Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Сега кога имаме Paypal (јухуууууу) ме интересира од ebay можеше да се нарачува или од амазон? Кои се предностите во споредба со нарачувањето од алиекспрес? Мислам дека повеќето ќе ги интересира па ако може некој поискусен убаво да објасни. Благодарам
За Амазон не ти треба пејпал процедурата е лесна регистираш акаунт и тепај пазари доколку вршат за производот достава до Македонија. Пејпал ти е потребен за ибај и за останати сајтови каде што плаќањето не се насочува директно од картица туку плаќањето мора да е преку пејпал. Отвораш пејпал регистрираш све шо е потребно и купвиш. Алиекспрес и останативе кинези доволно е да имаш само акаунт и на секое купување внесуваш податоци од картица и плаќаш.
 
Има ли некој искуство со купување преку AliExpress ? Ако има, може ли мало појаснување како оди целата работа ? Фала.
 
Има ли некој искуство со купување преку AliExpress ? Ако има, може ли мало појаснување како оди целата работа ? Фала.
Јас порачав телефон од али експрес пред 1недела ми стигна и задоволен сум од телефонот
Што поточно те интересира? :D
Го порачуваш тоа што го сакаш и цекаш да стигне царина може да платиш а може и не .
 
За порачка од 55.99 долари од ибеј колку царина би ми зеле ?
 
Јас порачав телефон од али експрес пред 1недела ми стигна и задоволен сум од телефонот
Што поточно те интересира? :D
Го порачуваш тоа што го сакаш и цекаш да стигне царина може да платиш а може и не .

Ми фати око една педерка, најверојатно ќе ја порачувам. 10 долари е, не би требало царина да ми земат :cautious:
 
За порачка од 55.99 долари од ибеј колку царина би ми зеле одприлика ?

Зошто на амазон на сите производи ми излева дека производот неможе да биде испратен на предвидената адреса?

ПОМОШ?
 
За порачка од 55.99 долари од ибеј колку царина би ми зеле одприлика ?
Зошто на амазон на сите производи ми излева дека производот неможе да биде испратен на предвидената адреса?
ПОМОШ?
Амазон во Македонија испорачува само книги и цедеа. Евентуално ако налеташ на друг продавач што продава преку амазон што врши испорака тука, само тие се многу малку во однос на целокупната понуда.
 
Амазон во Македонија испорачува само книги и цедеа. Евентуално ако налеташ на друг продавач што продава преку амазон што врши испорака тука, само тие се многу малку во однос на целокупната понуда.
znaci nemoze da poracam edni raboti od amazon nema isporaka u mak?
 
има ли некој искуство со DHL пратки ? ,дали се плака нешто кај нив(ако веќе е платено од испраќачот)и дали подлежат пратките преку нив на царина
 
Што значи ова? Уше колку ќе и треба да стигне до МК?

2014-06-18 23:32, Arrived in transit country, Asendia SCL Germany
 
dali moze od ebay da se poracuva i dali istite distributiraat prozivodi vo makedonija ?
 
Нарачав дрес од Алиекспрес ама од селер шо има само 5 нарачки, има шанси да ме заебе нешто или нема врска тоа.. нема такви работи ?? Ај некој по искусен :icon_lol:
 
има ли некој искуство со DHL пратки ? ,дали се плака нешто кај нив(ако веќе е платено од испраќачот)и дали подлежат пратките преку нив на царина

На еден пријател му стигна пратка од Америка преку DHL, во неа имаше 2 - 3 шорца, 2 дреса, Samsung Galaxy S3 и некоја друга облека и обувки. Сето тоа беше поклон т.е веќе користено и плати царина и данок околу 12 000 денари.
 
По дебилен курир од ДХЛ нема.Пратката ке стигне за 3-4 дена и после ја држат едно 2 недели,па ти бараат од каде е потеклото,од кој материјал е изработено,фактури,лични карти и што се не. И на крај ке си наплатат едно 30 евра за шпедиција и плус царина и данок!

Избегнувајте ги по секоја цена!
 
Нарачав дрес од Алиекспрес ама од селер шо има само 5 нарачки, има шанси да ме заебе нешто или нема врска тоа.. нема такви работи ?? Ај некој по искусен :icon_lol:
не може да те заебат на алиекспрес, доколку не стигне нарачката, парите ќе си ги побараш и ќе ти ги вратат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom