Ваше мислење за уредување на стан

  • Креатор на темата Креатор на темата dastan
  • Време на започнување Време на започнување
во детската би ставил јас креветчиња на спрат зашо гледам широка е 2.8м, има доста кретивни идеи на нетов и би стаил едно биро функционално за 2ца па би зафаќало помалку простор :)[DOUBLEPOST=1402171090][/DOUBLEPOST]
кога имаш нефунционално проектиран простор како овој ... нефункционална дневно-кујна со минијатурни димензии и спална соба која е 1/3 од станот не ти останува ништо друго освен да жртвуваш нешто а во случајов тоа ти е спалната соба зашто и онака истата се користи само за спиење. Природно светло може да добие со зенитално поставен отвор на преградниот ѕид.
претпоставувам може и да направи мал отвор за вентилација колку толку да има проветрување
 
кога имаш нефунционално проектиран простор како овој ... нефункционална дневно-кујна со минијатурни димензии и спална соба која е 1/3 од станот не ти останува ништо друго освен да жртвуваш нешто а во случајов тоа ти е спалната соба зашто и онака истата се користи само за спиење. Природно светло може да добие со зенитално поставен отвор на преградниот ѕид.
2.png

Јас вака би предложил, што мислиш?
 
Прегледај го приврзокот 94576

Јас вака би предложил, што мислиш?
и така разлислив за поставување на кујна пред се заради инсталација но не е практично ... спална соба така ни под случај разно прожирување заради мртвиот простор кој го добиваш над забчето. у принцип пак ќе кажам у секое време жртвувам собно осветлување за убава и широка дневна кујна и трепезарија ... и онака поголем дел од денот го поминуваме сите таму !!!
 
Секако, архитектите ќе го имаат главниот збор на темава :)
Јас само да честитам на купениот стан, во нешто слично пораснав, па и живеев со мало дете и жена до скоро...
Моето беше многу по нефункционално према ова, идејата за уредување ми се допаѓа.
Со среќа!
 
Братче а да го смениш распоредот на собите? Кај што планираш спална тука да си ја ставиш кујната со дневна а кај дневната да ти биде спалната?
 
И јас честитам на новокупениот стан
Имам конкретен предлог и мислење
Станот е релативно мал . Според вторта скица премногу кревети - собите се преполни со кревети. Кујната е со огромна маса
Зарем само ќе спиете и јадете.
Користете каучи кои се претвараат во лежаји. Или лежаи кои се собираат во плакар или простирки за спиење
Јас дневна и кујна воопшто не би ја користел како кујна, туку би сегашната спална би ја користел како детска соба. Секое дете нека има своја соба. Децата растат и секое дете сака да има свое катче
Во дневна или на балкон направете едно ќоше за готвеење. Кој во денешно време многу готви?
Не купувајте многу намештај туку според потребите купувајте парче по парче и тоа сакогаш лесен намештај со повеќе намени
Се сеќавам на еден пријател, кога пред 30 - тина години купи стан, од намештај имаше само еден јоги душек, ставен на под и еден телевизор ставен на празната картонска кутија со која е купен
И се беше супер
Еве како Јапонците живет со малку намештај

Elegant-Modern-Japanese-House-Interior-Design-915x732.jpg

Japanese-Living-Room-Interior-Design-with-Wooden-Flooring.jpg

Барајте на интернет како Јапонците ги уредуваат становите
Еве примери
http://www.zunetop.com/japanese-liv...ing-room-interior-design-with-wooden-flooring
 
најпрво фала Ви за честитките па да си дочека секој по сопсвена желба и потреба-остварување, понатаму
@Смрт за зони и пајак воз. точно дека и изгледа и има бројчано многу (4 кревети или во секоја соба) но ние сме четворочлено семејство родители и две деца и сметав дека и треба и мора да има за секого поединечно обезбедено место за одмор(спиење),оној двоседот во кујната и немора да го има ама си викам ајде некогаш да можеш да оптегнеш нозе во кујна/дневна без да одиш по спални/детцки соби, понатаму масата не е многу голема димензиите и се 1400х800мм (значи стандард) така изгледа заради тоа што столчињата се подизватедни тс не се внесени целосно под масата (а и сметам дека мора да ја имам ако мора ќе жртвувам нешто друго) каде би пречекал некои гости (родители, пријатели, кумови, соседи....) кои би дошле на ручек, вечера, кафе..
@Bonnie and Clyde размислувано беше и за твојот прадлог креветите во детцката да бидат на спрат но засега се откажувам од таа идеја заради возраста на децата поголемото 5год. помалото бебе.
@Ryan Giggs за предлогот со повлекување на вратата беше размислувано пред да се донесе мислењето за уредувањето и понатаму може да се примени ако се одлучи за друг распоред на соби засега останува вака како што е. Она на што никако се намав сетено а е многу добра замисла :cuc: е планот кој си го понудил за делењето на спалната соба на два дела со тоа што кујната би отишла во помалиот дел а за сметка на спалната и би добил поголем и пофункционален дневен престој само малку сум скептик заради немањето дирекна светлина (но како што викаш и ти таму ќе бидеме само за спиење) ама поголем проблем според мене би било проветрувањето на собата како би го извел :facepalm:.
@The Goddess замислата твоја добро изгледа но незнам дали е мозо да се изведе заради ограничениот простор со кој располагаме а е доста мал.
@puno ми се допаќа (y) идејата за делење на спалната на два дела и поставување на кујната во делот каде ќе нема светлина и прозор и со апиратор би го влечел испарувањето кое би се создавало при горвење преку вентилацијата од WC-то, но она што ми создава :facepalm: е многу малио простор за спалната околу 2х2.8м.
@aiwa за она што ти го предлагаш за замена на кујна со спална веќе некои од соседите го имаат направено што значи во пракса е применливо.

на крај благодарност и за честитките и за замерките но повторувам секоја идеја е добредојдена и ќе биде внимателно разгледана пред конечната одлука и се надевам ќе се донесе најадекватно решение на крај според просторот, можностите и потребите.
 
само направи рокада на спалната со дневната, заротирај ги инсталациите за довод и одвор и решен проблем, нема што да преградуваш, јас сум студент на архитектонски факултет но ќе објаснам лаички, јас не би сакал и не би можел да спијам во спална каде нема прозор, наутро нема да знаеш ни дали се разденило или какво е времето, нема да има свеш воздух, ќе неможеш да се испрдиш како човек, а со рокадата ќе добиеш спална со тераса што ќе ја сакаш и ќе уживаш во неа, ќе добиеш и дневна со кујна каде ќе сместиш и маса за јадење, со малку труд и размислување ќе ги усогласиш елементите во неа така да се ќе ти функционира како што треба, заеби како требало правилно да биде и што викаат архитектите на форумов(архитекти не се вреѓајте одма), и тој што го проектирал станов бил архитект па види што направил г'з преку глава, во ваков мал простор треба функционалноста и конфортот да ти бидат пред се, треба да се чуствуваш добро таму каде ќе живееш и престојот да ти биде уживање кое ги задоволува твојте потреби, немој ништо да преградуваш и мењаш само смени си ги собите, негледам зашто не би направил така, но сам треба да седнеш и да одлучиш добро е што праша ука доби неколку стручни препораки но колку повеќе прашуваш многу мислења ти се мешаат, само логично размисли си ги знаеш твојте потребите прилагоди го тоа што го имаш на твојте потреби.
 
ќе стигнеш и до тој ден кога ќе те научат за длабочина на соба и нејзино осветлување :) 5 метри длабока соба со дневна кујна и трепезарија ... црна темница па уште и ако е ориентирана север/запад рачунај лиљаци ќе седат и ќе се размножуваат во таа просторија. тука станува збор за родители со деца, престојот на децата не е само нивната детска соба туку дневна и трепезарија ... просторот е премал за да се шират родителите и да имаат прозор а да им страда дневна кујна и трепезарија со нула функционалност.
 
површината на отворот треба да биде 1:8 do 1:10 во сооднос со површината на собата, неговата соба е помалку од 15 квадрати, отворот не е котиран ама претпоставувам дека е минимум 120/140 што е сосема доволно за тој простор
 
Искрено кујната без прозор поминува, затоа што има аспиратори, може да се вентилира некако, но соба за спиење без прозор е катастрофално, уште па спална соба?
Колку ќе бев задоволен да немав прозори во спална. Кога спиеш дневната светлина смета а ноќе уличните светилки сметаат. Ролетните ми се спуштени цело време.
 
На местото каде што ти стои фрижидерот и телевизорот би можел да ставиш кауч во Г форма. Телевизорот да стои каде што ти е каучот на сликата. Спроти мијалникот и шпоретот би можел да поставиш шанк во кој ќе биде вграден мал фрижидер и соодветно голем и широк за да поставиш столчиња за да би можел да се користи и како терпезариска маса.
 
@The Goddess замислата твоја добро изгледа но незнам дали е мозо да се изведе заради ограничениот простор со кој располагаме а е доста мал.

Всушност, целата поента ми беше дека мораш да ја преградиш кујната со некој шанк па дури и покрај тоа што е мал просторот. Ако не го преградиш ќе ти изгледа се пренатрупано, ако го преградиш пак ќе изгледаат како две посебни соби.

Имаш опција да шанкот истовремено од едната страна ти биде и клупа (трпезариска маса) во Г, не знам дали ме сфаќаш на што поточно мислам ама од вчера барам слика да ти покажам и не можам да најдам. Нешто слично на ова:

sc010212ad.jpg

или ова:

sc004beac1.jpg

А за детската соба јас би ставила вакви кревети:

66eaa24d-9c42-4b8f-9d8c-a72cc68ed902.jpg
 
@dastan Не сум архитект, ама пред неколку години бев во многу слична ситуација на твојата, па неколку совети од практично искуство.
Спалната е безпотребно преголема. Имаш празен простор кој никојпат за ништо нема да биде искористен. Верувај, за спална не ти треба ништо повеќе од кревет и плакар. Наспроти тоа дневната со кујната се премали. Погоре има добри предлози да ја преградиш или комплетно да ги замениш спалната со дневната. Лично мене ми се допаѓа предлогот на Ryan Giggs. Размисли ја добро таа варијантата за спална без прозори. Светлината не е проблем. Ако ти е прозорот кон исток и сонце ќе те осветли во пет сабајле и онака ќе спушташ ролетна на прозорот. А со стаклен ѕид и убаво амбиентално светло нема ни да приметиш дека нема прозори, евентуално проветрувањето да не биде проблем?

Размисли и спалната да ја направиш детска, а детската спална, со тоа што ќе ја намалиш и ќе отвориш простор за да се зголеми дневната.

Кое и какво решение ќе одбереш, сепак многу зависи и од вашите навики како семејство. Доколку готвите секојдневно, ќе ви треба голема и комотна кујна и остава (шпајз), оваа вака ќе е претесна за било што. Доколку сте пушачи, ќе ви треба излез на тераса. Дали истата сакате да ја користите за кафе и оброци или ќе се користи како остава? Во тој случај размисли за заградување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom