Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    994

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Дали Бог постои?

Дали бог постои? Многу е интересно тоа, дека се одделува толку многу време на тоа прашање. Последните проучувања покажуваат, дека повеќе од 90% од луѓето во светот веруваат во постоењето на Бог или на некоја друга виша сила. Но и покрај тоа, одговорноста да се докаже, по некаков начин постоењето на Бог, паѓа врз оние, што навистина веруваат во тоа. Лично јас мислам дека треба да е обратно.

Постоењето на Бог, всушност, не може да се докаже или отфрли. Во Библијата се кажува дека ние треба да го прифатиме фактот, дека Бог постои со вера: „А без вера не може да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ги наградува оние кои Го бараат.“ (Евреи 11:6) Ако Бог посака, Тој може да се појави и да докаже на светот дека постои. Но ако го направи тоа тогаш нема да има потреба од вера. „„Исус му рече: „Поверува зашто Ме виде. Блажени се кои не виделе а поверувале“ (Јован 20:29).

Но тоа не значи дека не постојат докази за постоењето на Бога. Библијата кажува: „Небесата ја раскажуваат божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. Денот на денот му го објавува тоа, а ноќта на ноќ ј соопштува. Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас. Нивната вест се рашири по целата земја, а нивните зборови до крајот на вселената.“ (Псалм 19:1-4) Кога ги гледаме ѕвездите на небото, кога се обидуваме да ја одгатнеме бескрајността на вселената, кога ги набљудуваме чудата на природата и убавината на залезот – сето тоа ни зборува за Создателот Бог. И ако тоа не е доволно, самото наше срце зборува дека постои Бог. Во Проповедник 3:11 се кажува:„... им ја всади вечноста во нивните (човечките) срца...“ Длабоко внатре во нас ние разбираме дека постои нешто надвор од овој живот, дека има некој што е надвор од овој свет. Можеме да го негираме тоа знаење со нашиот ум, но Божественото присуство во нас и покрај нас продолжува да постои. Покрај сето тоа, Библијата не предупредува дека ќе има некои, што ќе го негираат постоењето на Бога. „Безумниот рече во своето срце: Нема Бог!“ (Псалм 14:1) Откако над 98% од луѓето во историјата на човештвото, во сите кутури, во сите цивилизации, на сите континенти веруваат во постоењето на некаков Бог, би требало да има нешто (или некој) кој го создал таквото верување.

Како дополнување на библиските аргументи за постоењето на Бог има и логични аргументи. Првиот од нив е онтолошкиот аргумент. Најпознатата форма на онтолошкиот аргумент како база го користи терминот „Бог“ како доказ за постоењето на Бога. Тој аргумент почнува со дефинирањето на Бога како „нешто поголемо и кое неможе да се зачне“. Потоа се тврди, дека да се постои е поголемо од тоа да не се постои, следува дека најголемото суштество треба да постои. Ако Бог не постои тогаш не би можел да е најголемото суштество, но тоа би противоречело на дефиницијата за Бог. Вториот е телеолошкиот аргумент. Телеолошкиот аргумент тврди, дека откако во вселената има таква учудувачка замисла, би требало да има и Божествен Проектант, Кој го создал. На пример ако земјата беше со неколку стотини километра поблизу или подалеку од сонцето, тогаш немаше да има услови за живот таков каков што го гледаме денес. Ако односот меѓу елементите во нашата атмосфера беше само со неколку проценти поразличен, секое живо суштество на земјата би умрело. Веројатноста еден едиствен молекул да се создаде случајно е 1 према 10²³³(Тоа е 10 со 243 нули). А една клетка се состои од милиони протеински молекули.

Третиот логички аргумент во поткрепа на постоењето на Бог е космолошки аргумент. Секоја последица е родена од некаква причина. Оваа вселена и се што е во неа е последица. Така да би требало да има нешто, што го предизвикало нивното постоење. И се разбира, би требало да има нешто, кое е „не причинето“, и кое да е причината за се останато. Тоа „не причинето“ нешто е Бог. Четвртиот аргумент е познат како морален аргумент. Секоја една култура во историјата има некаква форма на закон. Секој човек има чувство за тоа што е добро и што зло. Убиството, лагата, кражбата и неморалноста се работи, кои сите култури ги негираат. Од каде доаѓа тогаш тоа чувство за добро и зло ако не од Еден Свет Бог.

Покрај сите тие аргументи, библијата јасно ни кажува дека луѓето ќе го отфрлат неспорното и јасно знаење за Бога, и наместо тоа ќе поверуваат во лагата. Во Римјани 1:25 се кажува: „Нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин!“ Библијата исто така, тврди дека луѓето немаат извинување за тоа дека не веруваат во Бога: „Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божество, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите.“ (Римјани 1:20)

Луѓето тврдат дека не веруваат во Бога зашто не е „научно“ или зашто „нема докази“. Вистинската причина е дека кога еднаш ќе признаат дека има Бог, тие треба исто така да осознаат дека се одговорни пред Бог и имаат потреба од Неговата прошка. (Римлјани 3:23; 6:23) Ако Бог постои, тогаш ние ќе одговараме за нашите постапки пред Него. Ако Бог не постои, тогаш ние ќе можеме да правиме сè што ќе поскаме, без да са плашиме за тоа дека Бог ќе не суди. Мислам дека точно затоа теоријата за еволуцијата се прифаќа од толку многу луѓе од нашето општество – зашто им дава алтернатива на верата во Создателот Бог. Бог постои и секој го знае тоа. Самиот факт дека некои толку агресивно се обидуваат да го отфрлат Неговото постоење, сам по себе е аргумент во корист на Неговото постоење.

Најдобриот доказ за тоа дека Бог постои е тоа што Тој го создал: „Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор“ (Римјани 1:20) „Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го известува делото на Неговите раце.“ (Псалм 19:1)

Ако најдам рачен часовник на полето нема да прифатам, дека тој едноставно така се „појавил“ таму од ништото или дека отсекогаш постоел. Ако го разгледам механизмот на овој часовник ќе претпоставам, дека има некој, што го проектирал. А во светот околу нас јас гледам и наоѓам многу поголема прецизност и замисла. Нашето мерење на времето не се базира на часовници туку на Божјото дело – редовното вртење на земјата (и радиоактивните својства на Цезиум 133 атом). Вселената ја открива својата голема замисла, кога зборува за тоа дека постои Еден велик Проектант.

Ако откријам некоја кодирана порака јас ќе побарам некој криптограф, кој да ми помогне да го дешифрирам кодот. Јас ќе претпоставам, дека некој интелигентен човек ја испратил оваа порака – истиот тој, што го создал самиот код. Колку е комплициран ДНК кодот, кој го носиме во секоја клетка од своето тело? Постоењето на таков комплициран код, како и неговата цел бара постоење на Еден Интелигентен Автор на кодот.

Покрај тоа, што Бог создал еден комплициран и добро уреден свет, Тој поставил во срцето на секој човек чувство за вечност (Проповедник 3:11). Човекот има вродено чувство, за тоа дека постои нешто многу повеќе од тоа што гледаат неговите очи – нешто повеќе од сивото секојдневие. Нашето чувство за вечност се покажува преку две работи: создавањето на законот и обожувањето.

Секоја една цивилизација, во историјата на човештвото, почитува конкретни морални закони, што страшно многу си личат едни на други, иако се од различни култури. И така на пример идејата за љубовта се почитува насекаде а пак лагата се негира од сите. Овој широко прифатен морал, глобалното разбирање за доброто и злото, посочува кон едно Врховно морално Суштество, што ги воспоставило овие морални принципи.

Исто така и луѓето по целиот свет, без разлика од својата култура, создале некаков систем за обожување. Самите објекти на тоа обожување може и да се различни, но чувството, дека постои „виша сила“, несомнено е дел од човечката природа. Нашиот стремеж да обожуваме, одговара на фактот, дека Бог не создал „по Свој образ“ (Битие 1:27).

Бог се открива преку Своето Слово – Библијата. Насекаде во Словото, постоењето на Бога се прифаќа како очевиден факт.(Битие 1:1; Излез 3:14) Кога Бенџамин Франклин ја напишал својата Автобиографија, тој не си го загубил времето за да го докажува своето постоење. Така и Бог не одделува многу време, за да го докажува Своето постоење во Својата книга. Суштината на Библијата што променува животи, нејзината целосност, како и чудата што настануваат при нејзиното пишување, би требало да се доволна причина да ја проучуваме позадлабочено.

Третиот начин, по кој Бог се открива е преку Неговиот Син Исус Христос ( Јован 14:6-11) „Во почетокот беше словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог... И Словото стана тело и се настани меѓу нас.“ (Јован 1:1, 14) Во Исус Христос „...живее сета полнота на Божеството.“ (Колосјани 2.9)

Во својот зачудувачки живот, додека е на земјата, Исус го запазува целосно старозаветниот закон и ги исполнува сите пророштва за Месијата. (Матеј 5.17) Тој изврши безброј дела како одраз на Неговото соочувство кон луѓето. Тој извршува и многу јавни чуда, за да ја докаже вистинитоста на Својата порака и Својата божественост. (Јован 21.24-25) И тогаш, три дена после Неговата смрт на крстот Тој воскресна од мртвите – факт што е потврден од стотина сведоци (1 Коринтјани 15:6) Постојат изобилно многу историски „докази“ за тоа кој е Исус. Како што апостол Павле кажува: „...зашто ова не се збидна во некој агол.“ (Дела 26:26)

Знаеме дека секогаш ќе има скептици, што ќе ги претставуваат секогаш своите сопствени погледи за Бог и ќе ги гледаат со недоверба сите докази. Ќе има и такви, што никогаш нема да бидат убедени во вистината, без разлика на тоа колку докази ќе им се предостават. (Псалм 14:1) Зашто се е прашање на вера (Евреи 11:6).
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Толку е очигледен што не можеш да го видиш. А мене ме гледаш а...
Не постои Бог издвоен од нас.
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Само ова ќе ти го болдирам :
Знаеме дека секогаш ќе има скептици, што ќе ги претставуваат секогаш своите сопствени погледи за Бог и ќе ги гледаат со недоверба сите докази. Ќе има и такви, што никогаш нема да бидат убедени во вистината, без разлика на тоа колку докази ќе им се предостават. (Псалм 14:1) Зашто се е прашање на вера (Евреи 11:6).
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Само ова ќе ти го болдирам :
Знаеме дека секогаш ќе има скептици, што ќе ги претставуваат секогаш своите сопствени погледи за Бог и ќе ги гледаат со недоверба сите докази. Ќе има и такви, што никогаш нема да бидат убедени во вистината, без разлика на тоа колку докази ќе им се предостават. (Псалм 14:1) Зашто се е прашање на вера (Евреи 11:6).
паметна мисла/извадок....библијата е напаѓачка против другите вери и неверници, а воедно има и добра одбрана..

за тоа и симињам капа, што успева да ве “прелаже“ толку многу :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Wolver1nE; напиша:
Но и покрај тоа, одговорноста да се докаже, по некаков начин постоењето на Бог, паѓа врз оние, што навистина веруваат во тоа. Лично јас мислам дека треба да е обратно.
Грешка си, никаде во овој разумен свет не се бараат против нечиво постоење, туку се бараат докази за постоење.
Затоа се бараат докази дека Неси од Лох нес постои, дека гремлините, самовилите, петар пан постојат.

Се сметаат за непостоечки се додека не се доведе конкретен доказ.
Да беше постапката обратна , каде што би требало да се изнесат докази против нечиво постоење, тогаш секој кој сака ќе измисли нешто и тоа треба да се прифати за факт, само затоа што тој го измислил, или треба и да даде некој доказ за постоење на тоа што го тврди.

Постоење на зборот, не подразбира постоење,кога последен пат виде минотаури?
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
Само ова ќе ти го болдирам :
Знаеме дека секогаш ќе има скептици, што ќе ги претставуваат секогаш своите сопствени погледи за Бог и ќе ги гледаат со недоверба сите докази. Ќе има и такви, што никогаш нема да бидат убедени во вистината, без разлика на тоа колку докази ќе им се предостават. (Псалм 14:1) Зашто се е прашање на вера (Евреи 11:6).
Кои се доказите дека постои бог?!?
..Јас не верувам дека постои!...БОГ??? што прави тој?!!!
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Si[M]onA;3142152 напиша:
Кои се доказите дека постои бог?!?
..Јас не верувам дека постои!...БОГ??? што прави тој?!!!
Семоќна небесна силуета која гледа секаде, али слуша само во црква.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
според сите сознанија досега што ни се дадени и сите така чудни случки кои се случуваат од некоја виша сила за некого се деоволни да веруваат во Бог но секако има и такви што не им се доволни тие значи разлози кои ни се дадени до сега можеби причината е тоа што се недоволно едуцирани ....... во смисла на тие прашања или пак едноставно не им се доволни тие разлози да веруваат во неговото постоење
но сепак мислам дека ако се тргне од тезата дека се претходно што знаеме и го избришеме тоа и започнеме да се анализираме ние што сме пример јас како јас се определувам дека сум само нешто но нешто кое има способност да мисли значи доаѓаам до тоа дека имам некаква способност и дека мислам а доколку мислам јас вооедно и живеам односо постојам тука и доколку ги анализираме сите овие нешта да не должам многу ..... би дошле до заклучок дека се што постои има некоја причина и дека е создадено значи од нешто кое мисли а значи и постои и кое е посовршено од нас..... па можеби тоа посовршено е некоја виша сила или пак Бог..
 

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
мене дома ме учеа дека бог е во мене и кога ми треба негова помош да си се помолам во себе....

а инаку незнам дали е дозволено на темава да се постира видео со песна, али во песнава мн добро кажува за Бог во современово општество "I'm 'bout ninety-nine, but I need a hundred percent proof "


ако е забрането вака да се постира песна слободно нека се избриши постов
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
мене дома ме учеа дека бог е во мене и кога ми треба негова помош да си се помолам во себе....
Две раце што работат прават многу повеќе од две раце што се молат..

Не викам дека бог не постои, али не викам ни дека постои.. Али па ако ми гори мене куќата, сигурно нема да клекнам на колена и да се молам да ми ја изгасне..
 
A

ateist

Гостин
Wolver1nE

си ставил потпис

Се колнам во верата, совеста и честа дека ќе работам за ослободување на Македонија...АМИН

и што џабе докажуваш дали постои битие Бог кога не го почитуваш

Матеј: 5:34 А Јас ви велам: не колнете се никако; ниту во небото, зашто е Божји престол;-- рекол Исус

Јаков: 5:12 А пред сè, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга клетва! Вашето „да”, да биде „да”, а вашето „не” - „не”, за да не паднете под СУД.
..

.
како што може да прочиташ ти си поголем неверник од секој атеист
за тебе е подобро да непостои оти ти би наебал повеќе од секој атеист :pos:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Колку вери толку богови оти ако е само еден од каде толку вери??????
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Колку вери толку богови оти ако е само еден од каде толку вери??????
Епа и Windows е еден али има и 98 и 2000 и XP па после беше Vista па сеа е 7цата....Некои уште останаа на 2000, некои на XP па и на Vista. Што како му одговара нему најдобро.
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Само ова ќе ти го болдирам :
Знаеме дека секогаш ќе има скептици, што ќе ги претставуваат секогаш своите сопствени погледи за Бог и ќе ги гледаат со недоверба сите докази. Ќе има и такви, што никогаш нема да бидат убедени во вистината, без разлика на тоа колку докази ќе им се предостават. (Псалм 14:1) Зашто се е прашање на вера (Евреи 11:6).


Што ли ќе се слушаше овој совет да го слушаше целата наука :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom