АууЧ. Неам ја желудник за хорор.

Прв „хорор“ ми беше Скери муви, со таа што искача од бунарот. Го гледав уште кога искочи, ептен мала бев. Али уште си иам трауми.

Врска немам кој дел, само знам дека е со онаа грр со мокра коса што излага од телевизор...

За некој бунар се работеше, подрум... ма поима неам.

Знам се јавуваа на телефон: За седум дена, чу те патошем.

Затоа после ги замрзев кроасаните 7days.
Го гледавме со сестра ми и братучетките. Ја и сестра ми лежевме на ист кревет. И така уз гледање, ми зафуфка, се збутав кај сестра ми. А она да ја имала пуштено косата.

Лелеее, кога спискаав, си помислив оваа дошла по мене, готово. У бунар ме носи. Time to say goodbye.

Ваква некоја реакција имав, само што овој многу шмизлест рефлекс има.
Откога го изгледав, ми беше страв да погледнам у подрумот у влез.

Самара ли се викаше таа? Можда.
После тоа го имам гледано Петок 13ти. И првите два дела на Парапарапараненормална активност. Али со стишан глас, бегај таму.

Малку потешко заспивав, али полесно го „пребродив“ за разлика од оваа со бунарот.

До душа почнав да го гледам третиот дел, али коа се појави она: Прв ден, 3 часот сабајле, втор ден 4 саат сабајле... у себе си викам: - Гаси! Гаси! Гаси, будало една, не си ти за ова.
Други хорори, не знам дали имам гледано. House of wax така по малку, со ѕиркање. И двата дела Carrie.
Доста ми се, за цел живот.
