@Изгрев не биди мрзлив и разлистај наназад. А еве и еден подолг пост за тебе, после кој би сакал да одговориш на црните болдирани прашања, а д ги коментираш доколку не се слагаш црвените болдови.
Дали со помош на институцијата која ја претставува религијата е можно да се пронајде Бог?
Дали само вербата е доволна да се доближиме на нешто толку совршено и несфатливо за обичен смртник, како и самата идеја за Бог?
Секојдневно одење на миса, причест, исповед, разговори со свештеници, имамим рабини, пророци, гуруа, посети на цркви, џамии, синагоги...... Дали е доволно да се најдеме во Божјата милост?
Постои нешто заедничко за наборјаново погоре, а и воопшто со се што врзуваме за поимот институционализирана религија – тоа се световни работи, материјални поими како нус-продукт на човековата мисла и како такви претставуваат манифестација на нашите желби и чувства.
Сакаме ли надеж? Религијата нуди надеж и подобро утре.
Сакаме ли љубов? Религијата нуди безгранична љубов.
Сакаме ли вечен живот? Религијата, секако, нуди и вечен живот.
Дали основната замисла на идејата за Бог била да се создадат организирани религии и да се претворат во институции базирани на материјални работи и човечки желби, толку одвоени од самиот Бог и вистинската духовност?
Сите пророци и вистински духовни лидери кои се појавуваат низ историјата заговараат идеја за верба на поединецот и константна работа на самиот себе како човек, за да се постигне поврзување со Бог.
Се создадоа стотици различни религии, бидејќи луѓето биле под влијание на различни фактори и историски околности, што допринело за различна манифестација на верата.
Која е потребата на создавање нешто опипливо и материјално, за да се опише неописливито?
Никој не може да ни го приближи Бог, доколку не сме спремни да самите го сториме тоа.
Не постои човек кој може да биде образуван на некаков си факултет и да добие професионална струка Божји претставник на Земјата.
Оној момент кога идејата за нешто неописливо, совршено, како што е Бог, се претвора во нешто толку несовршено како како што е институција на религијата, која постои во нашиот материјален свет, тогаш престанува секоја потрага по Бог и започнува следење налик она помеѓу овчарот и овците.
Луѓето кои ги претставуваат институциите на религијата, мораат најпрво да ги одржат во живот сопствените институции, кои се итекако ранливи во материјалниот свет во кој делуваат. Тогаш во приказната влегуваат политика, пари, корупција и бесонечна потера за моќ. Мора да се вклучат и медиумите за да се застапуваат интересите на оние кои се декларираат како верници.
Тоа е сосем логично, бидејќи моќта и способноста на било која институција да направи што повеќе материјални добра, да направи политичко влијание и да го одржува материјалниот статус, се темели токму на нејзината способност да привлече што повеќе следбеници и истите ги задржи.
Ова е присутно насекаде во животот, а и во институциите за религија.
Дали ваквото однесување може да се нарече дека е вистинска верба во Бог и ширење на божјата волја за љубов и мир, или сепак се работи за нешто друго?
Eскимот: "Ако јас не знам за Бог и болка, дали јас ќе одам во пеколот?"
Свештеникот: "Не, нема да одиш ако не знаеш."
Ескимот: "Тогаш зашто воопшто ми кажуваш?"