Никогаш го немам барано Господ и никогаш нема да се обидам зошто знам дека не постои. Постоењето на Господ иде толку против сите модерни сфаќања што малку се оние што веруваат во него зошто веруваат во него... Повеќе веруваат од несигурност и од страв да не отидат во пекол во случај он да "постои'... Тоа и е причина зошто религијата опстанала толку долго, те тера да веруваш од страв и ти дава лажни објаснувања на непознатото... Исто е и со задгробниот живот, застрашувачки е кога ќе помислиш дека ќе умреш за џабе... Ете, ќе се ожениш ќе направиш две-три деца, ќе остариш (во меѓувреме ќе починат твоите родители) и ќе умреш... Толку ти е, твоите деца ќе тагуваат по тебе и твоите внуци до некоа мера но животот ќе продолжи како и секогаш. Синовите\ќерките на твоите внуци нема да те познаваат и ќе бидеш заборавен. Религијата ти дава лажна утеха дека горе те чека вечен рај во кој ќе се обединиш со твоите сакани и се ќе биде океј... Лажна утеха... Незнам како може некој да верува во тоа, јас себеси не се сметам за некој врвен ум но доволно сум паметен за да знам дека нема седум девици да ме облеваат во мед откако ќе умрам (под услов да бидам побожен)...
Што се однесува до свеста, тоа ти е можност за воочување на работите (така некако му доаѓа), способноста да чуствуваш (петте сетила)... Значи во глобала, да бидеш свесен за работите околу тебе. И животните имаат свест (не совест), луѓето нормално имаат највисоко развиена свест која Бог не ни ја дал, сама се развила со текот на еволуцијата. И да, науката има докажано дека свеста доаѓа од мозокот, без мозокот ние не постоиме, зошто тогаш не сме свесни за ништо, мртви сме. Кога некој ќе те упука во срце не умираш веднаш (спротивно на филмовите), а кога ќе те погоди во мозок све престанува, се губи свеста, умираш и толку ти е...