Абе луѓе зимам го правам по рецепт Кари сосот, но бојата и вкусот не е баш како по рестораниве, јес да е вкусно но не е тоа тоа.... дај некој по искусен што го има погодено нека ме упати малце , па јас да ја упатам мојата мајка пошо мене за к*р не ме бива
Ајде де, не губи надеж...., ако не ти успее од прв пат, од втор ќе успее, ако не успее од втор од трет ќе успее....

Еве ти мала помош како да подготвиш кари сос, а и рецепт
Состојќи
• 3 големи лажици зејтин
• 1 кромид ситно исечкан • 4 чешниња лук
• 4 см корен од ѓумбир, излупен и тенко исечкан
• половина лажиче куркума
• половина лажиче коријандер
• половина лажиче ким • 5 големи лажици доматно пире
Подготовка
Загреј го маслото и потоа стави го кромидот да се запржи. Додади постепено ѓумбир, лук и две зелени чили пиперчиња (по желба). Мешај 1-2 минутки и намали го огнот.
Пржи 15-тина минути и внимавај состојките да не се препржат и да добијат темно кафена боја.
Потоа, додади ги коријандерот, куркумата и кимот. Готви уште 5 минути на ниска температура. Додади неколку капки вода за секој случај да не ти загорат зачините.
Потоа, отстрани го садот од оган и остави малку да се излади. Стави 120 мл ладна вода во блендер и додади ги сите други состојки. Мешај на умерена брзина. На крај, додади го пирето од домати и повторно измeшaј со блендерот.
Откако ќе го направиш тоа, смесата врати ја во садот за пржење и гответе уште 20–30 минути на многу ниска температура, односно додека сосот не добие портокалово-кафена боја и текстура како кечап.
И да пишеш што си направил..... дури ако можеш сликај и постирај
