Прво честито стан, со здравје да си го користите

Ајде сега моите идеи- прво, спалната. Креветот вака поставен доминира среде соба и го краде цел простор. Мислам дека е многу подобро ако дојде на левата страна од вратата, каде што сега е (претпоставувам) некоја комода, а комодата да дојде на средината на ѕидот веднаш спроти вратата. Така се отвора средината на собата, многу е полесно за движење и се добива впечаток на поголем простор.
Собата дневна/кујна мора пред сѐ да биде практична, затоа што е мала квадратура во однос на намената. Значи, мал двосед, без потпирачи (или барем без големи потпирачи) за раце од страните, помала маса (оваа е преголема за просторот секако). Значи маса за 4-ца, со евентуално опција за пуштање, овие гломазниве не се за вакви простори. Има ли опција, според довод/одвод за чешма кујнските елементи да се наместат во Г, да зафаќаат помал дел од просторот? Вака оној кој седи на двоседот гледа во шпоретот, би требало да се размисли за ориентацијата. Второ, фрижидер и шпорет еден до друг-никако. Фрижидерот така ќе види голема мака, ќе треба да троши многу повеќе енергија за ладење и ќе страда повеќе од топлината на шпоретот. Работна површина кај кујнските елементи не е потребна, затоа што масата е на 20-30 цм од елементите, тоа би било и работна површина секако, а ќе се намали доминацијата на кујнските елементи во просторот. Во секој случај, тука се потребни што помали елементи, и масата и двоседот и кујнските, инаку ќе биде голема гужва

. Идеално би било да кажеме кујнските елементи да се таму каде што е ТВ-то, помала маса веднаш пред нив, а другиот дел од собата да биде со елементи за седење и ТВ...
Во секој случај, слатки маки имаш

, а имаш и време да ја смислиш најдобрата опција.