Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Се гледа дека ти се плитки познавањата за она што имаат верниците. Она што се нагласува во правосавието е индивидуалноста. Ќе те поштедам од цитати провери сам.

На кој начин се нагласува? Цитатите не ми вршат мене улога затоа што можам како и било кој друг да ги интерпретирам како сакам. Мене ми е поважно тоа што стапило во пракса по тоа прашање. Потсети ме што се случи за време на интелектуалниот бум од страна на муслиманите? Ренесансата? Првите Илуминати и тајни друштва? Зошто биле тајни?

Во тоа време не било дозволено ни неприкладна (читај погрешна) боја на облека да носиш, не па друго, а ми збориш колку се нагласувала индивидуалноста....
 
Реков што ги тера да дискутираат и што создава атеисти... твоето верување дека атеистот ќе биде казнет од бог во кој ти веруваш дека постои, но за атеистот тој бог воопшто не постои (ја негира целата философија на една религија поткрепена со „божественост“ ) и за него тоа (таа, тој, тие богови) може да е некој философски симбол на пример за ова или она - е големиот проблем и доаѓа до судир.

Тебе ако не ти чини, нека ти биде неуспешен обид :)
Немам против јас...
Е ако неверуваат во нашите ’’закани’’ ако е сигурен дека истите се тотално без предметни, тогаш зошто дискутира,која е потребата да докаже дека не сме во право, ако неверува.[DOUBLEPOST=1403193638][/DOUBLEPOST]
Јас не зборувам во име на други, зборувам за себе. Кога некој шири стереотипи и го смета мојот начин на живот за грешен, тогаш итекако имам оправдување да дискутирам за неговите ставови.
Не се работи за твојот начин на живот, а за Божјата суштина.Штом неверуваш зошто дискутираш.
 
Е ако неверуваат во нашите ’’закани’’ ако е сигурен дека истите се тотално без предметни, тогаш зошто дискутира,која е потребата да докаже дека не сме во право, ако неверува.
Која е потребата со прст да покажувате кон другите дека ќе бидат казнети што не веруваат во вашиот бог и не се дел од вашата религија?

Дискутираат бидејќи заморувате со вашите излагања како оваа или онаа религија не е вистинска, оваа или онаа философија е лоша, оваа или онаа етика не е добра, оние или овие луѓе ќе бидат казнети од бог, кој што не постои за некои од нив...

Се разбираме нели?
Ако не се разбираме да прекинеме муабет, бидејќи напразно пишување не вреди воопшто... :(
 
На кој начин се нагласува? Цитатите не ми вршат мене улога затоа што можам како и било кој друг да ги интерпретирам како сакам. Мене ми е поважно тоа што стапило во пракса по тоа прашање. Потсети ме што се случи за време на интелектуалниот бум од страна на муслиманите? Ренесансата? Првите Илуминати и тајни друштва? Зошто биле тајни?

Во тоа време не било дозволено ни неприкладна (читај погрешна) боја на облека да носиш, не па друго, а ми збориш колку се нагласувала индивидуалноста....
Молитва,пост. Еве без цитат две основи во православието кои се индивидуални.
 
Не се работи за твојот начин на живот, а за Божјата суштина.Штом неверуваш зошто дискутираш.
Поради дискриминирачкикте епитети кои ги користите за оние кои не веруваат во вашиот бог. Поради осудата на начинот на живот што не се совпаѓа со вашите очекувања. Поради негирањето на науката кога сметате дека ја загрозува вашата вера, итн, итн.
 
Која е потребата со прст да покажувате кон другите дека ќе бидат казнети што не веруваат во вашиот бог и не се дел од вашата религија?

Дискутираат бидејќи заморувате со вашите излагања како оваа или онаа религија не е вистинска, оваа или онаа философија е лоша, оваа или онаа етика не е добра, оние или овие луѓе ќе бидат казнети од бог, кој што не постои за некои од нив...

Се разбираме нели?
Ако не се разбираме да прекинеме муабет, бидејќи напразно пишување не вреди воопшто... :(
Точно за тоа зборувам, нашата потреба е Верата. Верата има потреба да споделува, неверата нема таква потреба. Атеистите споделуваат значи имаат потреба, а таа потреба доаѓа од..
 
Е ако неверуваат во нашите ’’закани’’ ако е сигурен дека истите се тотално без предметни, тогаш зошто дискутира,која е потребата да докаже дека не сме во право, ако неверува.[DOUBLEPOST=1403193638][/DOUBLEPOST]
Не се работи за твојот начин на живот, а за Божјата суштина.Штом неверуваш зошто дискутираш.
а што бараш ти на тема за атеисти?
 
Шкорпионче, не ми филозофирај без везе.
Сето ова твое филозофирање ....етикети, реинкарнација ама не будистичка него на рајко, не ме прави верник верувањето во живот после смртта,има душа ама немам свест.... дрн дрн јарини....се сведува само на едно...а тоа е источна филозофија.
Турлитава ми направи...

Кажи јасно и гласно..велиш има душа, што после смртта. каде завршува душата?

Реинкарнацијата не е исклучиво источна мисла, нити елемент, нити нејзин ексклузивитет. Индијанските племиња од Америка веројатно ја имале најпрви од сите. Сега што ќе испадне, следам "западна" филозофија? Можеби поблизок сум до индијанскиот анимизам него ли будизмот. Може дома чувам тотеми, од кај знаеш? :D

Кога не можеш да дефинираш некого, ти паѓаат сите карти се чини. Во тој случај, мило ми е. Не дека ми е мило што се нервираш, туку мило м и е што не сум толку лесен за дефинирање.

И што ако сметам дека имам душа и постои реинкарнација? Голем коњски ташак :D не паѓам автоматски во ниедна категорија од тие каде сакаш да ме бутнеш, бидејќи ниту сум будист, ни христијанин, ни хинду по автоматизам. Се извинувам за турлитавата, ама не сум крив ако не ме разбра, на македонски говорам сепак :D.

Душата се рециклира, како и секоја материја, како и секој вид енергија, кој може да премине од еден вид во друг, и постојано се движи низ циклуси. Ете, кратко, и се надевам, јасно.
 
затоа што сме антихристи, да ви бидеме најголемиот кошмар. уживаме во вашите маки
Хахахахаа...абе оди бегај...:pos::pos::pos:..ме насмеа ди си е`иш векот.
Се чудам како заспивам со кошмар како тебе..:confused:
 
Поради дискриминирачкикте епитети кои ги користите за оние кои не веруваат во вашиот бог. Поради осудата на начинот на живот што не се совпаѓа со вашите очекувања. Поради негирањето на науката кога сметате дека ја загрозува вашата вера, итн, итн.
Реков тука не зборуваме за нечиј начин на живот. А за Божјата суштина. Штом неверувате во неа следува дека не би имале потреба да дискутирате за неа, но не е така....
 
Точно за тоа зборувам, нашата потреба е Верата. Верата има потреба да споделува, неверата нема таква потреба. Атеистите споделуваат значи имаат потреба, а таа потреба доаѓа од..
Од вашата вера, а не знаење - со која осудувате неистомисленици.
Тоа мора да прекине.
Не човеку - лагата на еоните чувај си ја за себе !!!
Знаењето и искуството има потреба да се споделува - верата (со мала или голема буква без разлика) е само дувло на оние кои веруваат дека „бедните по дух“ ќе наследат било што и нема никаква потреба да биде споделувана една вера, барем не на начин што го прави христијанската или исламска вероисповест - осудувајќи неистомисленици цитирајќи зборови од „богови“ кои не постојат на пример за атеистите, па и за припадници на спротивставените религии!!!

Така веќе може :)
 
Хахахахаа...абе оди бегај...:pos::pos::pos:..ме насмеа ди си е`иш векот.
Се чудам како заспивам со кошмар како тебе..:confused:
е па какво прашање, таков одговор.
али извини што и ти се најде во постот:cautious:
 
Молитва,пост. Еве без цитат две основи во православието кои се индивидуални.

Тоа? На кој начин се нагласува или величи индивидуалноста вака?

Молитвата треба да е 1 on 1 сесија со Бог (ако слуша), а постот е предизвик за верникот каде се бори со искушенија и сл. - додека второво барем ми е онака интересно како елемент, не разбирам како двеве да величеле индивидуалноста?
 
Душата се рециклира, како и секоја материја, како и секој вид енергија, кој може да премине од еден вид во друг, и постојано се движи низ циклуси. Ете, кратко, и се надевам, јасно.
Ок..благодарам.
Јас те разбрав, се надевам дека и ти се разбра.

Ако имаш муда стави ја сликата на Роналдо во профил, да те ставам во нападот на екипата на теистите.

тенкс вери мач..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom