Размислував за ова и дојдов до неколку заклучоци: Постоење по дефиниција е нешто што е создадено од материја (барем така ни кажуваше професорката во 1ва)... Кога Господ би постоел тој би требало да биде создаден од материја, а доказ за тоа никогаш немало, а да се каже дека Бог постои а не е создаден од материја е да е каже дека постоење е еднакво на непостоење што е глупост.
Друга причина зашто не верувам (сум сигурен) дека не постои Господ е зборот "судбина"... Како може некој да верува дека тој самиот нема никаква контрола врз својот живот. Или јас сега ако решам да се фрлам во Вардар тоа е зашто Господ така пишал а не зошто јас така решив? И кога Бог би ни ги "пишувал" нашите судбини зошто тогаш во светот постојат мафијаши, силувачи, сериски убијци?
Затоа што нема Бог, затоа, моето сфаќање е дека ние сами си ја создаваме својата судбина но сепак не сме во тотална контрола поради тоа што и ние зависиме од другите. На пример: сакаш да станеш директор или незнам што (не е битно), работиш напорно за да стигнеш до таа позиција но сепак зависиш од други луѓе, пример твојот шеф и дали тој ке те унапреди. Но да се каже дека Бог е во контрола е глупо зошто тогаш на тој што му е пишано да биде претседател на држава не треба да се мачи за да стигне до таа позиција, тој е преодреден да биде... од "Господ"... Е не е така, ко што кажа Џек Николсон во еден од неговите филмови "No one gives it to you. You have to take it. "
Друг проблем е тоа што низ вековите религијата е користена како алатка да се контролираат луѓето. Христијаните го правеа тоа пред неколку векови со Крстоносните војни, убивањата на секој кој и се спротиставува на таа религија а муслиманите го прават тоа денес со бомбашките напади. Причината што ме натера за првпрат (пред едно 4-5 години) да почнам да се сомневам во мојата исламска религија е нашата замисла за рајот.
Имено, кај нас ако бидеш побожен и послушен кога ке отидеш во џенет (рај) ќе добиеш 7 девици (немам појма зошто муџахединиве викаат 72, ваљда за да го напраат рајот попривлечен)... Е тоа е бедно, ти ветува пи*ка ако бидеш побожен... А што е со жените? Што ќе добијат они? Ништо, они во тоа општество не биле битни, немале никаков збор, биле само робинки така да ете уште една причина зошто религијата е измислена од човекот.
Друга контрадикторност е различноста на религиите... Јас како муслиман ако бидам побожен дали ќе идам во рај? А што ако се родев како христијанин, дали ке идев во христијански рај или исламски пекол? Според овие две религии, секој што не верува во нивниот Бог е неверник и ќе иде во пекол... Е која е вистинската? Или можда има повеќе рај-ови и пеколи? Абе ајде... Причам ти причу
Па знаете што? Попрво, би уживал во животот и би ризикувал "вечно проклетие" (eternal damnation), него цел живот да бидам ограничен за да на крај да дознаам дека нема ништо потоа...
Религијата е древно сфаќање на работите, науката не е. Вистина е дека и науката сеуште не открила све, но таа иде напред со голема брзина додека религијата тапка во место. Покрај се, и вие побожните мора да признаете дека ова што го кажувам има некаква смисла.