон нешто друго, а тоа е она кое се начна со
@kooperativa.[DOUBLEPOST=1403258441][/DOUBLEPOST]
И ова морав да го искоментирам. Ептен на погрешна страна ти е критиката. Кажи им (и пробај да ги убедиш, ако можеш се разбира) тие “твоите“.
Нема потреба. Зошто би ги убедувал во нешто, за кое отприлика знам зошто и како стигнале до тој степен?
Знаејќи дека му значи некому тоа, воопшто не чувствувам потреба да го разубедам дали е во право или не, од мој аспект.
Многу е полесно да дискутираш со човек, кој тврди за себе дека не му е важна некоја работа, а за истата пројавува интерес.
А вие токму ова го тврдите нели?[DOUBLEPOST=1403262853][/DOUBLEPOST]
Donald.,
сличноста помеѓу одредени делови од учењата од различни религии, можеш да ги споредиш по аналогијата со оригиналот и неговите фалсификати. Оригиналот секогаш е во еден примерок, а фалсификатите ги имаш поприлично.
Плус, споредбата која можеш да ја сториш денес, кога учењата од различни религии можеш да ги ставиш на иста маса и да ги споредиш, не била можна во некои минати времиња, каде религиите воопшто немале контакт едни со други, или тој контакт бил на ниво од поединци, а не од цели народи, држави или религии.
Епа болдот што укажува?
Мики токму тој момент што денес можеме да ставиме на маса еден куп учења, и имаме слобода да истражуваме околу истите, ни дава предност над нашите предци од минатите векови, кои ја немале оваа уникатна можност.
Не навлагам во тоа што е оригинал и фалсификат, туку само велам да се искористи можноста - која ни е дадена – да истражуваме по своја волја, да споредуваме и доаѓаме до соодветни одговори.
Јас не зборувам за априори отфрлање на Христијанството и црковното толкување, туку зборувам за можноста да се истражи и да се дојде до поинаков резултат од оној што е понуден на тацна, односно од некој друг.
Ништо што е вредно не се добива туку така, без да се потруди индивидуата сама да дојде до истото. Така е со се во животот. Без труд џабе е.
Без сопствен труд ќе бидеш воден од друг.
Единствено ако имаш луда среќа да убодеш од прва нешто, па да си заштедиш голем дел од трудот. А таквите се вистинска реткост. Трудот е посигурна варијанта.
А овој начин на доаѓање до соодветни одговори, користејќи сопствен труд, го спомена едино Гурџи,
@Bog.