A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
11 ноември 2011
Мислења
555
Поени од реакции
48
Јас мислам дека не мора да е некоја скапа антена. Бумот фаќа сигнал и со крш антена. Јас користам делови од антена т.е. расклопив една стара и еден дел поврзав за едниот друг дел за другиот ресивер и имам одличен сигнал! :D
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
68
Поени од реакции
8
Се мислам помеѓу овие четири антени :

http://www.tehnomarket.com.mk/products/09108070/philips-sdv-5100

http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_63_185&product_id=207180

http://www.tehnomarket.com.mk/products/09128263/neo-dvbt-ant80

http://www.tehnomarket.com.mk/products/09128091/neo-dvbt-antenna-5

Првите две се поскапи , вторите поевтини ........ Која би ми вршела работа за приклучок со CAM модул ..........

И уште нешто ... Како оди поврзувањето на антената со CAM модул ............

и дали може да се фатат регионалните канали со ваква ТВ ........ иначе пишувам од Охрид ............
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
555
Поени од реакции
48
Земи си надворешна антена за да си немаш проблем со сигналот. И од ОНЕ препорачуваат надворешна.

А, инаку антената се поврзува со САМ Модулот на тој начин што модулот го ставаш во телевизорот а кабелот од антената и тој во телевизорот. Е, сега како одат подесувањата нека ти кажи некој со искуство. :)
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.108
Поени од реакции
1.391
Знае ли некој кои се фреквенциите на кои се емитуваат дигиталните канали што се бесплатни мислам македонските?
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
68
Поени од реакции
8
Ако некој сака антена за добар сигнал на BoomTV без никакви пречки , продавам нова неотпакована антена PHILIPS SDV5100/10 TV ANTENA , 18 dB ... 2 години гаранција ...
Купена е од АМЦ 660 , ја давам за 500 ден ... Ако има заинтересирани пишете во inbox ...
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Дали некој има искуство со картицата за ТВ што се нуди од One која целосно го заменува ресиверот. Ме интересира дали преку картицата ќе добијам подобра слика, МТВ HD канал и останати бенифиции? Благодарам однапред.
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945

Добиваш повеќе простор и користење на едно даљинско, МТВ ХД и ништо друго :D и јас мислев поубава слика дека ќе има особено сега на овие големи телевизори ама ништо од тоа.
 
Мене ми е битно за МТВ ХД да ја добијам, сакам светсково во ХД да го гледам зошто преку ресиверот нашава МТВ е ужас сликата. Антена треба за картицата или работи преку антена од Твто?
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Мене ми е битно за МТВ ХД да ја добијам, сакам светсково во ХД да го гледам зошто преку ресиверот нашава МТВ е ужас сликата. Антена треба за картицата или работи преку антена од Твто?
Треба и антена, ја приклучуваш директно во тв. :)
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Треба и антена, ја приклучуваш директно во тв. :)
Ќе земам тогаш сигурно само заради МТВ HD за да го гледам мундијалот на убава слика. Јас пред недела дена се јавив да прашам ми кажаа дека ќе воведат нови дигитални ресивери што ќе поддржуваат HD сигнал и затоа сè уште немам земено. Сега се јавив и прашувам ми викаат засега нема да има такви новости. Убаво ќе биде и некој нов канал да пуштат ама не знам дали ќе се случи. Инаку презадоволен сум општо од Бум.
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Ќе земам тогаш сигурно само заради МТВ HD за да го гледам мундијалот на убава слика. Јас пред недела дена се јавив да прашам ми кажаа дека ќе воведат нови дигитални ресивери што ќе поддржуваат HD сигнал и затоа сè уште немам земено. Сега се јавив и прашувам ми викаат засега нема да има такви новости. Убаво ќе биде и некој нов канал да пуштат ама не знам дали ќе се случи. Инаку презадоволен сум општо од Бум.
Исто и јас сум презадоволна, ама малку се разочарав кога видов дека нема некое подобрување на сликата со cam модул. Ама нема врска, општо вака е супер :D
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
555
Поени од реакции
48
Дали некој има искуство со картицата за ТВ што се нуди од One која целосно го заменува ресиверот. Ме интересира дали преку картицата ќе добијам подобра слика, МТВ HD канал и останати бенифиции? Благодарам однапред.
BoomTV нема HD канали! Ни со КАМ Модул ни со ресивер.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
а како ја гледам јас мрт хд?
Мислам дека можеш да гледаш МРТ1 HD.
Она е преку ЈП МРД, а не преку One, т.е. boomtv.
Не бери гајле, нејзе можеш да ја следиш, само ти треба телевизор со вграден DVB-T MPEG4.
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Мислам дека можеш да гледаш МРТ1 HD.
Она е преку ЈП МРД, а не преку One, т.е. boomtv.
Не бери гајле, нејзе можеш да ја следиш, само ти треба телевизор со вграден DVB-T MPEG4.
А други HD канали ако има ќе можам да ги гледам? SomebodyUnique вика не
 
Kajgana Shop

На врв Bottom