Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Исламистите напредуваат: „Нашата цел е Багдад!“

Ирачките џихадисти се на час возење до Багдад. Ирачката армија организира фронт за одбрана на градот. Курдските милиции ја презедоа контролата врз Киркук. Турција размислува за воена акција против исламистите.

Ирачката влада губи контрола над се‘ поголем дел од територијата во земјата. Исламистите од сунитската група ИДИЛ (Исламска држава во Ирак и Левант) освојуваат натамошни помали места и се приближуваат до главниот град Багдад. Според племенските водачи, исламистите се подготвуваат за решавачка битка за градот по блиц-офанзивата минатава недела. Ирачката војска се мобилизира за отпор против исламистите.

Ирачката воена команда денеска ги засили армиските контролни пунктови кон Багдад поради заканата од екстремистите за главниот град на Ирак. На улиците на Багдад има оклопни возила, а населението е вознемирено од веста дека екстремистите се на околу 60 километри од градот.

Портпаролот на Исламската држава во Ирак и Левантот, Абу Мохамед ал Аднани најави „почеток на поход кон главниот град на Ирак“. Тој исто така се закани дека припадниците на групата ќе продолжат и кон јужниот дел, каде ќе бидат заземени двата свети шиитски муслимански града - Кербала и Наџаф.

Ирачките безбедносни сили во меѓувреме ја презедоа контролата над градот Баиџи, еден од клучните индустриски центри во земјата, изјави министерот за нафта на Ирак, Абдел Керим ал Луејби.

Баиџи, во провинцијата Салах ел Дин вчера беше преземен од екстремистите од Исламската држава во Ирак и Левант. Во Баиџи се наоѓа најголемата рафинерија за нафта во Ирак, која и покрај заземањето на градот од страна на екстремистите, беше под контрола на ирачките владини сили.

Ирачката армија денеска ги протера и од градот Тикрит терористите од Исламска држава во Ирак и Левант, јави телевизијата Ал Манар. Генерал Али ал Фрејџи командант со операцијата во провинцијата Салах ад Дин изјави дека елитните единици на ирачката армија целосно го контролираат градот. Армиски сили се префрлуваат од провинцијата Анбар, која граничи со Сирија во соседната провинција Нинива во северозападен Ирак.

Воената команда подготвува и операција за ослободување на градот Мосул кој е под контрола на борци од ИДИЛ. Во Мосул живеат 1,8 милиони луѓе од кои стотици илјади вчера го напуштија вториот град по големина во Ирак и се движат кон Ербил, главен град на курдскиот автономен регион. Телевизијата Ал Манар јави дека припадниците на ИДИЛ палат цркви во Нинива и вршат етничко чистење.

Претходно, денеска вооружени сили на ирачки Курдистан објавија дека презеле целосна контрола врз нафтениот град Киркук за да го заштитат од евентуален напад на бунтовниците. Портпарол на ирачки Курдистан за западни медиуми изјави дека контролата ја презеле откако федералната армија ги напуштила базите во градот.

Турската армија во состојба на воена готовност

Продолжува кризата со киднапираните 49 луѓе од турскиот Конзулат во ирачкиот град Мосул од страна на радикалната ИДИЛ. Турските вооружени сили се во воена готовност, јавуваат локалните медиуми.

Телевизијата Ал Џазира јави дека турски воени авиони извршуваат разузнавачки летови над реонот на Мосул. Испратени се и беспилотни летала на турската армија. Акциите на турската армија се во координација со раководството на ирачката армија. Според турски извори, Турција подготвува коридор за операции по ослободувањето на заложниците. ИДИЛ држат околу 80 турски граѓани како заложници. Тие беа киднапирани вчера од Конзулатот, а возачи на камиони беа киднапирани во вторникот.

Турската влада денеска врши проверка на правната основа на можна воена интервенција во Ирак. Парламентот досега има одобрено акција против курдските бунтовници во граничната област, а мандатот истекува во октомври.

НАТО засега исклучи интервенција во конфликтот во Ирак, но генералниот секретар Андерс Фог Расмусен истакна дека во Брисел со внимание се следи состојбата. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, изрази загриженост од развојот на ситуацијата во Ирак и ја обвини за тоа американската неуспешна политика.

http://www.dw.de/исламистите-напредуваат-нашата-цел-е-багдад/a-17703362?maca=maz-TB_maz_dnevnik_KOPIE-4629-xml-mrss
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679

Ги боли таквото сега. Со внимание се следи состојбата. Сигурно со пиво и чипс пред тв се собрани и со големо внимание пратат и се обложуваат им ебам тоа сатанистите. А и овие исламистите треба некој да ги собери сите во некоја пустина со изговор дека алахот девици ќе дели и да им се фрли атомска "девица" и да ги прати сите во пеколот :mad:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677

сеа се зафатени со украина
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Овие планираат да паузираат малце или?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Овие се некој „ необични “ исламисти
Прават „ револуција “ само таму каде што има нафта
Се ми мириса на нафта
Можно е зад ова да стојат големите нафтени компании кои во Ирак „ пумпаат “ долари. Мислам дека сакаат да го намалат извозот на нафта од Ирак и на тој начин да ја покачат цената на нафтата
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Пак се виновни САД. Ако не директно во овие напади, индиректно со тоа што му ја поебаа мамата на Ирак цели 10 години и сега откако се повлекоа етничките групи во Ирак ќе се колат и масакрираат каде стигнат. Пак има некои скриени интереси во сето ова. Во Ирак веќе е незамисливо Шиитите, Сунитите и Курдите да живеат заедно.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Ги боли таквото сега. Со внимание се следи состојбата. Сигурно со пиво и чипс пред тв се собрани и со големо внимание пратат и се обложуваат им ебам тоа сатанистите. А и овие исламистите треба некој да ги собери сите во некоја пустина со изговор дека алахот девици ќе дели и да им се фрли атомска "девица" и да ги прати сите во пеколот :mad:
Тука се сателитите на САД, а тие се Турција и Израел, односно тие две држави се најголеми пиуни на Американците во Блискиот Исток, а Богами и во светот,така да јас мислам дека постои големи шанси преку овие земји да има воена интервенција за да не се речи дека Американците повторно прават војни..[DOUBLEPOST=1402650972][/DOUBLEPOST]
Овие се некој „ необични “ исламисти
Прават „ револуција “ само таму каде што има нафта
Се ми мириса на нафта
Можно е зад ова да стојат големите нафтени компании кои во Ирак „ пумпаат “ долари. Мислам дека сакаат да го намалат извозот на нафта од Ирак и на тој начин да ја покачат цената на нафтата
Па и не си далеку од вистината..
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Да не им е ова финта на американците за да се создаде причина да го нападнат Иран.
Зошто? Како?

Иранците се Шиити, исто како и раководството во Ирак. Логично, Сунитските екстремисти на ISIS (или ISIL, како и да е) се нивни природни непријатели. Ирак и ISIS досега се бореа во прокси војна помеѓу Арабија и Иран, кои се најголеми непријатели во регионот. А Иран сега и директно се вмеша во конфликтот. Веќе испратија два баталјони од револуционерната гарда, попрецизно, специјалните единици Кудс, кои за еден ден успеаа да го вратат градот Тикрит, кој претходно падна во рацете на ISIS, под контрола на војската на Ирак.

Американците и Иранците, можи за прв пат во 40 години имаат заеднички непријател. После ова, односите или ќе останат исти како денес или ќе се подобрат. Полошо сигурно нема да биди, а Америка веќе одамна се откажа од планот да го напаѓа Иран, барем привремено. Обама нејќи да го дели истото наследство со Буш и да биде запаметен по тоа што отворил уште една војна во Ирак, па затоа паметно си седи во Вашингтон. Не е работа на Американците да се мешаат таму, исто како што не беше пред 20 и пред 10 години.

Тие што досега западот ги обвинуваше дека финансираат терористи станаа најголемите непријатели на можеби најопасната терористичка група на денешницата. Ако сака и западот да се бори против нив, то треба да го прај индиректно, како во Сирија. Тренирање на војници, пуштање воена опрема и слично. Со логистичка поддршка од западот, обединетите сили на Иран и Ирак ( а можеби и Курдите ) сигурно можат да ги шутнат ISIS назад во Сирија.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Да не им е ова финта на американците за да се создаде причина да го нападнат Иран.
САД моментално нема сила да отвори војна со Иран. Премногу војни водеа во последните 30 години. Моментално кај Американците нема да запали истата стара финта дека САД мора во некоја вукојебина да испрати илјадници војници и оружје кои се плаќаат од нивните даноци за да има "мир во светот" или дека ќе се борат против тероризмот, изморени се од војните во Ирак и Авганистан. Ситуацијата што се одвива во Украина наиде на колапс пред Американците кои над 70% се изјаснија дека не сакаат САД да се меша таму, па пола Американци незнаат ни каде се наоѓа Украина. Исто беше и за Сирија, па наместо војници испратија агенти и оружје да ги тренираат бунтовниците. Ако САД отвори војна со Иран мислам дека тоа де факто ќе биде економски колапс за нив.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Само се прашувам.
Кај американците има теорија дека сите, цел свет заедно воено се послаби од САД.
Од поодамна сето врткање на САД во Блискиот Исток беше заради Иран. А крајна цел Русија.
Бидејќи и кога почнаа арапските бунтови, изгледаше и повеќето велеа „американците секаде паѓаат“. После се покажа дека всушност тие ги рушат режимите од кои некои дури и им беа сојузници.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Овие се некој „ необични “ исламисти
Прават „ револуција “ само таму каде што има нафта
Се ми мириса на нафта
Можно е зад ова да стојат големите нафтени компании кои во Ирак „ пумпаат “ долари. Мислам дека сакаат да го намалат извозот на нафта од Ирак и на тој начин да ја покачат цената на нафтата
Па у принцип сите муслимански држави имаат нафта.Башка што е интересно како џихадистите до сега имаат вмешувано прсти во 2 од 4-5 муслимански земји без нафта (БиХ, Афганистан).
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Од поодамна сето врткање на САД во Блискиот Исток беше заради Иран. А крајна цел Русија.
Бидејќи и кога почнаа арапските бунтови, изгледаше и повеќето велеа „американците секаде паѓаат“. После се покажа дека всушност тие ги рушат режимите од кои некои дури и им беа сојузници.
Не мора воено да го добијат Иран. Тоа може да се направи и со дипломатија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom