Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995
Стрижена, бричена. Јас сум Бог, Бог е Јас, тоа се реченици кои не значат апсолутно ништо. Толку ли е тешко да се размислува?
Верувам, не верувам. Верувањето во таков Бог не значи ништо, аман...
Бог е целиот Универзум, повторно не значи ништо. Можеме целокупноста на постоењето да ја именуваме Универзум, Бог, тампаратумпара, нема никаква врска без Бог кој не нуди бесмртност...
Па нека не значат ништо,со тие реченици само сакам да ти дам пример како јас го сваќам поимот Бог.И го нарекувам ’’бог’’ бидејќи така се именува во македонскиот и словенските јазици.Бог,Енергија,Големиот Дух,Природа,Универзум...за мене тоа е исто.

Не е проблемот во именувањето, ќе ги викаме Деисти и Теисти. Меѓутоа од прагматичен аспект, овој Бог кој нема допирна точка со животот на луѓето е исто како да не постои. Ако тој е некумникативен, етички и аксиолошки неутрален и нема никаква експланаторна моќ, во што е поентата да се рече дека постои? Мислам само во задоволување на некоја психолошка потреба да не се биде сам, друго објаснување не можам да најдам...
Па затоа велам дека нема потреба од ритуали,храмови,празници,принесувања жртви,клањања,причеснувања итн итн.Да му се принесува жртва на бог за здравје ко што прават вернициве е исто ко рецимо да му принасаш жртва на воздухот.Ќе заколеш курбан или ќе омесиш леб за жртва и ќе му принесеш не некое место.Лебот и месото ќе скапат,ке испарат,ќе сменат агрегатна состојба и ти на тој начин ќе мислиш дека богот Воздух се насладил.Бесмислено...
 
Не размислува во смисла дека прагматички, не може да се направи разлика меѓу таков Бог и Бог кој не постои. Ако кажеш дека Бог е таков, и ако кажеш дека Бог не постои последиците по твоето поведение тука на Земјата ќе бидат потполно исти. Ако кажеш дека постои Бог кој наградува и казнува, последиците по твоето поведение тука на Земјата ќе бидат различни...

Мислам дека Крусејдер беше експлицитен по прашањето на интервенирацки Бог.

Е, сега, колку може да се направи разлика меѓу Деистичкиот и Теистичкиот... ваљда може, ама ко што викаш и самиот, кој ку*ац ќе промени тоа, кога на темава се збори за антропоморфен Бог кој активно се меша во животите на луѓето. Што е нон-сенс, нели...

Како и да е, верувам дека после месеци поминати на оваа и сличните теми некои хард-кор теисти веќе флертуваат со идејата на деизмот, што, сепак мора да се признае, е СЕРИОЗЕН скок напред.

Еве, гледам, и Лурц почнал отворено да става прашалници на своите ставови, наместо на туѓите... од кај знаеш, може е таков патот до атеизмот ;)
 
Не размислува во смисла дека прагматички, не може да се направи разлика меѓу таков Бог и Бог кој не постои. Ако кажеш дека Бог е таков, и ако кажеш дека Бог не постои последиците по твоето поведение тука на Земјата ќе бидат потполно исти. Ако кажеш дека постои Бог кој наградува и казнува, последиците по твоето поведение тука на Земјата ќе бидат различни...
Абе остај задгробен живот,религиите се бафтаат со задгробен живот плашат верници со пеколи,ѓаоли и сл.
 
Верувам, но со некои детали не можам да се помирам...со маките на земјата и казните врз луѓе кои на мравка не згазнале...,

цитатот од еден роман мислам дека кажува доволно. Се работи за мисли од католички свештеник кој се грижи за децата болни од сида и други терминални болести во сиропиталиште во Романија, после падот на Чаушеску

"...Умре едно дете во сиропиталиштето. Во последните мигови од животот, додека врескаше од болки, ме праша за рајот и сакаше да знае дали Бог ќе му прости. Не ни можев да замислам што би требало да му се прости на толку невино дете, но му реков дека Бог простува се. Сакаше да му го објаснам тоа, меѓутоа смртта беше нетрпелива и го зеде пред да успеам да му одговорам. Тогаш сфатив дека јас исто така морам да барам прошка..."

зошто

Судбината на човекот е да се раѓа од болка, тоа е единствениот пат по се изгледа.
Затоа што универзумот ке нашол пат за да биде на друг начин.
Ако бараш некој кривец за она што се случува во светот нема да го најдеш.
Креаторот на се видливо и невидливо е и во тебе, а да се осудуваш сам и не е некоја паметна работа.

--- надополнето ---

Па затоа велам дека нема потреба од ритуали,храмови,празници,принесувања жртви,клањања,причеснувања итн итн.Да му се принесува жртва на бог за здравје ко што прават вернициве е исто ко рецимо да му принасаш жртва на воздухот.Ќе заколеш курбан или ќе омесиш леб за жртва и ќе му принесеш не некое место.Лебот и месото ќе скапат,ке испарат,ќе сменат агрегатна состојба и ти на тој начин ќе мислиш дека богот Воздух се насладил.Бесмислено...

Жртви се знае на кои таканаречени "богови" се принесуваат.
Мислиш дека се е тоа ветер и магла...не ќе да е така.
 
Овака кажано и нема разлика. Затоа многу луѓе не ја употребуваат именката Бог. Кога ќе се изговори тоа, веднаш на ум паѓа оној антропоморфен, хуманоиден Бог што јас го гледам како еден од архетиповите....еден од многу. Ипси ми даде линк за еден документарец The Quantum Activist. Ако го гледаш ќе ти биде јасно за каков Бог некои од нас збориме - како Тао, како The Force from Star Wars.

Дури и таквиот Бог е само остаток од бедното религиозно минато на човештвото. Кога луѓето ќе соберат сила да комуницираат со светот без никакви наслаги на религиозноста, ќе биде многу подобро...
 
Жртви се знае на кои таканаречени "богови" се принесуваат.
Мислиш дека се е тоа ветер и магла...не ќе да е така.
Се погоре тоа што набројав курбаните,жртвите,причестите мислам дека е ветер и магла.Кои се тие тн. ’’богови’’?
 
Дури и таквиот Бог е само остаток од бедното религиозно минато на човештвото. Кога луѓето ќе соберат сила да комуницираат со светот без никакви наслаги на религиозноста, ќе биде многу подобро...

„Не липши магарче до зелене траве...“

...ама што е - тука е. Ќе тргаме „се додека и последниот бискуп не е....“ знаеш како иде...
 
Дури и таквиот Бог е само остаток од бедното религиозно минато на човештвото. Кога луѓето ќе соберат сила да комуницираат со светот без никакви наслаги на религиозноста, ќе биде многу подобро...

Има разлика измеѓу религиозност и спиритуалност. И тогаш кога сите сите ние ќе научиме и собереме сила да живееме еден до друг без наметнување на сопствени вредности, стандарди и гледишта - ТОГАШ ќе биде многу подобро.
 
Религиозноста ја кочи духовноста со тоа што не' оддалечува од останатите луѓе поради нивните измислени другарчиња. Не' учи да мрзиме различности и да порекнуваме туѓ избор.

Спиритуален човек не може долго да остане религиозен.

Како можеш да бидеш религиозен ако станеш свесен за сите 5000 активни религии?!? Како можеш да бидеш религиозен, ако сфатиш дека сиот жив свет е едно? Како може да останеш религиозен ако сфатиш дека вселената и ти немате граница? Дека ништо не е конечно... дека се' е поврзано!

Како било кој може да остане религиозен кога ќе сфати дека Стар Бел Дедо Господ не постои?!
 
Колку вистина има во тоа што го напиша. Ќе си дозволам да додадам и многу љубов и разбирање за разликите.... Е кога се знаеме ајде малку и да се потрудиме нешто од знаењето и практично да примениме.
 
Се погоре тоа што набројав курбаните,жртвите,причестите мислам дека е ветер и магла.Кои се тие тн. ’’богови’’?

Јас лично не сум бил у контакт, посреден или непосреден ама фактот што секоја година снемува по илјадници деца кажува доста.
Имаш примери доста, и барем ти мислам дека ги знаеш...незнам зошто ме прашуваш.
Инаку курбаните не се ветер и магла, повеќе би рекол тикви садење се.
Затоа и светов ни е ваков каков што е.
 
Колку вистина има во тоа што го напиша. Ќе си дозволам да додадам и многу љубов и разбирање за разликите.... Е кога се знаеме ајде малку и да се потрудиме нешто од знаењето и практично да примениме.

Да, и јас се сложувам - разбирање барем и поштување....и секако практикување на истото :smir:

Религиозноста ја кочи духовноста со тоа што не' оддалечува од останатите луѓе поради нивните измислени другарчиња. Не' учи да мрзиме различности и да порекнуваме туѓ избор.

Спиритуален човек не може долго да остане религиозен.

Како можеш да бидеш религиозен ако станеш свесен за сите 5000 активни религии?!? Како можеш да бидеш религиозен, ако сфатиш дека сиот жив свет е едно? Како може да останеш религиозен ако сфатиш дека вселената и ти немате граница? Дека ништо не е конечно... дека се' е поврзано!

Како било кој може да остане религиозен кога ќе сфати дека Стар Бел Дедо Господ не постои?!

Па баш кога ќе кажам спиритуален или духовен мислам на некој што не е религиозен. Во мои очи, баш ради тие работи ти што ги насочи еден човек ја напушта религијата.
 
Верувам, но со некои детали не можам да се помирам...со маките на земјата и казните врз луѓе кои на мравка не згазнале...,

цитатот од еден роман мислам дека кажува доволно. Се работи за мисли од католички свештеник кој се грижи за децата болни од сида и други терминални болести во сиропиталиште во Романија, после падот на Чаушеску

"...Умре едно дете во сиропиталиштето. Во последните мигови од животот, додека врескаше од болки, ме праша за рајот и сакаше да знае дали Бог ќе му прости. Не ни можев да замислам што би требало да му се прости на толку невино дете, но му реков дека Бог простува се. Сакаше да му го објаснам тоа, меѓутоа смртта беше нетрпелива и го зеде пред да успеам да му одговорам. Тогаш сфатив дека јас исто така морам да барам прошка..."
зошто

Vtora objava.jpg
pencil.png
 
Да, од таа книга е :)
Тоа беше извадок (го цитирав оти самата атмосфера и невините прашања на дечињата ми оставија впечаток) од роман, но во реалноста премногу се чести се вакви појави. Луѓе страдаат, деца, постари...без никаква вина,...секогаш ќе се прашувам зошто. Доколку Бог како што се вели ги сака кротките, добрите, невините...не знам, не е фер.
 
Чудна работа. Колку некои сакаат да зборуват во ветер. Кога ќе дојде Вистината, замолчуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom