Во светите списи е забрането секој да толкува како што сака.
Законот е во Книгата и мудроста небеска дадена преку пророците,ангелите,апостолите и месијата не смее да се сквернави со толкувања.Зарем апостолите,Лука,Марко,Матеј и Јован не го пренеле словото божје правилно па Цане поштарот,Митре бурекџијата и Стојна медицинската сестра ќе ја толкуваат како сакаат...
Ако Исус вели сврти го образот,тоа значи сврти го образот и нема тука што да се толкува!
Кој е надлежен да каже што е метафора а што не е?
Воскресението е метафора можеби...
Или не?
Римјаните:12:3
Зашто, преку благодатта што ми е дадена, му велам на секој еден помеѓу вас:
да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли - туку мислите нека ви бидат насочени кон разумно размислување, според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому
Галатјани: 3:20
Посредник пак нема таму, каде што е само еден; а Бог е еден.
Јаков 1:22
Но бидете
извршители на Словото, а не само слушатели, кои се измамуваат себеси.
Јаков 1:23
Зашто, кој го слуша Словото, а не го извршува, сличен е на човек, кој го набљудува своето природно лице во огледало;
1 Петрово: 1:25
Господовото слово останува довека. А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.
1 Јованово: 2:7
Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток; старата заповед е словото, што сте го чуле.
1 Тимотеј: 1:15
Верно е словото и достојно - за полно примање: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас.
Евреите: 2:2
зашто, ако словото изговорено преку ангелите се покажа цврсто; и ако секој престап и секоја непослушност примила праведна отплата
Јован 12:48
Кој Ме отфрла Мене и не ги прима Моите зборови, има свој судија: Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во последниот ден.
Матеј: 13:19
Кога некој го слуша словото за царството, а не го разбира, тогаш доаѓа лукавиот и го граби тоа што е посеано во неговото срце; тоа е, што е посеано покрај патот.
Не гледам никаква метафора...
Оној кој ги извртува зборовите свети и си ги толкува и својот несовршен ум и човечка грешна природа ги става пред божјата објава во Книгата, потклекнал пред искушението од натемаго,лукавијо и своето срце го отворил за суета,гордост што е грев смртен и пат во еден правец кон пеколо...