Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој да ми каже рецепт за цезар салата ви благодарам однапред :)
Јас оваа што си ја правам, е цезар на мој начин. Оригиналниот ако го сакаш, прогуглај го.

- Неколку листа марула, сецкани ситно
- 1-2 варени јајца, сецкани на коцки
- 1 помал патлиџан, сецкан на коцки
- 100 грама пченка, варена или од конзерва(може и без ова)
- 1 парче стек, сецкан, па запржен во малку масло
- Неколку маслинки
- Можеш и млад кромид да си ставиш

Сос за салатата
- Лажица мајонез, павлака и сенф
- Лимон
- Суви зачини, копар, оригано, босилок
- 2-3 Рендани кисели краставички(опционално)
- Сол и црн бибер
Во сосот можеш да варираш со количините на состојките, зависи како тебе ти е најслатко.

Ќе си ги ставиш сите состојки во еден сад, ќе ги промешаш. Врз нив ќе си го полиеш сосот. И на здравје да си јадиш. :)
 
Знае некој да ми каже рецепт за цезар салата ви благодарам однапред :)
Еве еден рецепт и од мене... :)


марула
100гр. мајонез
60гр. пилешко
1 кришка леб
1 краставица
1-2 патлиџани
30гр. блага павлака
црн пипер
зачин/вегета
магдонос
оцет
зејтин

Исецкај ја марулата и сервирајте во длабока чинија. Пилешкото филе исечи го на коцки и стави го во тава со загреано масло да се пржи. Потоа се промешува, па се зачинува со вегета и црн пипер. Кога ќе се пропржи пилешкото, извади го на чинија и го оставете да се олади.
Лебот го исецкај го на коцки и него стави го во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешај и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб извади ги на чинија и остави ги да се оладат. Краставицата и доматот исецкани на коцки стави ги во садот. Во садот додади го испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојќите ги промешуваш и додаваш врз зелената салата.
Мајонезот го стави го во подлабок сад. Во садот додади ги оцетот и благата павлака. Сето тоа зачини го со црн пипер, исечкан магдонос и убаво промешај за состојките да се изедначат. Со сосот прелиј ја салатата. На крајот можеш да декорираш со малку исечкан магдонос.

:)
 
Ај некој рецепт за асални фурнаринки и како да се приготват. Секад испаѓаат бели такви, ко тесто, сакам ко у ресторан :rolleyes:
 
Ај некој рецепт за асални фурнаринки и како да се приготват. Секад испаѓаат бели такви, ко тесто, сакам ко у ресторан :rolleyes:
Брат ти мора да гу знаеш рузмарин од Саша Матиќ
Епа овакој, прво праиш га тесто како за пицу(да ти га туру у гузицу:ROFLMAO: ) ама малце потн'ко. Пази да не ти се исцепа,како Лукиќ Лепа : D Кој ми кур сс риме бе hahah
Прво се премачкуе сс маслиново масло, па сол и рузмарин, а ако сакаш да бидеф и сс сусам,њега ке га стаиш у тесто кд ке га размесуеш тој топче, пред да га тепаш сс сукаљку, или ви што га викате сукало. Значи тесто, маслиново масло, рузмарин, сол и сусам ако сакаш... ама па ке га искакаш :vozbud:

Еве едни мои фурнаринке што си ги иам одамна. Vs сирење е мед и млеко, како милкивеј космички оргазам.... најди пичиња иам стан празан:icon_lol:

photo0020.jpg
 
Колку време од прилика треба да го греам зејтинот пред да ги ставам компирите во тавата ?
 
Колку време од прилика треба да го греам зејтинот пред да ги ставам компирите во тавата ?
Стави едно компирче внатре и кога тоа ќе почне да се пржи, почекај уште минута, две и стај ги сите други во тавата. :)
 
Што кога филот за торти од пудинг ќе испадне премногу течен? Како да се корегира?
 
Што кога филот за торти од пудинг ќе испадне премногу течен? Како да се корегира?
Сомели бисквити и стај му :)
Следен пат не ставај маргарин во топол пудинг, затоа ти е редок. Остај пудингот нека се излади па после додај маргарин/путер.
 
Сомели бисквити и стај му :)
Следен пат не ставај маргарин во топол пудинг, затоа ти е редок. Остај пудингот нека се излади па после додај маргарин/путер.

А може ли нешто друго наместо бисквити? За еклери ми е филот.
 
Направи густин во посебен сад и после измешај го со филот. Не сум многу сигурна ама една лажица густин се вареше со 10мл. вода. Имаш упатство на пакувањето, направи го погуст и би требало да ти успее.
Не знам колку фил имаш ама ако треба направи повеќе густин, барем он е ефтин и да ти остане. :)
 
Пирошки, ама од тие ресторанските за свадби.
Знам да ги правам, само мојот фил внатре е различен во тие ресторанските.
Знае некој како се прави?
 
Пирошки, ама од тие ресторанските за свадби.
Знам да ги правам, само мојот фил внатре е различен во тие ресторанските.
Знае некој како се прави?
Jas vo fil stavam rendana sunka, kaskaval , kornisoni, malku kecap i crn biber.
 
Пирошки, ама од тие ресторанските за свадби.
Знам да ги правам, само мојот фил внатре е различен во тие ресторанските.
Знае некој како се прави?
Чим го бараш филот како од ресторанските..... со шунка и кашкавал..... изрендај кравји кашкавал, растителен кашкавал, шунка, а можеш и посебна салама.... сето тоа измешај го и полни ги пирошките.


А ако правиш со шунка и сирење..... изрендај ја шунката, можеш да изрендаш и посебна слама, издроби сирење кравјо или фета, додади урда, измешај и полни ги пирошките.


:)
 
А ако правиш со шунка и сирење..... изрендај ја шунката, можеш да изрендаш и посебна слама, издроби сирење кравјо или фета, додади урда, измешај и полни ги пирошките.
А може пармезан или овчо сирење дробено?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom