Грешка си, ти кажав и претходно, немаше толку колку што се мисли дојдени од Косово.
Ни не верувам дека 5000 членови имаше ОНА.
Јас ја зедов највисоката бројка. Од сите внатрешни и надворешни проценки (НАТО) силите на ОНА во воените настани од 2001 се од 2500 до 5000 луѓе.
Се разбира дека има голема разлика навивањето и учеството во војна, и сосем нормално е да не има масивно доброволно учество во неа. Но немаше присилно мобилизирање, колку што јас знам така било, заота што не ни требаше голема армија, дури првично на населението кое секаке се противеше за било каков воен конфликт им ветуваа дека само 2-3 дена ќе се пука малце и ќе престане, демек само внимание сакаат да привлечат. Конфликтов ги исполнува сите критериуми за да се вика исцениран од почеток до крај, и верувам дека целата македонска политичка елита знеа пред да се случи.
Се сложувам со се, освен негирањето на присилното мобилизирање. Во сите бунтови, секогаш има „доброволно насила“. Да почнеме од партизанските одреди од Втора светска војна, преку словенечките, хрватските, косовските борци за независност, српските борци во 90тите. Секаде кој бил начекан бил собиран. Еден Србин од Панчево ми раскажуваше како за време на воените судири во бивша Југославија низ градот (секако истото и во другите градови) не можело да се види ниеден возрасен маж. Сите се криеле за да не бидат „собрани“. На работа влегувале по споредни влезови или преку прозорец. Ми опишуваше колку смешно било, облечени во одело, а преку прозорец се влегува и излегува од работа. Е сега ако некој бил начекан од воената полиција, доброволно се пријавувал

Кој „доброволно“ бил мобилизиран ретко кој после ќе каже насила бев земен. Откако преживеал повеќе му одговара да се прави херој. А оние кои ги зеле исто не им одговара да кажат дека шетале и насила ги собирале.
Затоа и не очекувај некој од ветераните на ОНА од 2001 да ти каже дека бил собран „доброволно насила“ посебно кога тоа сега му носи привилегии и кога сеуште има политичко значење.
Кај нас принудното мобилизирање не беше применето, бидејќи кај македонското политичко раководство не постоеше волја за победа во воениот судир.
Исто така при дејствијата многу често се забележуваше високо и брзо испукување. Очигледно беше дека од другата страна ги има кои се поискусни, но ги има и кои не сакаат да нанесат штета туку само да си ја исполнат должноста. Само да испука и тоа што побрзо и да се врати назад.
Ако не си бил во воен судир можеби не знаеш дека се додека не припукаш, прилично си безбеден. Но кога ќе запукаш, опасноста по животот ти се зголемува максимално. Затоа што никој не возвраќа во празно. Но штом некој почне да дејствува веднаш кон тоа место се насочуваат и снајпери и потешки митралези и артилерија. Колку посилно е дејството, толку повеќе сили се насочуваат кон таа страна. Некој кој мора да дејствува обично дејствува брзо за да ја потроши муницијата, пука високо да не предизвика штети на другата страна за да не привлече посилен удар. Со истрошувањето на муницијата ќе добие оправдување за завршување на дејството и да се врати на безбедно со исполнета должност.
Проблемот кај нас беше што македонците немаа нешто подобри вработувања, туку ендоставно беа господари, а албанците слуги, а зборуваме .а етникум кое било повеќе од 20%.
Македонскиот народ си има мани, ама една од подобрите страни е таа што ние над никого не сме биле господари. Има малограѓанштина во однос на ромите и пак многу помалку отколку во Словенија, Франција, Унгарија, Чешка и други европски држави кои се фалат со високи стандарди во човековите права.
Уставните права ви биле исти како и за сите други етнички заедници во Македонија потврдено и според меѓународните организации. Никој не ви е крив што под влијание на исламот негувате култура на затворени заедници кои не се интегрираат со другите. Како во Македонија така и секаде во светот. Но што е со правата на македонците во Албанија. Што е со признавањето на Македонија под уставното име. Колку е исправно да бараш нешто кое сопствената матична држава не им го дава на оние од кои бараш. Реципроцитетот е правно оправдано средство. А ете ние во ниеден момент не сме застанале и да речеме. Ќе ви ги дадеме правата тогаш кога истите ќе ги добијат и македонците во Албанија или кога Албанија ќе не признае како Р. Македонија. Така што погледни колку се лажливи овие оправдувања за наводна обесправеност.
Вие мешате баби и жаби, не се албанците емигранти тука, тука сме биле отсекогаш. Некогаш сме биел на истата страна, некогаш на спротивната, и ние сме придонесувале за ова држава, и ние сме придонесувале за историското наследство на оваа држава, но тоа не се учи во учебниците кои ги купува власта.
Никаде не реков дека албанците се емигранти. Реков дека мнозинската националност носител на суверениетот има природно првенство во дадената држава.
Така е секаде во светот еве читај за Канада. А за придонесот воопшто не се согласувам. Непријателските дејствија на албанците кон македонската држава се далеку поголеми отколку продонесот. Затоа и од тој аспект треба да се потрудите за да можеме да ви веруваме.
Државава можеби е на македонците, но земјава им припаѓа на сите граѓани подеднакво.
Е ова е реченица за да почнеме да се почитуваме и нешто заедно да градиме. Ама ќе треба да дозволите да бидат отстранети оние кои напаѓаат, па дури и убиваат македонци само затоа што се македонци. Да дозволите и самите да се потрудите да ги опаметите оние кои ги уништуваат македонските обележја, кои ги сквернават и навредуваат работите кои нам ни се свети, кои се ситат на нашите несреќи, а се радуваат при нашите порази, оние кои вршат национални провокации (како поглаварот на ИВЗ).
Нам оваа земја ни е единствена и скапо сме ја платиле. Тука сме, сме биле и не планираме да ја дадеме. Но исто така иако има емотивни испади, во целина кај македонскиот народ нема намера никого да истера. Ако сака соживот. Никаде во ниедна македонска средина во Македонија, ти како Албанец немаш никаква физичка закана. А дали е исто за Македонец во некои албанските средини. Иако мислам дека таквите постапки се дела на потпалени и незрели поединци, ама засега не само што не се соочувате со тоа, туку секогаш барате оправдување за таквите насилства.
Странците забележаа совршен терен за интервенирање, забележаа едно голема малцинство кое не ги има правата кои ги заслужува, забележаа малцинство кое не е задоволна од владеењево.
Не е експанзија барање на човекови права. Зарем вие би негирале помош од странска земја која би ви помагале да добиете рамковен во Грција?
Не нема да примам помош против Грците ако некој тоа ми го наплати уште поскапо.
Вие албанците во Македонија не бевте робови.
Сега станавте робови. Сега им станавте слуги на странците. Овој простор е од првостепен интерес на Ватикан и меѓу странските разузнавачки стратегии за овој простор првенство им се дава на ватиканските планови. Штом ќе ве доведат во целосна зависност од нивната помош, ќе почнат да ве прават католици и одеднаш ти и поискрени албанци ќе се најдете немоќни било што да сторите. Одеднаш ќе се зачудиш од каде толку албански лидери се кажаа дека веќе биле или постанаа римокатолици како Ибрахим Ругова, Рамуш Харадинај. Не ти е чудно како Харадинај онаков каков што е без ниедна посебно вредна причина одеднаш станува премиер на Косово.
Двата најголеми народи во Македонија сме како во клинч. Ниту вие, ниту ние можеме да мрднеме без другата страна тоа да не го знае. Не можеме да напредуваме без соработка. Можевме да градиме силна држава да не тргневте по умот на странски играчи. Погледни ги пример функциите кои за странците ги вршеле Артан Груби, Муса Џафери или Ветон Сурои. Очи боди дека се странски играчи и не работат за доброто на албанците. Ама ете само затоа што се нарекуваат албанци вие одите по нивниот ум независно колку и да дејствуваат штетно за меѓунационалните односи. А со тоа и за албанската иднина која сакале нејќеле и за двата народи нужно е поврзана во заедничка иднина или небиднина.