Бараж за СП Катар 2015, Македонија - Грција

Kaj да купам карти, знае ли некој каде точно може да се купат?
На сите продажни места на мктикетс, чим они ги продаваат...

Кога беа они задолжени за продажбата на билетите за утакмици на Вардар, можеше да се купи во салоните на ONE, нормално на билетарата во Борис Трајковски и не ми текнува кои уште им беа продажни места :D
 
Kaj да купам карти, знае ли некој каде точно може да се купат?
Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија. Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево, Универзална Сала - Скопје, Билетара на Борис Трајковски
 
Имам една молба до сите коишто ќе присуствуваат на реваншот, т.е. Македонија-Грција, во Борис Трајковски:

Ве молам да не им ја исвиркуваме химната на Грците кога ќе ја интонираат.

Бидејќи и кога се играше кај нив, тие не ја исвиркуваа нашата, туку молчеа. Можеби зашто имаше прилично малку публика, но тоа е небитно - искажаа почит кон нашата химна.

Мислам дека до толку заслужиле, бидејќи се покажаа како достојни домаќини. Да не зборуваме дека немаше и никаков инцидент за време на натпреварот (освен ако сонцето од Кутлеш на сина позадина не го сметаме за провокација; за тоа знам дека во секој случај ќе им биде многукратно вратено на трбините на БЦ).

А откако ќе почне натпреварот, ќе си добијат третман со викање, навивње, исвиркување и сл, како што добиваат и сите противници коишто играат против Македонија и/или македонски тимови во БЦ.

Благодарам.
 
Што заслужиле бе? Како пројдовме на олимпијада кај нив? Како проаѓаат нашите шофери таму? Кажи никој не ни знаеше дека се игра, дека знаеа дека ќе изгубат па не ни беше рекламирано. Да знаеа и да беше полна салата имаше да биде друга приказна... Доста со вакви глупости нека знаат дека не се добродојдени, нека знаат дека нивната расистичка политика не ја прифаќаме. Нема што да им ќутиме
 
Како и да е, кога се интонираше нашата химна кај нив немаше исвиркување. И би сакал да возвратиме со иста мерка, достоинствено.

Нема да бидеме подобри од нив ако ги третираме лошо на ист начин како што тие нè третираат нас. Не треба да се спуштаме на тоа ниво.

Ова е мое мислење во секој случај, па кој како сака. Чувствував дека треба да споделам и тоа е тоа.
 
Од што сме така културни и питоми кај стигнат не газат
 
Како и да е, кога се интонираше нашата химна кај нив немаше исвиркување. И би сакал да возвратиме со иста мерка, достоинствено.

Нема да бидеме подобри од нив ако ги третираме лошо на ист начин како што тие нè третираат нас. Не треба да се спуштаме на тоа ниво.

Ова е мое мислење во секој случај, па кој како сака. Чувствував дека треба да споделам и тоа е тоа.
Чеј бе само кај мене на телевизорот се слушаше уууу ко ја интонираја нашата химна?
Фала богу не беше гласно ама 300 души имаше всала.На крај краева 6.000 луѓе не можиш да контролираш,нарочно ако се знај дека 90% од нив ке бидат присутни баш за исвиркување на химната,сигурно не би иделе ради "квалитетниот" противник.
 
Ок, јас барем ќе бидам таму за да видам како нашите ќе се пласираат на СП во Катар, не за да ги пцујам противниците.

Секој друг со своето како му одговара.
 
Имам една молба до сите коишто ќе присуствуваат на реваншот, т.е. Македонија-Грција, во Борис Трајковски:

Ве молам да не им ја исвиркуваме химната на Грците кога ќе ја интонираат.

Бидејќи и кога се играше кај нив, тие не ја исвиркуваа нашата, туку молчеа. Можеби зашто имаше прилично малку публика, но тоа е небитно - искажаа почит кон нашата химна.

Мислам дека до толку заслужиле, бидејќи се покажаа како достојни домаќини. Да не зборуваме дека немаше и никаков инцидент за време на натпреварот (освен ако сонцето од Кутлеш на сина позадина не го сметаме за провокација; за тоа знам дека во секој случај ќе им биде многукратно вратено на трбините на БЦ).

А откако ќе почне натпреварот, ќе си добијат третман со викање, навивње, исвиркување и сл, како што добиваат и сите противници коишто играат против Македонија и/или македонски тимови во БЦ.

Благодарам.
Ме интересира што е БЦ, зашто Борис Трајковски е салата? :D
 
Србија губи 11 разлика од Чешка. :facepalm:

Сеуште е -11, а мечот е при крај. Човече каква мизерија се србиве.... Овде мора да летаат глави. Па да победиш 8 разлика дома и да губиш 10 разлика на полувреме е навистина срамно. И тоа против една просечна екипа како Чешка. Осеќам дека дел од репрезентацијата и секако тренерот ќе летаат после ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom