Добро, но еве јас чувствувам носталгија, ем со друштво се чекавме ,,пред Чичко Стоилко'', ем од таму сум јадел.... уште од сега ми фали храната од таму..............., за мене и за пола Скопјани некакво значење има ,,Чичко Стоилко'', но никакво значење нема бетонската порта замачкана во барок стил и бродот во Вардар кој никогаш не запловил во историјата
.
Не ми мешај порти, морти, таа дискусија од мене - њет.
Ако имаш над 30 години, да, веројатноста Стоилко да ти значи нешто е голема. Но, голем дел од генерациите после тоа се израснати со чекање пред Фреш.
На голем дел од генерациите и Мекдоналдс им значеше. Се знаеше порано у диско на јуниор во Елемент, па јадење во Мекдоналдс. Ама Мекдоналдс го нема више, па не ме гледаш да плачам по теми.
Не ми затерувај на политика, зборам за симболиката.
Јас имам 25 години и мене Стоилко не ми значеше искрено ништо. Немам јадено ниту еднаш таму, онака буквално го знаев името и тоа е тоа.
Тоа е тоа, се тече, се се менува.
Кога се градеше Рамстор, на тоа место постоеше Букет, на голем дел од нашите родители исто им значеше, затоа што беше познато како култна кафана. Ама ете ја срушија и ја дисллоцираа на друго место.
Езерце исто (ма да има најави дека ќе го враќаат), да не зборам за Кермез во парк, каде мајка ми буквално младоста си ја има оставено. Сега е рушевина околу која младите што пијат во парк вршат нужда.
Да не зборам колку вакви култни локации се срушени, дислоцирани и затворени.
Живот, тоа е, тече.
Не зборувам за споменици, бароци и капии и не се обидувај со смајлиња што намигнуваат да ми као нешто објаснуваш и као си ироничен. Сосема друга ми е поентата, а во дискусија за политика и зборење за споменици нема да ме вовлечеш.
Кажав еднаш, кажав пак, жал ми е само за вработените таму, кои сега ќе треба да се снајдуваат, а ако се отворат на други места тие сендвичари се надевам и дека ќе си ги задржат работните места.