Одбивам да верувам во нешто што бара однапред да вервуам! Нема смисла да веруваш во нешто неотпорно на недоверба и критика. Не треба да докажам дека господ не постои, туку напротив немањето докази дека постои е доказ дека непостои. Религијата од кога е измислена до денес ги има направено најголемите злодела на човештвото и ја одбивам врз принципте на
Просветлувањето. Просветлувањето е движење во историјата кое тргнува од тоа човечките дејства да бидат водени од рационалност и разум наместо од вера, суеверност и сл. Просветлувањето е верба во разумот на човекот да го промени светот на подобро, тоа е поглед на светот заснован на наука а не на религија. И нема гоелми злодела само католичката или само христијанската, секоја релгија во неа вклучува елементи спротивни на разумот, а разумот е главната водилка на просветлените и разумните. Самото верување е отфрлање на разумното и покорување на разумот на догми неотпорни на спорење и критика.
Религијата одкога е измислена до денес е производ на фантазијата човечка и потребата да се објасни необјаснетото. Разумот спроти религијата досега се покажал како најдобриот објаснител на работите. Во секој еден наврат на спротивност на разумот и релгијата, разумот се покажал исправен. Не само тоа, после Дравиновата теорија која е докажана илјадници пати после тоа и со најмодерните ДНК истражувања, кога е решена мистеријата на наштето постоење религијата станува уште побесмислена.