Затоа што тоа е "фамозната" Груева инвестиција.
Затоа што таа т.н. инвестиција може да си дозволи повеќе, и Грујо е свесен за тоа, а сепак се согласи на 8000ден плата.
Затоа што тоа е секој втор збор на Грујо: "Ете ние што направивме".
Што направивте бе? Ги елиминира постепено сите помали претпријатија, за својот народ даноците растат, за инвесторите даноци нема. Го соголе својот народ, за на крај да му донесе инвестиција со мизерна плата и тоа да му биде најголемата гордост? И после зошто ми пречи.
Океј, таа е фамозната инвестиција на Груевски.
Никој не го има воопшто спомнато Груевски у муабетот, ама ај.
Никој не може да те натера да даваш такви или онакви плати, пошто со тоа ти од старт го тераш на нешто кое не го сака.
Платата ја одредува пазарот и само пазарот. Тоа е најосновен економси факт. Цената на се и сешто ја одредува пазарот.
Еве, јас ги повикувам сите шо работат у Дрексел да си одат, сите 4.000 нека си одат. Ама ако до утре ова време они можат да најдат нови 6.000, не зборувам за 4.000, туку за 2 повеќе, тогаш да, платите ќе останат волкави.
Не се брукај, Алкалоид дава по 30-40.000 плати.
Да, Алкалоид даваат плати од 40.000, ама на инжењери кои се иновативни и работат по цел ден на лекови. Шо не се замараат со работно време од 7 до 3, шо не се замараат со викенди, шо одат по семинари и имаат на главата еден куп титули.
Ете тие зимаат по 40.000 у Алкалоид.
Да не случајно на портирите им даваат по 40.000 у Алкалоид? Или пак на хигиеничарките? Или на обичните техничари со средно школо?
Настрана од политичките води на кратко се обидува да објасни дека денес за да заработиш повеќе пари и за да бидеш успешен а не да останеш на истото треба да се потрудиш повеќе.Ако си итар и снаодлив да искористиш,ако те бива за сопствен бизнис и трговија да искористиш,ако сакаш да работиш друго да искористиш кусеви,семинари и друго образование за надоградба и усовршување како на времето што некои завршиле факултет а другите си работеле и со средно.
Фала богу!
Извини, ајде тоа нека биде за средната класа, која и те како е изгубена во МКД одамна. Но, што е со оние што едвај врзуваат крај со крај, што не можат на своите деца да им обезбедат курсеви и слично?
Што е со онаа младина која работи за да се дошколува?
Снаодлива секако е, штом го гледа излезот од сиромаштијата само надвор од МК.
Како да отвориш фирма во Мк и да бидеш почетник со желба за проширување кога даноците ќе те изедат? Инспекциите па да не правиме муабет.
Како?
А тој кажува како се е розево и Швајцарија, Америка и Германија бетер од нас ги направи.
Океј, у Македонија многу луѓе врзуваат крај со крај. У Америка има цели гетоа каде живеат самохрани мајки со по 4-5 деца само оти не можат да си дозволат контрацепција.
И сега, треба поради таквите неколку семејства да се смени системот? Да бидеме социјална држава? Да се врши државен интервенционизам? Да ги присилуваме луѓето да прават нешто? И ова го зборувам за Америка, каде шо скоро и да ги нема овие работи. За разлика у Македонија
У Македонија секој може да се запише на факултет, секој се запишува, секој оди средно пошто е задолжително, 70 посто одат на пост-дипломски пошто е у мода.
Еве една анализа зошто у Македонија нема амбициозни луѓе кои сакаат да се посветат на себе: пошто растеле они у систем у кој и да работиш, и да не работиш, платата си ја земал. А нивните деца се растени од нив, од такви родители. Затоа и се дешава муабетот: учи сине, да не работиш. А они, ни учат, ни работат. А и да учиш, треба да работиш, само интелектуална работа ќе биде, веројатно.
Немој жити се ти да бараш аргументи.Нова фирма што дава 8000 денари плата не ти е никакво раздвижување на пазарот,таква работа и онака се наоѓаше бидејки тоа е ефтина пара за да си купиш роб.Раздвижување е коа ќе дојде фирма што ќе ја крене платата и стандардот со тоа.
Ова со вработувањето у дрекс ти е како вицот со наркоманот, да ги пребациш кинезите у Америка а американците у Кина и после обратно..нешто да се дешава...
Да, нова фирма шо дава 10 милиони евра у реѓионот не е раздвижување на пазарот и регионот.
Со тоа шо 10 милиони евра ќе се истурат на лебари, таксисти, месари, сендвичари, шо и да е, не е раздвижување на пазарот. Не е конзумирање повеќе. Не е продукција на добра повеќе. Не е отворање повеќе работни места у регионот.