Па мислам дека се мисли на христијанскиот Бог, каков што е опишан во Библијата. Како такон според мене, не постои.
Јас не реков дека убедувате некој да стане верник, реков дека во дебатирањево ве има малку души и дека ви треба малку религиозно "засилување", тоа е се
.
А за мајтапот, човек, затоа стее широко познато дека имате тапа смисла за хумор, или дека воопшто не ја поседувате. Аман, вратете во иста мера со мајтап врз атеистите или кој и да е друг со кој дебатирате, религијата ја сфаќате премногу сериозно. Имате тонови материјал за заебавање на атеисти и еволуционисти, употребете го, јас баш сакам шала на моја сметка :smir:.
Нема такво нешто како атеистичка религија. Самиот поим атеизам значи да не бидеш припадник на ниедна религија.
Сатанистите се верници бидејќи веруваат во Сатаната. Ако го величат за да бидат контра Господ, како тогаш не веруваат во него, во Бог, и неговото постоење? Мора да веруваат во него за нивната филозофија да се темели врз спротивни вредности од тие на христијаните.
Треба малку да ги средиш поимите и термините другар, како и да ги провериш информациите :smir:.
Па другар, не е баш ... еднакво. Но, како и да е.
И ти си верник? Како ја објаснуваш еволуцијата? Или настанувањето и развивањето на човечкиот вид?
Зошто тогаш назив сатанист? Од мода? Ај не заебавај, жити се.
Ако се користи терминот сатанист, тоа е со причина. Бидејќи фокалната точка на обожување и посветеност е резервирана за Сатаната.
Тоа ти што го опишуваш се нарекува self-worship. Вградено е како вредност во повеќе науки и филозофии.
Имаш селфизам (selfism), секуларен хуманизам (secular humanism) (современ) индивидуализам, и ред други.
Ми мешаш поими батка!
Not again! АААаааrrrggghhh !!! :jaj:
Човек, разбери една работа,
НЕ ПОСТОИ нешто како атеистичка религија, тој термин е составен од два крајно контрадикторни збора. Изгледа не сфаќаш што е атеизам а што религија, инаку немаше да си дозволиш да коваш вакви глупости.
Колку што разбрав од ова за Church of Satan, е дека Сатаната се користи како некаков модел на однесување, не како регуларно обожување на ентитет, но обожување на неговата Појава и ..... колку што разбрав - Магија. Значи, можеби не се религиозни фанатици кои поднесуваат жртви на олтар во чест на Сатаната, но сепак веруваат во Магија! Тоа не ги прави атеисти! Атеистите не се склони кон верување во натприродното, барем не најголемиот дел.
Инаку, за разлика од христијанството, од новните кодеци на однесување и етика, забележав дека се согласувам со повеќе одредби (иако се 11 во споредба со 10те Божји заповеди), отколку кај другиве религии. Барем им текнало на сатанистиве да стават 9 - do not harm little children, нешто што нити на христијаниве, нити на муслиманив ене им текнало да стават, затоа муслиманите можат да силуваат 9 годишни девици кои ги земаат за жени, а поповиве христијански, мали момчиња позади некој олтар. Интересно .... сум читал доста работи за разните видови сатанизам, но овој тип прв пат го среќавам, и сум прилично изненаден.
Сепак не постои нешто како атеистичка религија, извини друже, повнимателно со терминологијата следниот пат.
Би било убаво и ти самиот да си го примениш сопствениот совет. не би било лошо, утна ептен со терминологијата.
Опа, од религија скокнавме на филозофија, па сега на граматика!
Подзаборавена темичка, си никнаа постови од секаков вид, ако, нека ми е жива и здрава темава, нека и се множат!
Прилично сум запознаен со граматиката, јас зборев во глобални рамки, каде граматиката не е иста, драга моја .... Зошто сите го карактеризираат Бог како машки ентитет? Зошто зборат во машки род?
Да пробам, чекај ..... "Јас зборувам за Тој, Универзална Свест"..... Некако не иде нели?
"Јас зборувам за Таа, Универзална Свест", еве нешто што на прв поглед повеќе прилега, нели? :smir:
Но сепак, терминот Универзална Свест не може во својата структура да трпи таква определба. Ај пробај eлиминирај ги машкиот и женскиот род од употреба кога го користиш терминот Универзална Свест, а ако веќе мора да користиш некаква родова определба, пробај со среден род, it always works! Trust me!
Ти користиш термин 'Тој', не јас. Затоа и прашањето ти беше поставено тебе. Бог не е ни машко ни женско, туку битие без никаква определба.
Не ми е важен полот, важно ми е да дознаам како размислувате, а дел од тоа ми е да сфатам како можете на омнипотентно битие да му давата човечки родови определби.
Па прашав, тешко дека добив одговор, но во ред е, сега имам повеќе прашања!
YAY!!!