Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    994

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Чудна работа. Колку некои сакаат да зборуват во ветер. Кога ќе дојде Вистината, замолчуваат.
Вистината дека:
Луѓе страдаат, деца, постари...без никаква вина,...секогаш ќе се прашувам зошто. Доколку Бог како што се вели ги сака кротките, добрите, невините...не знам, не е фер.
?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
И јас викам не е фер да умираат толку луѓе покрај толку доктори. Уаааааааааа за докторите.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Чудна работа. Колку некои сакаат да зборуват во ветер. Кога ќе дојде Вистината, замолчуваат.
Кажи а? И ја се чудам што така замолчуваш откога ќе те потпрашиме...

Него уште почудна работа: Има луѓе што немаат ни самопочит. Некој ќе им го исплеска газот пред сите, па ќе ги снема едно ден-два, па наместо да се вратат променети и поучени - тие пак дискот на repeat ќе го стаат.

Тие се ептен најчудни од сите.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
И јас викам не е фер да умираат толку луѓе покрај толку доктори. Уаааааааааа за докторите.
Докторите не можат да ги гледаат болните 24/7 како што тоа го прави милозливиот и добар Аллах.Докторите не се совршени,Аллах е’,но сепак дозволува неговото најљубено суштество од сиот универзум - човекот да страда.Од љубов ќе да е или можеби не му се принаса курбан доволно...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Докторите не можат да ги гледаат болните 24/7 како што тоа го прави милозливиот и добар Аллах.Докторите не се совршени,Аллах е’,но сепак дозволува неговото најљубено суштество од сиот универзум - човекот да страда.Од љубов ќе да е или можеби не му се принаса курбан доволно...
Сигурно е до курбанот. Трофазниот и овој Алах, изглеа имаат се' поголем апетит. Ја викам да земеме и све да даеме курбан - кој ќе биде поштеден - ќе раскажува!

Еве, ја ќе запишувам!
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Верувам во Господ, на свој начин и имам свои разбирања за тоа што е господ. Повеќе сум наклонет кон духовноста како позитивна енергија која не опкужува а помалку кон верување во материјалните предмети кои ја претставуваат религијата, не поради тоа што мислам дека има нештолошо во нив, напротив тие се симболите на религијата, но поради тоа што луѓето веруваат во тие симболи а не во нивната симболика.
Јас верувам во симболиката која се однесува на духовниот свет т.е господ, а сите материјални предмети се дело на човекот, и во нив не живее светоста, тие се само предмети кои треба да го потсетат човекот или насочат кон она што е свето, т.е духовните вредности.
Јас крстот како метал, не го гледам како нешто свето, но она на што ме потсетува крстот за мене е свето и во тоа верувам.
Истото е и за црквата како зидана градба, исто и за иконите како слики нацртани од човекот, исто и за обичаите кои се измислени од човекот. Позадината на овие предмети е таа во која треба да веруваме, не во самите предмети, бидејки тие се материјални а верата е духовна и тука никогаш не може да се измешаат овие работи. Материјалното и духовното е исто како денот и ноќта.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Докторите не можат да ги гледаат болните 24/7 како што тоа го прави милозливиот и добар Аллах.Докторите не се совршени,Аллах е’,но сепак дозволува неговото најљубено суштество од сиот универзум - човекот да страда.Од љубов ќе да е или можеби не му се принаса курбан доволно...
Ако за атеистите не постои Бог , тогаш причината за овие страдања и болки би требало да ја бараат кај друг нели?

Само мала теолопшка дигресија, без оглед колку ќе ти се допадне:

Правилното и објективно гледање ни открива дека доброто во целокупното свое постоење е принцип, а злото е исклучок. Здравјето е основа, а болеста е исклучок. Ние поголемиот дел од својот живот го поминуваме во здравје. Болеста ретко не посетува.

Така е и со земјотресот кој изнесува само неколку минути во животот на земјата долг со милиони години. Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир.
Практично, се има своја добра страна. Болеста поттикнува на чување на здравјето, болката е извор на цврстината, упорноста и спремноста на жртва. Земјотресите се воздишки ослободување на внатрешниот притисок на земјата, кој ја заштитува нејзината кора од експлозија. Вулканите исфрлаат скриени рудни богатсва и покриена површина на земјата со плодна лава.

Дали ќе знаевме што е здравјето да не е болеста? Убавото го распознаваме благодарејќи му на грдото, природната положба благодарејќи на неприродната...Во оваа смисла се и зборовите на големиот Газалија:
„Непотполноста на веселената е нејзината потполност, како што е искривеноста на лакот неговата исправност, бидејќи во спротивно не ќе можеше да ја исфрли стрелата.”

„Навистина Аллах не ви наредува да правите срамни дела. Зар на Гопспод ќе му го кажете она што не го знаете? Кажи: Мојот Господар ми наредил добри и праведни дела...” (Ел-Еараф, 28).

Бог наредува само правда, љубови, добродетелство, опрост и она што е добро, и се задоволува само со убавото и пријатното. Но, зошто тогаш му дозволил на насилникот да врши насилство, убиецот да убива, крадецот да краде..? Затоа што Тој не сакал слободни. А слободата претпоставува можност за грешење, инаку тоа не би била слобода. Слободен е изборот помеѓу непослушноста и послушноста.
Во моќта на Аллах џ.ш. била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот.
По вољата и мудроста на Господ слободата со болка е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.

И на крајот:

Доброто е од Господ, злото е од нас самите!

--- надополнето ---

Господ не постои....
П О С Т О И !

Во шестиот исламски принцип се вели, дека верувањето во Божјото постоење е темелна и очигледна вистина која се спознава преку интуицијата пред да се прифати преку рационален доказ. Таа воопшто не е потребно да се докажува, затоа што доказите за нејзината исправност се наоѓаат во секое нешто. Нема да ги изложувам овие докази, затоа што тие се толку многубројни па не сме во состојба сите да ги наброиме.

Дамаскиот алим (Учен човек, исламски научник, телошки и световен знанственик), шејхот (почесна титула за стар, учен или високопочитуван човек) Џемалудин ел-Касими, спомнал многу докази во својата книга „Делаилу ет-тевхид“, иако ја напишал пред повеќе од половина век. И покрај сето тоа, денес се појавија нови докази кои ги открила модерната наука, непознати пред педесетина години. Па кој ќе погледне во книгата „Аллах се открива во периодот на науката“, која ја напишале триесетмина врвни научници од областа на природните и анатомските науки, потоа во книгата „Науката повикува во верата“, ќе пронајде дека вистинскиот научник и обичниот човек (лаик) се верници, а дека неверувањето се појавува кај полунаучниците, кои спознале половични знаења и со тоа ја уништиле природната вера, исламот. Не ја досегнале вистинската наука која повикува кон верата, па паднале во неверство.

Во овие две книги се наоѓаат текстови кои претставуваат плод на размислувањата на овие научници, како што е, на пример, Франк Ален, кој докажал дека учењето за вечноста на светлината, како што тврди грчкиот филозоф, е апсурдно и невозможно и дека науката открила дека секое нешто има период, т.е., почеток кој ја негира нејзината вечност. Ова се зборовите на Роберт Морис Беџ, пронаоѓачот на радарот, потоа хемичарот Џон Кливленд и физичарот Џон Херберт.

Би сакал да ги прочитам овие две книги и сличните на нив, а тие се многубројни. Не би сакал повторно да ги наведувам старите докази за Божјото егзистирање, оние докази со кои се служеле апологетите, ниту новите докази до кои дошле овие научници. Ќе укажам само на еден од Куранските докази, а тие се јасни, очигледни, неспорни, силни, искажани со јазик кој го разбира и обичниот човек, а ја исполнува душата на научниците кои ја разбираат нивната смисла, восхитувајќи се на нивната сила, прецизност и јасност. А, на двајцата, и на лаикот и на научникот, не им преостанува ништо друго освен да кажат: „Ова е вистина!“ Возвишениот Алах предупредува во Куранот, само со еден збор, дека доказот за нас е во нашите битија. Па како тогаш да го негираме мнението чија вистинитост потврдува нешто што е испишано на нашите чела?! Возвишениот вели: „И во вас самите, па зарем не гледате?“ Длабоко во нашите души чувствуваме дека Тој постои, бараме засолниште кај Него во тешкотиите и во големите несреќи. Преку нашата природа која верува и инстиктот за вера ги гледаме доказите во себе и во светот околу нас. Потсвеста верува во Неговото постоење интуитивно, а свеста преку доказот. Па како атеистот го негира Бога, а самиот тој е доказ за Неговото постоење?!

Тој е како оној кој го носи твојот имот во својата рака и тврди дека не го зел, ниту пак го допрел, или пак како оној кој носи мокра облека, од која капе вода и тврди дека не се приближил до вода. Ова е најосновна вистина, но зошто гледаме дека повеќето луѓе не посветуваат внимание на тоа?! Одговорот на ова е: затоа што не размислуваат за себе! Заборавиле на Бога, па Тој одлучил да се заборават самите себе си. Тие бегаат од себе си, се плашат од издвојувања, не може ниту еден од нив да остане сам со себе, без работа. Затоа се забавува со празен разговор или безвредна книга, или со некоја работа која го преокупира и во која му поминува животот, како да си е на самиот себе си непријател кого го мрази и од кого бега. Како својот сопствен живот, а тој е главниот негов капитал, да го носи на грбот за да го фрли и за да се ослободи од него. Погледни во повеќето луѓе, ќе ги најдеш како јадат и како пијат, спијат и се будат, копнеат за уживање, се оддалечуваат од болка, настојуваат на овој свет да остварат добро за себе, за своето семејство и за оние кои ги сакаат. Еден од нив, на пример, кога ќе осамне, го чисти своето тело, облекува облека, јаде, оди на работа, работи за да собере иметок и за да ја зголеми добивката. Потоа се враќа дома, руча и се одмара. Тогаш повторно се враќа на работа или се одлучува за забава. Бара со што ќе го исполни слободното време, во што ќе го истроши животот, додека повторно не почувствува глад, па тогаш јаде, или го совладува дремеж, па спие. Потоа го дочекува новиот ден и ја повторува програмата од претходниот ден. Се сеќава на своето минато, а тоа не е ништо друго освен денови кои чувствува дека ги проживеал на овој свет. Размислува за својата иднина, а таа не е ништо друго, освен денови за кои претпоставува дека ќе ги проживее на овој свет.

А, што се однесува до муслиманот, тој не се задоволува во животот само со јадење и пиење, со работа или со забава, туку се прашува: „Откаде сум дојден? Каде одам? Што е почетокот? Што е „крајот“? Набљудува и согледува дека неговиот живот не почнал со раѓање за да заврши со смртта. Увидува дека бил ембрион во мајчината утроба уште пред да е роден, а уште пред да стане ембрион бил сперма во внатрешноста на татко си, а пред тоа бил крв која тече во татковите вени, а таа настанала од храната која тој ја изел, а оваа била растение кое изникнало од земјата, или животно кое се хранело со растенија. Тоа се фази низ кои поминал пред раѓањето, а за кои не знаел ништо. Долг синџир, чиј мал број на алки е видлив, а останатите ги сокрива од нашите очи целосна темнина. Па како ќе се создаде сам себе си со својот разум и волја, а постоел, пред да имал разум и волја? Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека сам себеси се создал? Прашај го ова атеистот, ако го сретнеш, и кажи му: „Дали ти самиот себеси се создал со својата волја и разум? Дали си ти тој кој се создал себе си во утробата на својата мајка? Дали ти ја избра жената која ќе ти биде мајка? Дали ти ја доведе акушерката да те извади од утробата? Дали си ти, тогаш, создаден од ништо, без создател? Тоа е апсурдно и невозможно! Тогаш, дали те создадоа овие созданија кои биле пред тебе: планините, морињата, Сонцето, планетите?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Декарт во периодот на испробувањето на скептицизмот, по кој бил познат, се сомневал во се;. Кога дошол до себеси, не можел да се сомнева во своето постоење. Затоа што тој е оној кој се сомнева, а неопходно е кај сомнежот да постои оној кој се сомнева. Затоа ја изговорил својата славна поговорка: „Мислам, значи постојам!“ Постои, нема сомнеж во своето постоење, па кој тогаш го создал? Дали го создале овие материјални битија? Тоа се нешта кои немаат разум, а тој е разум. Може ли да дарува разум оној кој нема разум? Оној кој не поседува нешто, не може ниту да даде. Таков бил ставот на Авраам, нека е Божјиот мир над него, кога го видел својот татко како делка кипови со длето и изработува од каменот форма која неговиот народ ја смета за божество. Каменот што го обработува човечката рака, а потоа човекот го обожува!? Бог кој го создавам и барам од него да создава што сакам!? Тоа здравиот разум не го прифаќа! Па каде е тогаш Вистинскиот Бог? (Ова е метод кој Авраам го користи во повикувањето на својот народ во верувањето во еден Бог, а не е во прашање за сомневање и сопствено трагање за Бога .

Авраам (Ибрахим), нека е Божјиот мир над него, почнал да истражува и размислува. Се спуштила ноќта и на небото се појавила сјајна ѕвезда. Не излегла од Земјата како каменот од кој се прават кипови. Не ја направил човекот со своја рака, за потоа да ја обожува. Му рекол на својот народ дека го пронашол вистинскиот бог. Тогаш се појавила Месечината и исчезнала ѕвездата. Видел дека Месечината е поголема и посјајна, па рекол дека Месечината е бог. Потоа се појавило Сонцето кое го отстранило месечевиот факел и чија светлина ја преплавила Земјата. Авраам, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Ова е бог“. Но Сонцето зашло и ја оставило Земјата во темнина. Каков е овој бог кој заоѓа и го напушта своето кралство? Не, Сонцето не е бог кој мене ме создаде. Ниту пак овие созданија се богови. Ниту јас сум бог. Не сум се создал самиот себе си, ниту сум создаден од ништо. Останува само една можност, таа е исправна и вистинита, а сè останато е невистинито: зад сите овие нешта е Семоќниот Бог кој ги создаде, и нив, и мене и сите други нешта. Овој доказ Куранот го изложил во единствена реченица, која претставува чудо - натприродно својство на Божјата објава и несоборлив доказ за атеистот кој му се покорува на разумот и го почитува, а тоа е цитатот: „Дали се создадени од ништо, или самите себе си се создале?!“

Полуписмени, ограничени, атеистите говорат: „Природата, таа го создаде човекот, таа му го подари разумот!“ Некои учители овака ни говореа кога бевме малечки, во времето на Првата светска војна и после неа, оние учители кои го „почувствуваа мирисот на новата култура“, прво од Истанбул, а потоа од Париз, па помислија дека се просветени. А, зборовите „просветени“ и „просветител“ имаа во тоа време значење кое денес го има зборот „прогресивни“. Секое време има свои зборови и свои изрази, со кои не; исмејуваат нас како што ги исмејуваа Индијанците во Америка со монистрата и шарената облека како би им ја зеле, во замена, нивната земја. После, кога пораснавме, се прашавме: „Што е тоа природа?“ Зборот природа (табиа) во арапскиот јазик има облик на актив, а значење на пасив и на објект. Па ако е создадена, кој ја создал? Велат: „Природата е случајност, закон на веројатности и можности“. Прашавме: „Знаете ли на што личи овој говор?“ Сличен е на примерот на двајца кои залутале во пустината и во тоа лутање наишле на голем, убаво уреден дворец, со украсени ѕидови, скапоцени покривки, часовници, лустери. Еден од нив рекол: „Навистина ова е дело на некој голем мајстор!“ А, другиот му одговорил: „Овде имало една карпа, па надошол порој, ветар и други метереолошки фактори, и со изминувањето на многу векови, случајно настанал ѕид“. „А, покривката?“ - прашал првиот. „Се разлетала волната од овците, па потоа се споила. Тогаш дошла бојата па сето тоа се обоило и така настанала оваа прекрасна покривка“. „А, часовниците?“ - го прашал. „Железото се излило под влијание на временските фактори, потоа се испресекло и настанале кругови, и со изминувањето на многу векови настанал овој облик“. Зарем нема да кажете дека овој е лудак? Дали случајностите направиле клетката на црниот дроб, која се гледа само со помош на микроскоп извршува хемиски операции за кои се потребни многубројни апарати со кои можеш да наполниш една голема соба и кои повторно можат да извршуваат само дел од тие операции?! Оваа клетка го претвора вишокот на шеќер во крвта во гликорин, лачи жолчка, го регулира холестеролот во крвта, произведува црвени крвни зрнца, а извршува и други операции. Случајностите направиле на јазикот да постојат 9.000 мали жлезди за вкус, во секое уво 100.000 клетки за слух, во секое око 130.000.000 клетки кои примаат светлина.

Земјата и нејзините чудеса и тајни, воздухот кој ја опкружува, живите суштества кои ги носи во себе, а кои не се гледаат, потоа чудесните облици на снежните снегулки кои паѓаат, ги создал со таква прецизност, направил во неа таква убавина која ја откривме дури во последно време. Набљудувај ја Земјата и нејзините минерали, тајните кои се складирани во неа, животинските и растителните видови, нејзините огромни пустини, пространите мориња, високите планини, длабоките долини! Потоа спореди ја со Сонцето и ќе ја согледаш како мала, безначајна во однос на него и неговата големина. А, Сонцето кое е поголемо од Земјата милион пати, во однос на галаксијата е како зрнце песок во најголемата пустина. Сонцето кое е оддалечено од нас стотина милиони километри, кога би ја мереле неговата оддалеченост со светлосни години (а брзината на светлината е 300.000 км во секунда) оддалечено е од нас 8 минути. Колкава е тогаш оддалеченоста на ѕвездата чија светлина доаѓа до нас за милион светлосни години? Светлосната година „одговара“ на десет илјади милијарди километри. Колку тогаш километри има во милион светлосни години? Овие галаксии, од кои една е и Млечниот Пат, за кои астрономијата не знае повеќе отколку дека тоа е осветлена област, и покрај нивната огромна големина која разумот не може да ја замисли, се движат со застрашувачка брзина, која ја преминува границата на бројките. Па како не доаѓа до судир помеѓу нив? Читав, од еден астроном, дека можноста за нивниот судир е како можноста да се судрат шест пчели кои се упатиле во земјината атмосфера. Пространството на оваа атмосфера во однос на пчелата е како односот меѓу оваа атмосфера и безбројните галаксии.

Целата оваа вселена е во средиштето на огромна топка која претставува „семау ед-дуња“, најблиско небо. Таа топка е од вистинска маса на телото, а не празен простор (Ова што го реков за небото е мое сфаќање на куранските ајети и на Алаховите закони за вселената кои ги откриле научниците. Не наидов на некој кој е на истото мислење. Ја објаснив оваа теза во другите книги (заб. на авторот).
). Топката која ја опфаќа оваа вселена и она што е во неа, како Сончевиот систем и другите ѕведи, во однос на кои Сонцето е како јаболкото спрема планината, и галаксиите во кои се наоѓаат безбројни ѕвезди, ја затвора оваа вселена внатре. Таа топка која е заштитена и осигурана, има врата која се отвора и затвора. Бог ја создал како свод кој има длабочина. После неа е вселена, а Бог го знае нејзиното пространство, можеби како оваа првата, или поголема од неа, која ја опфаќа друга поголема топка, па трета вселена и трета топка. Потоа четврта, петта, шеста и седма вселена. Над нив се наоѓаат тела со прекумерна големина и обем, а тоа се Арш (Божјиот престол) и Курсиј (Божјото стојалиште).

А, најголемото чудо и еден од најсилните докази на Божјото постоење, дека оваа вселена постои во таков смален облик, што разумот не може да ја сфати неговата прецизност и минијатурност, како што не може да го сфати пространството на вселената, а тоа е атомот. Тој не може да се види освен со помош на електронски микроскоп. Тоа е телото кое учените луѓе и филозофите од минатото го нарекувале монада, дел кој не може понатаму да се дели. Во средиштето на овој атом се наоѓа вселената, микровселената и во него има јадро околу кое кружат електрони, како што кружат ѕвездите во вселената. Јадрото во однос на атомот е како пченичното зрно во однос на огромен дворец. Тоа е потешко од 1.800 електрони. Па дали сето ова е дело на случајноста (Го пишував ова поглавје, како што напоменав во воведот, а немав ниту една книга на кој би се повикал, па го пишував она што ќе ми падне на ум и на што се присетував, па ги наведов овие примери. А, кој сака попрецизни и поточни податоци, ќе ги најде во книгата која пред кратко време излезе од печат „Медицина – михраб на иманот“ (заб. на авторот).)? Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници.

АЛИ ТАНТАВИ
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир.
Историјата на човештвото вели дека периодите на мир се само мал одмор во однос на периодите кога некаде има војна.

Провери си ја малку статистиката...
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Здравјето е основа, а болеста е исклучок. Ние поголемиот дел од својот живот го поминуваме во здравје. Болеста ретко не посетува....Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир...
Kој ние?Ти?Јас?...Оди ова кажи им го на сидашине во Африка или на палестинцине и ирачанине.Што тие толку му згрешиле на господа за да цел живот го поминат во болест и војна???Подолу си напишал доброто е од господа,злото е од човекот...Океј,но зошто тогаш тој господ не го спречи тоа?Зошто дозволува неговото чедо да страда?Зошто господарот дозволува неговите робови(према исламот човекот е Аллахов роб)да се колат еден со друг и не превзема ништо?Зошто дозволува некој да се сити на трагедијата на другиот?Таткото дозволовува неговиот син да го коле другиот.Зошто?...Дали тоа значи дека ваквиот господ всушност НЕ ПОСТОИ???Јас поинако не можам да заклучам освен дека таков бог каков што го познаваат аврамските религии не постои.Ако постои тогаш повеќе од очигледно е дека се откажал од човештвото,а тоа значи дека нема потреба што да му се клањам,крстам јас нему.Џабе ми е секаква божја награда мене кога таа е индивидуална,кога други невини суштества од мојот вид патат.

Дали ќе знаевме што е здравјето да не е болеста? Убавото го распознаваме благодарејќи му на грдото, природната положба благодарејќи на неприродната...
Хехе,значи морало да има зло,болести за да знаеме што е здравје?Што ќе ми да знам што е здравје,битно е да сум здрав и полн со елан.Да не им било лошо на луѓето пред да го откријат кислородот па дишеле без да знат што дишат?Не би се сложил со твоето...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А, што се однесува до муслиманот, тој не се задоволува во животот само со јадење и пиење, со работа или со забава, туку се прашува: „Откаде сум дојден? Каде одам? Што е почетокот? Што е „крајот“? Набљудува и согледува дека неговиот живот не почнал со раѓање за да заврши со смртта. Увидува дека бил ембрион во мајчината утроба уште пред да е роден, а уште пред да стане ембрион бил сперма во внатрешноста на татко си, а пред тоа бил крв која тече во татковите вени, а таа настанала од храната која тој ја изел, а оваа била растение кое изникнало од земјата, или животно кое се хранело со растенија. Тоа се фази низ кои поминал пред раѓањето, а за кои не знаел ништо. Долг синџир, чиј мал број на алки е видлив, а останатите ги сокрива од нашите очи целосна темнина. Па како ќе се создаде сам себе си со својот разум и волја, а постоел, пред да имал разум и волја? Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека сам себеси се создал? Прашај го ова атеистот, ако го сретнеш, и кажи му: „Дали ти самиот себеси се создал со својата волја и разум? Дали си ти тој кој се создал себе си во утробата на својата мајка? Дали ти ја избра жената која ќе ти биде мајка? Дали ти ја доведе акушерката да те извади од утробата? Дали си ти, тогаш, создаден од ништо, без создател? Тоа е апсурдно и невозможно! Тогаш, дали те создадоа овие созданија кои биле пред тебе: планините, морињата, Сонцето, планетите?
Напишано од Omer el Faruk
Филозофот не влегува во портата на филозофијата како некој кој се откажал од Бога, напротив може да поседува се што поседува еден обичен верник, но тој е секогаш свесен дека без разлика колку му значи она што го верува, без разлика колку е посветен на тоа, без разлика колку е емоционално врзан со оние кои се убедени во тоа, филозофот го задржува правото да испрашува и да се сомнева, а тоа е она што верата строго го забранува. Неможе да се биде филозоф во класичен смисол и верник, двете работи си контрираат...затоа секој филозоф може да стане верник, но не и секој верник треба да стане филозоф...
:salut::nesum:

--- надополнето ---

Па како ќе се создаде сам себе си со својот разум и волја, а постоел, пред да имал разум и волја? Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека сам себеси се создал? Прашај го ова атеистот, ако го сретнеш, и кажи му: „Дали ти самиот себеси се создал со својата волја и разум? Дали си ти тој кој се создал себе си...
Е сега сите овие прашања, адресирај ги до твојот бог! Ако никој не се сеќава на своето раѓање, како бог е сигурен дека е вечен?! Од кај знае дека и тој не е создаден? (зборам за оној суетен, нарцисоиден карактер од вашите свети книги).
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Си се скапал од цитирање,nice! :)

Ниеден од моите цитати не е контрадикторен ако се чита како што треба. Но ти бидејќи не читаш како што треба, разбира се дека и незнаеш да поставиш ниту прашање како што треба, па затоа оваа твоја погоре поставена смешка од прашање ќе оди на рециклирање .
:toe:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Си се скапал од цитирање,nice! :)

Ниеден од моите цитати не е контрадикторен ако се чита како што треба. Но ти бидејќи не читаш како што треба, разбира се дека и незнаеш да поставиш ниту прашање како што треба, па затоа оваа твоја погоре поставена смешка од прашање ќе оди на рециклирање .
:toe:
Кога сопствената суета ти е критериум за рационалност, нормално дека нема да видиш контрадикторност. Затоа ќе оставиме останатите да пресудат.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Кога сопствената суета ти е критериум за рационалност, нормално дека нема да видиш контрадикторност. Затоа ќе оставиме останатите да пресудат.
Не, не мие мене туку тебе! Башка, суетата ти е филувана и со охолост и егоизам. Преиспитај се уште еднаш!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не, не мие мене туку тебе! Башка, суетата ти е филувана и со охолост и егоизам. Преиспитај се уште еднаш!
Суетата е луксуз за кој треба интелект кој ќе ја издржи, во спротивно ќе ти се врати како бумеранг и ќе та направи смешен!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom