Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Оти не ви сметаат македонски фирми како Алкалоид, Витаминка, Ал Макс шо даваат македонски плати и извезуваат у странство, а ви смета ДМ шо е странска фирма шо дава македонски плати и извезува у странство?

Друже незнам како имаш сила да водиш дискусија со луѓе кои освен навреди кон Груевски и ВМРО незнаат ништо друго да кажат. Јас незнам какви се тие ментални структури но страшно и опасно е што сеуште ги има во општеството. Замисли колку е тешко да размислуваш со толкава предрасуда околу вратот. Нели гледаш дека не е проблемот ДМ туку е проблемот Груевски и ВМРО.
Жал ми е навистина што место да одиме напред и да се радуваме на добрите весто без разлика кој ни ги носи тие добри вести ние сеуште работите ги гледаме од политички аспект.
Колку е само мизерно постојано да се зброува за тие 8 илјади денари и толку , тука завршува капацитетот , тука завршуват понатамошните можности за размислување.
Но еве да речеме ДМ и да е најлошиот работодавец (а не е), самото тоа што нуди работа го раздвижува пазарот на труд и ја зголемува понудата. А зголемена понуда секаде се цени и во крајна линија носи и конкуренција а со тоа и подобрени услови за работникот.
Но кога ќе почнам да зборам за овие работи се осеќам како да збоувам за нуклеарна физика која многу малку луѓе можат или сакаат да ја разберат. Јас на друг начин неможам да си го протолкувам фактот што и покрај сите изнесени аргументи непостои човек на форумот кој е спремен да демантира со контра аргументи туку веднаш се почнува Германии, Швајцарии, Груевски, ВМРО и тн и тн.
 
Тебе дефинитивно ти треба психијатар.
Ме интересира дали те плаќаат барем што пишуваш глупости на темава или тоа го правиш буквално из чиста мира.
Очигледно си 24/7 на некои таблетки од кои се ти се гледа розево, или пак евентуално мама и тато ти обезбедиле се во животот, па затоа не можеш да ја согледаш вистината за Македонија.
Настрана од политичките води на кратко се обидува да објасни дека денес за да заработиш повеќе пари и за да бидеш успешен а не да останеш на истото треба да се потрудиш повеќе.Ако си итар и снаодлив да искористиш,ако те бива за сопствен бизнис и трговија да искористиш,ако сакаш да работиш друго да искористиш кусеви,семинари и друго образование за надоградба и усовршување како на времето што некои завршиле факултет а другите си работеле и со средно.
 
Извини, ајде тоа нека биде за средната класа, која и те како е изгубена во МКД одамна. Но, што е со оние што едвај врзуваат крај со крај, што не можат на своите деца да им обезбедат курсеви и слично?
Што е со онаа младина која работи за да се дошколува?
Снаодлива секако е, штом го гледа излезот од сиромаштијата само надвор од МК.
Како да отвориш фирма во Мк и да бидеш почетник со желба за проширување кога даноците ќе те изедат? Инспекциите па да не правиме муабет.
Како?
А тој кажува како се е розево и Швајцарија, Америка и Германија бетер од нас ги направи.
 
Јас на друг начин неможам да си го протолкувам фактот што и покрај сите изнесени аргументи непостои човек на форумот кој е спремен да демантира со контра аргументи туку веднаш се почнува Германии, Швајцарии, Груевски, ВМРО и тн и тн.
Немој жити се ти да бараш аргументи.Нова фирма што дава 8000 денари плата не ти е никакво раздвижување на пазарот,таква работа и онака се наоѓаше бидејки тоа е ефтина пара за да си купиш роб.Раздвижување е коа ќе дојде фирма што ќе ја крене платата и стандардот со тоа.
Ова со вработувањето у дрекс ти е како вицот со наркоманот, да ги пребациш кинезите у Америка а американците у Кина и после обратно..нешто да се дешава...
 
Zosto mislish deka germanecot dosol vo MK ?
Zosto mislish ti deka Germanecot e toj sto treba tebe da podigne standard ?

Drugo eve ti tebe edna prosta matematika...Pa vidi ti dali ne e toa razdvizuvanje.

Procesna plata 220 evra * 4000 rabotnici 880 000 mesecno samo od rabotnicite....plus i drugi pomali firmi dostavuvaci i drugo i sea 12 mesecxa 8 880 000 = 10 560 000 miliona evra za Tikvesijata...
 
Едно е факт тој што нема фамилија и деца и нема други грижи како ново вработен можеби и може донекаде да биде задоволен инаку во реалноста за возрасен човек оваа плата е навистина мала .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Извини, ајде тоа нека биде за средната класа, која и те како е изгубена во МКД одамна. Но, што е со оние што едвај врзуваат крај со крај, што не можат на своите деца да им обезбедат курсеви и слично?
Што е со онаа младина која работи за да се дошколува?
Снаодлива секако е, штом го гледа излезот од сиромаштијата само надвор од МК.
Како да отвориш фирма во Мк и да бидеш почетник со желба за проширување кога даноците ќе те изедат? Инспекциите па да не правиме муабет.
Како?
А тој кажува како се е розево и Швајцарија, Америка и Германија бетер од нас ги направи.
Македонија не нуди можности за заработка за школување или за отворање на бизнис на посиромашните и тоа е факт,нема да негирам нешто што не бива.Затоа одат да печалат надвор од неа,да заштедат а неретко и се враќаат овде самите да се дошколуваат или да си отворат работа со заработените пари.Тоа е тоа што ги прави снаодливи и способни.Не седат,не дремат туку се снаоѓаат за живот и сакаат да заработат повеќе па и повеќе се изложуваат на ризик и не се штедат од работа.За даноци и инспекции не ми се зборува,оти ќе почнам се да пцујам по ред.
 
Таксисти заработуваат по 500 евра.

Нобеловци економисти зборуваат за слободен пазар и за пазарна економија, мрзеливи хипици се борат за социјален мир и за минимални плати. Бог да чува.

Од овој момент натаму прекинувам да читам било што и да напишеш натаму на темава.

Се чувствувам како да се дискутира со било кој е*ен републиканец од САД кој цврсто стои да нема никаква социјална контрола врз она што го работат корпорациите и да нема ама баш никаква заштита за обичниот работник бидејќи истиот е нели, стока.

Тоа е тој расипан капитализам кој толку воспеваната Америка ја однесе надвор од топ20, не, топ50 на сите листи направени во светски рамки направени од релевантни институции, а поврзани со квалитетот на животот.

Истовремено, твоите "мрзеливи хипици [кои] се борат за социјален мир и за минимални плати" направија топ 5 земји за живот - Норвешка, Данска, Шведска, Канада, Австралија.

Де кажи ми на кој проект преку USAID си биден на економска "дообука"?

Не, не мора да ми одговараш.
 
Последно уредено:
Не сум компетентна да расправам за тогаш затоа што тогаш не сум работела и би било глупаво да солам памет за нешто што го поминале моите родители од едно друго време.Можам само од искуство да зборувам за денешната состојба и за состојбата на луѓето со кои соработувам,роднини и пријатели меѓудругото и да дискутирам за моменталната заработувачка и потрошувачка во Македонија која и лично нормално ме засега заради сопствена корист.Што било пред 20,30,50 години било и поминало не ме засега воопшто па нема да навлегувам во огорчена расправа за грешките на власта и на партиите.

Ако бегаш од компетентноста за некогаш порано, зошто велиш дека ако не се ДМ Македонија ќе е мртва?Претпоставувам дека се сеќаваш барем на 5-10 години уназад во времето кога не биле тие овде, без разлика на другите околности.Сигурно сте муабетеле со родителите за времето кога биле во државни фирми.
И јас прв велам дека порано не било подобро, баш во средина на 90-те се случија огромните стечаи и бркања (сите сме имале барем по еден родител во тие фирми, па сме запознати од нив како било),
Дали досега не сме биле економски на апарати за дишење?Сме имале само лошо и полошо.(муабетот ќути и прифати, можело и полошо).Ама дека ДМ и слични ќе ја кренат економијата со нивните 20 милиони, а паралелно еден куп мали фирми се затворени од инспекции за глупости некако не е за верување.На малите фирми им кратиме секакви права и ги задушуваме, а странски експлоататори чекаме со црвен тепих.
Утре ќе дојдат уште такви ко ДМ во некои гратчиња или села каде ќе бидат условени за уште помала плата.Ако е таков напредок чекаме, со плати за преживување, не е на арно...
 
Затоа што тоа е "фамозната" Груева инвестиција.
Затоа што таа т.н. инвестиција може да си дозволи повеќе, и Грујо е свесен за тоа, а сепак се согласи на 8000ден плата.
Затоа што тоа е секој втор збор на Грујо: "Ете ние што направивме".
Што направивте бе? Ги елиминира постепено сите помали претпријатија, за својот народ даноците растат, за инвесторите даноци нема. Го соголе својот народ, за на крај да му донесе инвестиција со мизерна плата и тоа да му биде најголемата гордост? И после зошто ми пречи.
Океј, таа е фамозната инвестиција на Груевски.
Никој не го има воопшто спомнато Груевски у муабетот, ама ај.
Никој не може да те натера да даваш такви или онакви плати, пошто со тоа ти од старт го тераш на нешто кое не го сака.
Платата ја одредува пазарот и само пазарот. Тоа е најосновен економси факт. Цената на се и сешто ја одредува пазарот.
Еве, јас ги повикувам сите шо работат у Дрексел да си одат, сите 4.000 нека си одат. Ама ако до утре ова време они можат да најдат нови 6.000, не зборувам за 4.000, туку за 2 повеќе, тогаш да, платите ќе останат волкави.
Не се брукај, Алкалоид дава по 30-40.000 плати.
Да, Алкалоид даваат плати од 40.000, ама на инжењери кои се иновативни и работат по цел ден на лекови. Шо не се замараат со работно време од 7 до 3, шо не се замараат со викенди, шо одат по семинари и имаат на главата еден куп титули.
Ете тие зимаат по 40.000 у Алкалоид.

Да не случајно на портирите им даваат по 40.000 у Алкалоид? Или пак на хигиеничарките? Или на обичните техничари со средно школо?
Настрана од политичките води на кратко се обидува да објасни дека денес за да заработиш повеќе пари и за да бидеш успешен а не да останеш на истото треба да се потрудиш повеќе.Ако си итар и снаодлив да искористиш,ако те бива за сопствен бизнис и трговија да искористиш,ако сакаш да работиш друго да искористиш кусеви,семинари и друго образование за надоградба и усовршување како на времето што некои завршиле факултет а другите си работеле и со средно.
Фала богу!
Извини, ајде тоа нека биде за средната класа, која и те како е изгубена во МКД одамна. Но, што е со оние што едвај врзуваат крај со крај, што не можат на своите деца да им обезбедат курсеви и слично?
Што е со онаа младина која работи за да се дошколува?
Снаодлива секако е, штом го гледа излезот од сиромаштијата само надвор од МК.
Како да отвориш фирма во Мк и да бидеш почетник со желба за проширување кога даноците ќе те изедат? Инспекциите па да не правиме муабет.
Како?
А тој кажува како се е розево и Швајцарија, Америка и Германија бетер од нас ги направи.
Океј, у Македонија многу луѓе врзуваат крај со крај. У Америка има цели гетоа каде живеат самохрани мајки со по 4-5 деца само оти не можат да си дозволат контрацепција.
И сега, треба поради таквите неколку семејства да се смени системот? Да бидеме социјална држава? Да се врши државен интервенционизам? Да ги присилуваме луѓето да прават нешто? И ова го зборувам за Америка, каде шо скоро и да ги нема овие работи. За разлика у Македонија
У Македонија секој може да се запише на факултет, секој се запишува, секој оди средно пошто е задолжително, 70 посто одат на пост-дипломски пошто е у мода.

Еве една анализа зошто у Македонија нема амбициозни луѓе кои сакаат да се посветат на себе: пошто растеле они у систем у кој и да работиш, и да не работиш, платата си ја земал. А нивните деца се растени од нив, од такви родители. Затоа и се дешава муабетот: учи сине, да не работиш. А они, ни учат, ни работат. А и да учиш, треба да работиш, само интелектуална работа ќе биде, веројатно.
Немој жити се ти да бараш аргументи.Нова фирма што дава 8000 денари плата не ти е никакво раздвижување на пазарот,таква работа и онака се наоѓаше бидејки тоа е ефтина пара за да си купиш роб.Раздвижување е коа ќе дојде фирма што ќе ја крене платата и стандардот со тоа.
Ова со вработувањето у дрекс ти е како вицот со наркоманот, да ги пребациш кинезите у Америка а американците у Кина и после обратно..нешто да се дешава...
Да, нова фирма шо дава 10 милиони евра у реѓионот не е раздвижување на пазарот и регионот.
Со тоа шо 10 милиони евра ќе се истурат на лебари, таксисти, месари, сендвичари, шо и да е, не е раздвижување на пазарот. Не е конзумирање повеќе. Не е продукција на добра повеќе. Не е отворање повеќе работни места у регионот.
 
се надевам ова не е вториот аканут на битушанец, ниту сте колеги, но ако веќе одговараш, истото прашање важи и за тебе - дали ти живееш или дали некогаш си живеел со 8-12.000 плата со семејство со деца? како бонус прашање, дали по ваша логика министрите, директорите и советниците и други ликови е оправдано што земаат онолкави плати, бонуси, дневници од патувања и членувања во управни одбори, а со оглед на вашата логика дека ги има со лопата да ги ринеш и истите ротираат најголем број на несоодветни области и стручни спреми, а согласно информациите дека за 2-3 состаноци или седници добиваат дури и дупло од платата на оние за кои е темата, а кои го формираат гдпто, извозот, девизниот прилив, вработеноста... Уште ако ги земеме предвид резултатите од тие одбори и советници...
Сум живеел со 12к и тоа со сопруга невработена и две мали деца па еве ден денес сум жив останат во Македонија.
 
Од овој момент натаму прекинувам да читам било што и да напишеш натаму на темава.

Се чувствувам како да се дискутира со било кој е*ен републиканец од САД кој цврсто стои да нема никаква социјална контрола врз она што го работат корпорациите и да нема ама баш никаква заштита за обичниот работник бидејќи истиот е нели, стока.

Тоа е тој расипан капитализам кој толку воспеваната Америка ја однесе надвор од топ20, не, топ50 на сите листи направени во светски рамки направени од релевантни институции, а поврзани со квалитетот на животот.

Истовремено, твоите "мрзеливи хипици [кои] се борат за социјален мир и за минимални плати" направија топ 5 земји за живот - Норвешка, Данска, Шведска, Канада, Австралија.

Де кажи ми на кој проект преку USAID си биден на економска "дообука"?

Не, не мора да ми одговараш.
Те поздравија Хајек и Мизес. И прееска го пишав истото. Нобеловци економисти.

Не, Америка е на ова шо е сега поради тоа шо има држави со по 10 долари минималец. И Сиетл со 15 долари дури. И да не го заборавам Обамакер, ужасно грд проект.

Тие нобеловци економисти ги направија Сингапур, Хонг Конг, Арабски Емирати да бидат рај на земјава. Монако, Лихтенштајн исто.

Каков социјален мир и минимални плати, кога ниедна од наведените држави нема минимална плата? Австралија е една од државите кои се пример за слободен пазар у светот. Си ги помешал страните. Исто како шо си ги помешал и за Америка и капитализмот. Капитализмот неколку пати ја извади Америка од кризи. Обама и неговиот социјализам сега ја враќаат.
Ама пак, си помешал страни.

У Шведска има повеќе нееднаквост у богатството него у Америка, ама ве лажат социјалистите како Шведска е позитивна прикаска за социјална еднаквост и социјален мир.

Шо ќе ми е проект од УСАИД, кога денес постои интернет и слобода на информации?
 
Едно е факт тој што нема фамилија и деца и нема други грижи како ново вработен можеби и може донекаде да биде задоволен инаку во реалноста за возрасен човек оваа плата е навистина мала .

Можеби некои тука од на форумот немаат преживувано со 200 евра месечно, па затоа на долго и на широко ја движиме темава.

Да не се повторуваме впрочем, кој сака, си има аргументи ПРОТИВ не 200 евра, 8000 денари плата. 200 евра ако си го дадеш га*от цел месец без прекин (бидејќи нели дополнителни часа работа + работа во недела = плус пари).

:facepalm:
 
У Шведска има повеќе нееднаквост у богатството него у Америка, ама ве лажат социјалистите како Шведска е позитивна прикаска за социјална еднаквост и социјален мир.

Е сега си ја расипа оценката. По било кој параметар и во теорија и во пракса, Шведска е една од наједнаквите држави во светот. Да не барам сега линкови, ама ова не можев да го игнорирам туку така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom