НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Никој не го понижува Леброн, него вие го преценувате. Се имам одамна изјаснето за Леброн што е и како е, да не се повторувам пак. Ама да се збори уште сега дека е подобар од Џордан тоа е лудост, и тоа од невидени размери. Џордан според многумина, а и според мене е најдобриот спортист на сите времиња кога ќе се земе во предвид СЕ, значи психа, учинок, титули, однесување на терен, елеганција, итн итн. Зборувам општо во спортот не само во кошарката. Ти си добар познавач на кошарката ама те имам приметено дека исклучиво се водиш според бројки, што не треба да е секогаш така во практиката. Чисто за споредба, и Вилт Чембрлејн имал ненормални бројки, па пак не е најдобар во историјата. За Леброн реков зошто има вакви бројки, поради својата градба, 2.03 висок, снажен, габаритен, брз, одлично се движи. Но тоа не значи дека е најдобар во историјата.

Стварно ме мрзи а и не ни сакам да набројувам што се има направено Џордан во својата кариера и каков му бил менталниот склоп. Знаеш колку е далеку Леброн од тој ментален склоп на Џордан? Многу брат, многу. Со тоа се раѓаш, тоа не може ниту еден тренер да ти го вроди. Затоа и Коби е доста сличен на Џордан, затоа што имаат сличен менталитет. За Леброн кажав веќе, пред 3 години на Чалмерс му подаваше да решава утакмици, enough said. Џордан, а и Коби во главите имаат зацртано дека ќе те измочаат па макар играле без две раце и без две нозе! Крај, они се победници и точка. Е според ова се водат овие двајца, плус муда до под петици имаат... Значи никако не ми е целта да го омаловажам Леброн, сепак правиме муабет за човек кој по завршувањето на кариерата ќе биде топ 5 играч во историјата на овој спорт, ама да се прави дека е GOAT мислам дека е претеризам поради работите кои ги набројав погоре. Бројките како што реков веќе се едно, ама во праксата е друго. Шекил да не ги играше последните 5-6 сезони во слаби тимови, свесен ли си какви бројки ќе имаше зад неговото име? Пример да ја завршеше кариерата после прстенот со Мајами.

Значи вака:

1. Никогаш не реков дека Леброн е подобар од Џордан. Реков дека ако Леброн продолжи вака има реални шанси кога ќе се пензионира да биде најдобар. Дали ќе биде никој не знае. А да не правам муабет што не постои засега релевантен начин за да се избере најдобар во историјата, така што секој ќе си има различни мислења.

2. Ти велиш дека се водам исклучиво по бројки, што не е баш точно, ама точно е дека се водам спроед факти. Причината зошто воопшто и влегов во дискусија овде е за другиот дел од дискусијата кој упорно го форсирате, а тоа е форсирање на некои играчи заради некаква си психа, елеганција и слично. Тоа нема никаква врска со спорт, туку се карактерни особини или убавина за гледање. Спортот е натпревар и единствено е битно за тоа кој е подобар, кој повеќе му помогнал на тимот да победи. Точка.

3. И убедливо причината која најмногу ми оди на живци е тоа што ги форсирате на пример Џордан и Коби затоа што според вас имале "мадиња" да играат еден на еден на крај и да шутираат, а од друга страна го осудувате Леброн затоа што во такви ситуации подадол. Секој разумен не old school тренер во НБА ќе ви каже дека одење еден на еден во тие ситуации и шутирање во најголем случај step back jumpers преку човек е и тоа како неефикасен шут. Полош од него здравје. Го пцуете Леброн за неговата најдобра особина - генерирање на најдобра ситуација за поени за тимот, макар и по цена друг да шутира. Тие step back jumpers преку човек во последна минута какви што еден куп погодиле играчите како Коби и Џордан се атрактивни за гледање нема збор и сто пати кажав, сфаќам зошто тоа ве прави да ги обожавате како играчи (и немам ништо против со тоа). Она со што имам против е што нив ги користите за да "докажете" дека тие биле подобри играчи од други заради тоа.

Поентата ми е, дека треба да се размислува рационално со факти и со она што вистински си го постигнал на теренот, а не со карактерни особини, субјективни обожавања на некои играчи. И најбитно од се, да се сфати еднаш засекогаш дека кошарката не е тенис, туку е тимска игра во која СЕКОГАШ победува тимот, а не еден единствен играч. И тимски достигнувања или неуспеси целосно да му се доделуваат на еден играч е тотално погрешно.

П.С. Што е најсмешно, јас почнав да следам НБА горе долу баш кога Ајверсон влезе во лигата и сум навивач на Филаделфија. Буквално истите аргументи за психата и слично што ги давата за Џордан, Коби и сличните на нив можам да ги дадам и за него. Ама не го правам бидејќи сум свесен дека не е точно. Ако мене ме прашаш лично, јас не ги сакам ни Џордан, ни Коби ни Леброн. Ама сите ги ценам на соодветен начин за она што го постигнале/постигнуваат.
 
Последно уредено:
Не заебавај сега и ти. Што има лошо во тоа што човекот смени тим? Кристијано Роналдо лош играч ли е што отиде од Манчестер во Реал? Целта ги оправдува средствата, сфати (среќа за него на време) дека со Кливленд никогаш нема да освои титула и отиде во Мајами. Одличен потег беше тоа, нема врска дека ја упропастил лигата и слично. Тоа што Истокот е генерално слаб последниве неколку сезони не е кривица на Леброн него на другите тимови од Истокот. И воопшто не е слаба НБА во моментов, Оклахома, Сан Антонио, Мајами, Далас, Клиперс, Голден Стејт, Индијана не се воопшто слаби тимови. Напротив, гледаме одлична и квалитетна кошарка, нарочито сезонава, па погледни ја само првата рунда и се ќе ти стане јасно. Колку само серии беа решени во седмата утакмица, мислам дека беа 5 ако не се лажам.
Со тоа што смени (не било каков) тим е доказ дека ЛеБрон игра со цел да руши рекорди, да биде најдобар, едноставно човекот е перфекционист и се замара со бројки во главата. Џордан никогаш не се замараше со тоа, едноставно сакаше да биде несопирлив. Единствена заедничка работа на овие двајца е што двајцата доминираат/ле во својата ера.
 
neznam zaso go potite koa stvar ko GOAT ne postoi....kraj na muabetot
 
Како бе карактерните особини не се битни? Си видел ли Коби каков work ethic има? Сите играчи имаат кажано дека највеќе тренира од сите, станува рано сабајле, оди во сала 1-2 саати порано од предвиденото, и после тренинг нон стоп останува. Не дека другите не тренираат многу, ама за Коби конкретно нема некој што нема кажано дека тренира како ненормален и дека е ненаситен во желбата да ја унапреди својата игра.
 
Точно и поштувам. Но увек ќе остане копија на Џордан. Добра, морам да признаам (што не е случај и со Вејд).
 
ќе игра Џејмс или сеуште не се знае ?
LeBron James (leg) said the "soreness is starting to get out" and that he received treatment on his left leg on Saturday.
Coach Erik Spoelstra said the extra day off has been very helpful to LeBron, but his star forward was a bit limited in practice. He is still expected to play and the Heat will undoubtedly be giving him plenty of extra fluids in preparation for Game 2 on Sunday. Jun 7 - 2:07 PM
Source: Marc Spears on Twitter
 
Безидејна дискусија се води моментално, и мило ми е што заврши. Темата за Коби вс Леброн и Леброн вс Џордан секогаш ќе ја има. Различни ери, различни играчи. Целото се сведува на прашање на вкус во врска со работна етика, оф-терен активности, доминација и елеганција и слично. Само ќе ви оставам една слика.
BpKhA41IcAEzJef.png

Според мене златната ера на кошарката се случи токму во тие периоди, од Bad Boys од детроит па до Коби-Шек доминацијата. Гледам дека се води дискусија за статистички податоци на играчи и според тоа го одредувате нивниот квалитет. Всушност на крајот на 20 век кошарката имаше најголем бум и е тоа што денес го знаеме. Штета што не сум ги фатил но за среќа го имам вториот three-peat на булси на VHS и редовно си ги гледам. Значи играчи како Томас, Баркли, Олајџувон, Џордан, Малоун, Стоктон, Шек, Коби, Јуинг ( се извинувам на сите што сум ги заборавил :D) ја дигнаа кошарката на ниво на фудбалот па дури и поголемо во тоа време. Тоа што сега го гледаме е всушност како афтершок од таа ера, кошаркарскио свет се опоравува од времето на големите играчи, оние кои поставија фундаменталности на ривалитет, издржливост, борба до крај и на крај подобриот си го зема тоа. Еве на кратко моето мислење на ова тема и стефан те молам друг пат немој да отвараш вакви чувствителни теми, ќе падне крв на темава. :pos:
 
Како бе карактерните особини не се битни? Си видел ли Коби каков work ethic има? Сите играчи имаат кажано дека највеќе тренира од сите, станува рано сабајле, оди во сала 1-2 саати порано од предвиденото, и после тренинг нон стоп останува. Не дека другите не тренираат многу, ама за Коби конкретно нема некој што нема кажано дека тренира како ненормален и дека е ненаситен во желбата да ја унапреди својата игра.

Точно ама тој work ethic е битен и му помогнал за да биде подобар играч, ама нема никаква врска со тоа дали ќе го вреднувам пред или зад некој друг. Што знам на пример, избери кој сакаш од плејмејкерите на Лејкерс оваа сезона, јас се кладам дека се убиваат на тренинзи, а и на натпреварите даваат се од себе на секоја утакмица. Ајверсон од друга страна ич не се замараше со тренинзи. Ама тоа не значи дека тие плејмејкери се подбри од Ајверсон. Јас сум можеби поненаситен и од Коби ама можам само да се молам да стапнам во арената како навивач а не пак да играм во НБА.

Значи карактерни особини може да се битни за да си помогнат играчите себеси да бидат подобри, ама не се оценува кој подобар според тоа кој има подобри карактерни особини.
 
Точно ама тој work ethic е битен и му помогнал за да биде подобар играч, ама нема никаква врска со тоа дали ќе го вреднувам пред или зад некој друг. Што знам на пример, избери кој сакаш од плејмејкерите на Лејкерс оваа сезона, јас се кладам дека се убиваат на тренинзи, а и на натпреварите даваат се од себе на секоја утакмица. Ајверсон од друга страна ич не се замараше со тренинзи. Ама тоа не значи дека тие плејмејкери се подбри од Ајверсон. Јас сум можеби поненаситен и од Коби ама можам само да се молам да стапнам во арената како навивач а не пак да играм во НБА.

Значи карактерни особини може да се битни за да си помогнат играчите себеси да бидат подобри, ама не се оценува кој подобар според тоа кој има подобри карактерни особини.
Ама споредбава ти вришти. Во Лејкерс знаеш и самиот кои се плејмејкери моментално, 50 годишниот Неш, факинг Стив Блејк пред да беше трејдан у Голден Стејт и Маршал. УПМ играчиште до играчиште. Зборуваме за Коби Брајант и Леброн Џејмс, најдобрите играчи во НБА последниве 10-15 години. Стив Блејк тренира и дава се од себе и пак е просек, а овие се најдобри и пак даваат се од себе, за да станат што подобри... Тоа е восхитувачкото.
 
Ама споредбава ти вришти. Во Лејкерс знаеш и самиот кои се плејмејкери моментално, 50 годишниот Неш, факинг Стив Блејк пред да беше трејдан у Голден Стејт и Маршал. УПМ играчиште до играчиште. Зборуваме за Коби Брајант и Леброн Џејмс, најдобрите играчи во НБА последниве 10-15 години. Стив Блејк тренира и дава се од себе и пак е просек, а овие се најдобри и пак даваат се од себе, за да станат што подобри... Тоа е восхитувачкото.

Ама ти упорно како намерно да не сакаш да ме сфатиш. Јас не велам дека не е восхитувачко. Е восхитувачко и тоа како. Тоа прави да ги сакаме и да навиваме за нив. Ама тоа на никаков начин не можеш тоа да го користиш за да споредуваш кој бил подобар на теренот. Онолку си добар колку што ќе изиграш на натпреварите а не колку што саати ќе тренираш. Некој може да биде и најголем идиот на светот карактерно, ама ако е најдобар на натпреварите тој ќе биде најдобар и точка. Не се мери кој бил најдобар играч со тоа кој колку навивачи има. Тоа единствено влијае врз неговото и финансиското конто на тимот.

П.С. И аман веќе со темава стрварно е бесмислена заминаа муабетите во катастрофален правец. Не се согласуваме, и не мора, секој нормално си има право на свое мислење (и добро е што е така).
 
.

П.С. И аман веќе со темава стрварно е бесмислена заминаа муабетите во катастрофален правец. Не се согласуваме, и не мора, секој нормално си има право на свое мислење (и добро е што е така).
у право си, дај заебите више, полека да се спремаме за вечер. Јас мислам струја ќе снема у соблекувалната на мајами. :pos:
 
Вечер Сан Антонио ќе биде подобар отколку на претходниот натпревар :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom